Да речеме дека не е ни толку битно која била иницијалната намена на темата - потценување на сиромаштијата или обесправеноста на жената, сеедно - уште на првата страница, на сите им беа предочени две можни насоки во кои ќе се одвива дискусијата (истите кои ги споменав претходно): погодете која насока ја одбраа повеќето членови? И ако, според мислењата на некои членови кои се изјаснија тука, потчинетоста и обесправеноста на жената во семејството е ствар на минатото и нешто што денес не постои во Македонија (а многу би ми било мило ако навистина е така), а од друга страна, коментирањето за тоа како некој друг одлучил да си го помине својот годишен одмор и да ги потроши своите пари претставува берење туѓо гајле и пикање на носот во туѓи приватни работи, се поставува прашањево зошто воопшто толку голема потреба да се коментира на темава? И за што всушност се испишаа цели 13 страници?
Од драма во драма се влегува значи. Какво бришење, каков линч, какви бакрачи. Насоката на темата почна да се разгранува спонтано. Дали лично сме биле засегнати, дали сме биле емпатични, или сме се поврзале со некое лично сведоштво или искуство, не е ни важно. Да го тргнам за момент форумов на страна, невкусни или снобовски коментари како што се изразив и во првото мое мислење имам слушнато мал милион за тој фамозен патлиџан туризам. Не од аспект на феминизам, не од аспект на она што велите дека не сме разбрале тука, туку баш од чист потсмев, омаловажување и мешање во туѓи сметки. Кој како оди на одмор, кој како, зошто и дали штеди си е негова работа. Убедување меѓу нас дали едното или другото е попаметно исто е бесполезно и беспотребно. Ама дискусијава освен што е малку пожестока и удира сентиментална жичка, според мене е сосема во ред. Ниту сакам и очекувам некој да се извини, ниту ќе обележам некој за навек. Гош си има океј ставови за други теми, често и се согласувам, ама за овој ете не се разбираме. И сега да молчам ли и да не дискутирам во име на тоа што сум и лајкