1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишниот одмор на просечната македонска жена

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Gosh, 1 мај 2017.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Сега ти одиш во крајности, од инат само :D
    Еве го постот, кој се надевам е и идентичен на оригиналот, оти беше бришан, па додаван (од не знам кои причини) и што сега сакаш да кажеш.
    Ова е генералната слика на македонска, сиромашната жена?
    Ова е јадно и тажно и патетично.
    Кој тоа ќе и се смилува па ќе јаде гиро, кој тоа пере гаќи и чорапи на раци?
    Ова е крајност!
     
    На azelea, Abeja, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Лајкот ти е оти ме насмеа, од „интенцијата“ па до точката на крајот од мислата.:D Да речеме дека, интенцијата на Гош била да се коментира живутарењето на просечната македонска мајка - работничка на одмор. Оти да машкиот род се осеќа деградиран, само оти сака да ја спомне нееднаквоста (Ако тоа било интенцијата) во прераспределбата на обврските за време на еден таков - патлиџан-турс одмор? Оти освестените мажи, кои си ги знаат силите, си го знаат буџетот за 10 дена уживање на Халкидики или каде год, и соодветно, знаат дека за да се мине со тој буџет, нема вино и кафана туку, мора да се готви, соодветно да се раскрева, мие.... па немаат проблем да барабар со своето женче го прават тоа - вртат скара, фрлаат јајце-две во тава, вртат палачинки, љуштат и дробат краставици, домати... рендаат сирење, го носат пивото и се грижат да не се стопли.. се' на се', си скратуваат од раатлукот, од лежгарењето на лежалка или во вода за да појдат и го направат сево ова, демек, да ја одменат чат-пат својата сопруга, се наоѓаат повикани,деградирани, изненаџени и увреџени...дека, таму некаде, се' уште постојат Македонци (и генерално мажи), кои, не го прават тоа. Дека таму некаде,има мажи кои очекуваат жената да донесе, да принесе, да раскрене...дури и за време на тие единствени 10 дена одмор... кои, не си кратат од раатлукот туку, оставаат на својата жена и се во состојба да ја исцрпат до последен здив?

    Преперуваме купаќа:D флека затрлуваме...да не остане, после, кој ќе ја трља дома,кујзнае десет дена потоа, откоа ќе се закорави и ќе изникнат габи по неа... ќе се извади ли?:whew::P
     
    Последна измена: 5 мај 2017
    На ivi1987, Nausicaa, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не знaм зoштo зaпрепaстени, реaлнoст е зa мнoгуминa, oсвен зa oние штo вaкви примери ни нa филм не виделе.
     
    На Bankarkata, Gosh и Nausicaa им се допаѓа ова.
  4. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Толку многу се искомплицира дискусијата од толку очигледна поента, јас ама уопште не го сфаќам како навреда кон некој или како мешање у туѓ живот, кажано е како констатација, реалност али жена ако не искомплицира не е жива.
     
    На Bankarkata, Lella, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Не е точно.
    Постојат примери вероватно, тоа пишав веќе ама генералната слика не е таа.

    Не е поента во тоа кој колку има, заработува и троши, поента беше во деградирачка слика на македонска жена. Од кој век се вакви примери?
    Вероватно постојат, како и секаде сешто што постои, ама кога и каде да одев во последните години, а одев на просечни места, со просечни луѓе, никаде не сретнав ваков понижувачки третман. Чуј ако имала среќа ќе и се сожалат па ќе и купат гиро. :doh:
    Да, вероватно можам да кажам уште само на филмови постојат.
     
    На azelea, Giovanna, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Oк, тaмaн е.
     
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    За чистење нема потреба да се дискутира. Нормално ќе фатиш ќе исчистиш, ќе изметеш песок, ќе поминеш плочките со џогер после туширање, ќе поминеш алишта под вода, ако треба нешто ќе испереш (лично јас перам веш, колку и да носам). Па тоа не е умор, или некој да ме жали поради тоа, тоа е лична хигиена. Многу ми е поубаво кога е чисто и се е на место, отколку сум дошла да одмарам. За јадење е индивидуално. Некој ден ќе поминеш со готвено (најчесто инстант). Многу ме нервира кога некој вториот ден ќе посака готвена храна, од типот манџи, па ајде тоа мора да му се исполни па мириса се на манџовина. Па кога си на одмор знаеш отприлика што те чека, можеш да се стрпиш малку. За со деца сигурно е потешко. Прво ќе гледаш за нив се да им биде удоволено и ќе трчаш по нив. Многу е битен мажот, воопшто во се. Мислам се подразбира дека треба да учествува во сите обврски без да се жали, оти не треба да има моја и твоја работа, ако е така сте го утнале мажот и животот.
     
    На eli25, Bozica1980 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ок, ајде од почеток. :)
    Едноставно сакам да разберам и да се поврзам со луѓето, и ете она #ијассумГош на @Someonespecial ме предизвика.

    @Gosh , уште еднаш те означувам и нема веќе ветувам.
    Ако погледнам во твојот воведниот пост таков каков што е, без други додатни твои постови, добивам слика на жена која работи, можеби за 200 евра што е ништо, ама сепак работи, и сама допринесува за домот.
    Се оддлучуваат (или спрема постот мажот оддлучува да се оди на море, за тој да ужива со заеднички спечалени пари, така изгледа нели)
    Значи, жената е потчинета на мажот, нема своето јас (иако работи и е смешана со луѓето, значи не би требало да е 'затуцана' ама...), нема своја волја, не и е дозволено да донесува сама одлуки, туку прави што и се каже, така?

    Сега ќе продолжам општо да не испадне да донесувам заклучоци за нечиј живот:

    Ако навистина е ова реалност за некои млади луѓе, а морат тоа да го 'трпат' бидејќи ете се под родителски кров, немат своето лично семејство, што да кажам освен дека ми е жал. Навистина искрено ми е жал што е така.
    И во ред е да некој не сака таков одмор. Затоа памет во глава и гледајте што не сакате да барате, бирате и/или станете.
    Ама, цела оваа збрка не е од тоа што ова е и може да е нечија реалност, туку погрешно е да се рече дека Е општа реалност, бидејќи не е.
    Не е моја, не е на моето окружение, не е на овие жени тука што пишувале и што се најдоа испровоцирани.

    Ако продолжам со заклучоци од воведен пост на темава ми иде слика пред очи за семејство од, да речеме источна Македонија ( сега некој да не се навреди ама ајде таму има многу конфекции со плата од 200 евра) кое секоја година оди во кампови во Грција, готват манџи секој ден, перат алишта, носат патлиџани и пиперки од тука, и да - познавам такви луѓе, ама разликата е во тоа што они одат на такви одмори уште од времето, тоа им е ко традиција, уживаат во тоа, не знаат и најбитно од се- не сакаат да знаат за поинаку!
    Се зезаат, смеат, играт карти, јадат манџи, се дружат со други луѓе од кампот и дури и во подобрите времиња кога можеле да дозволат повеќе и поинаку тие пак се оддлучивале за оваа варијанта оти ете - уживаат!
    Е сега тука никаде нема таков понижувачки третман кон жената, освен она што самата жена избрала, била така воспитана и пак избрала таква да остане (оти се е избор. И нечија наметната волја е избор дали ќе ја прифатиме и останеме во неа) или она каква е нашата лична перцепција на целата слика.

    Да сум во тие години и ситуации и да не можам да оддлучувам, можеби би и самата кажала дека ми е смачено од тоа и дека нејќам веќе така. И тоа не е лошо.
    Можеби би само можела да го сменам светогледот и очекувања и да најдам начин да уживам и во тоа затоа што ќе верувам дека нема сепак да трае вечно, или едноставно да не одам ама да се извлечам од црнилото на мојата реалност, бидејќи идната реалност не мора и нема да биде таква!

    Сите имаат избор пред себе, само не треба да се донесуваат заклучоци за светот врз основа на она што ние го живееме во моментов.
    Сегашноста, а ниту минатото никогаш не ја одредува нашата иднината.

    Вистина е дека менталитетот на патријархално воспитување е на 'изумирање' да речам, јас не се сретнувам со такви примери, ама ете не тврдам дека не постојат, светот останува на младите генерации и тоа е тоа. :)
    Нема разочарување, откажување, црни погледи на сите и се околу нас, има подобро, може подобро, само да не газиме другите околу нас верувајќи дека сурова реалност е таа и нема промена.
    Едноставно не можете да кажете ете реалноста е таа и така лесно да се прифати тоа. Не е и нема да биде.

    Исто да додадам: Да сум во млади години во ред ќе ми биде и да штедам ако треба неколку години да одам на Тајланд например, ама од оваа перспектива погледите ми се променети и приоритетите исто така и нормално е две генерации да имаат различни погледи. За мене штедење неколку години во овие МОИТЕ околности е рамно на лудост и глупост.
    Затоа секој со своето и во своето време. :)
     
    На azelea, bittersweet, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до одмор на Тајланд, цените воопшто не се вртоглави и многумина можат да отидат таму. Не знам дали знаете за туристичката агенција I Travel, ама еве колку чини задоволството наречено Тајланд:

    TAJLAND / PUKET
    Primer perioda 11 dana/ 10 noći, jun
    Cena od 625 €

    Таму храната е неверојатно евтина, кириите исто, па луѓе од целиот свет кои се freelancer-и одат да живеат таму и таму ги трошат парите.

    Едит:
    Uključeno: avio karta sa svim taksama, hotelski smeštaj, povratni transfer
    Nije uključeno: viza 35-55 €
     
    На Doozy, *Amethyst*, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Ај да се вратиме на првичната идеја на темата кога веќе се кажа сè што можеше да се каже. Мислењево беше напишано во СДК како генерално коментирање (да, има генерализација и затоа 90% од вас се навредија), беше очекувано и да речеме, мораше да се извади како посебна тема, а притоа @Gosh немаше можност да се дообјасни во воведот и подетално да објасни за што не се однесува постот (та не знам болни деца се спомнуваа нешто, триста работа а што ако вака, што ако така...) И не, не ја бранам бидејќи е модератор, туку бидејќи не беше фер што не ја ислушавте.

    Е сега, топ 2 аргументи во темава:
    1. Просечната македонска жена не е таква, кај изнаоѓате вакви примери, во изумирање се.

    Просечна пишува во насловот и во сите други мислења на темава, освен првото, а насловот не беше напишан од Гош, како што кажав веќе. Пак ќе кажам, не беше наменето да биде вовед на тема за дискусија и затоа е напишано поагресивно, а не sugar-coated и можеби е претерано, ама тоа не треба да ја извртува целата поента, идејата е таа.

    2. Да зачистиш, пропереш, измиеш, приготвиш, заметеш (префикси евривер :D) е лична хигиена.
    ... која треба да ја извршува жената по дифолт?
    - Ама не, мојот маж ми помага. Ти помага? Tоа ми е зборот. Тоа ѝ беше и на Гош зборот. Таа го искоментира менталитетот кој една жена го има во однос на овие работи. И навистина жалам, ама на темава прочитав многу ми помага околу децата, ми помага со садовите, помага во обврските... Колку и да учествуваат мажите во тие работи, ние сепак го имаме тој ментален склоп дека тие работи се на жената, а мажот штом учествува во нив, значи дека жената направила добар избор. Зацртано ни е во главите уште од мали дека жената е таа на која паѓаат обврските, а колку ќе „добие помош“ од мажот е нејзина работа, како таа си наредила.
    Тоа е проблемот, тоа требаше да се дискутира кога веќе се отвори посебна тема, а не патлиџан-одмор секоја година или Тајланд once in a lifеtime.
     
    На ivi1987, Annath, eloves и 11 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Вака, ако планиравте да направите тема за феминизам, можевте нов воведен пост па да преместувате мислења.
    Упорно не’ убедувате дека извртивме, а всушност отпосле се изврти темата кон феминизам. Почетното мислење е јасно и гласно наменето за одморите на сиромашните. Прочитајте ја повторно првата страна.

    - Гош го лајкнава второво мислење, значи се согласува?
    Епа сега што е темата, феминизам или сиромаштија? Почетокот вели едно, а што е извртувањето?
    Ај ви се молам, не ме нервирајте! :D
     
    На azelea, YoungandBeautiful, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam ...или во случајов, кога еден модератор држи страна на друг модератор, со тоа што ги демантира сите претходни коментари, со коментар кој е целосно содржан само во кометарот на скај над него, и всушност сите ние горе долу истото го потенциравме само со други зборови. Оксиморон.

    Башка што насловот на самата тема е толку генерален и опширен што дефинитивно остава простор да се расправа за се што влегува во годишен одмор.
     
    На Abeja, *Amethyst* и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку тешка филозофија кажа Гош, па да се разбере или не. Единствено може различно да се доживее. Да беше содржината иста, но со повеќе емпатија, а помалку потсмев, приказната ќе беше поинаква.
    И не мора ни да се пронајдеш во жената од првиот пост, доволно е само да се сочувствуваш со луѓето со егзистенцијални проблеми (односно сиромашната македонска жена). Затоа што животот е тркало особено во ова несигурно време - едно лето може да си ол инклузив, а следното да лупиш компири во Паралија. Значи реакцијата беше бурна бидејќи беа засегнати социјалните проблеми на денешницата, што ретко некој некој може да го остави рамнодушен. Може мене било што да ми падне на памет, ама пред да го напишам на форум треба да помислам како би го доживеале другите. По некое непишано правило мислам дека не во ред да се коментира нечиј социјален статус.
    А и ти @Lella добро знаеш дека постот на Гош следеше по твојот не помалку навредлив опис на прославувањето на Први мај, според кој мажите пијат пиво и нешто ко џаболебарат покарај поток, а кутрите жени дробат салата.

    До менталитетот било, до воспитувањето...Да видите како парите го менуваат менталитетот, во зависност од тоа дали ги имаш или не. И тоа нема врска со еманципацијата, самосвесноста на жените, феминизмот-кога немаш пари, немаш. Сакал-нејќел мора да се снаоѓаш, да импровизираш, или големата изрека на мојата мајка - од едно две да правиш.

    Е сега ако и мажите ги искомбинираме овде, испаѓа дека мажот со длабок џеб кој овозможил ол инклузив и според тоа нема потреба да помага на одмор (или дома), автоматски е подобар сопруг од оној кој еве оди на одмор во кој би требало да ги дели обврските со жената, а не го прави тоа. Иако еве по карактер се исти, но првиот парите на еден начин го покриваат. Не е фер така ако и двајцатa се исти.

    Што се однесува до мене, имало ситуации да шетам низ улиците на прекрасни европски градови, но не сум била со моите блиски. И покрај сета таа убавина, не сум чувствувала среќа и задоволство. А имало ситуации кога со моите сум седела на ќебенце покрај поток, сме јаделе печена кокошка и патлиџани од дома и потоа лежејќи и гледајќи кон небото сум се почувствувала бескрајно среќна.
     
    На Annath, galapce, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Оф-топик:
    @LivingGlam, @Yowannty и останатите, ајде кажете што всушност сакате? Да се избрише темава, @Gosh да ви се извини лично на секоја посебно, да престане воопшто да пишува на Фемина, што?

    Разбирам дека некоја дискусија удира во болни точки ама па темава повеќе наликува на виртуелен линч отколку на размена на мислења.
     
    На ivi1987, galapce, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Не е работата да се избрише темата, ни да се извине.
    Работата е што упорно се извртува и се ,,правди,, .А сите ни е јасно што сакаше да каже и колку дрско и безобразно беше напишано.

    Небитно... Арна си е темата за дискусија.
     
    На eli25, Abeja, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa Ниту да се избрише ниту да се извини. Јас лично не се осетив навредена, јас дискутирам како и сите други тука.
    И како што кажа Дафи, кога ќе се собере 2 и 2 и модераторите уствари се тие што сакаат да ја избришат, да не биде изговорот дека ние сме се нашле увреџени и сме ја извртеле, кога темата сама захтеваше "анализа" од различни аспекти.
     
    На *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @duffi, кој се тоа тие „сите“? Ете јас ништо безобразно не видов во првото мислење, ниту пак го видов „правдањето“ во наредниот пост на @Gosh. Мене ми се допадна нејзиното мислење и се согласувам со тоа што го има напишано.

    @Yowannty, јас ова баш и не би го нарекла дискусија. И токму моментот што се удри по модераторите кои изразија согласност со ставот на Гош убаво ја потенцира нетрпеливоста која моментално владее на темава :)
     
    Последна измена: 5 мај 2017
    На ivi1987, galapce, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa :)
    Шо знам, мене ми е дискусија.
    Ја не удрив по никој модератор, ја потенцирав дека модераторот сакајќи да оправда друг модератор ги демантираше нашите мислења со свое мислење кое малтене е исто ко нашите. Што само по себе е оксиморон.
    Еве ти кажи ми, што модераторот пиша, а е различно и не е до сега напишано по нашите коментари? :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    А може ли да не ги повикувате модераторите поради нивната функција? Мешате нешто што нема потреба да се меша.
    Прво Гош не е веќе модератор, така што ви нема смисла муабетот, второ изразиле мислење како членови во тема.
    Ако имате на нешто да реплицирате, ве замолувам да реплицирате на мислење, а не да имплицирате нешто сосема непотребно. :)
     
    На galapce, iloveyou29, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Можеби требаше да напишам повеќето. Ете грешка се изразив. Мене не ми се допадна и си искажав свое мислење , како што вие го кажавте вашето.
    И пак ќе кажам навредувачки е да се смееш за некој кој зема 200е плата и стојам на тоа. Иако суштината не беше таа, беше спомнато.

    Толку од мене на темата.
     
    На Bozica1980 и joy1 им се допаѓа ова.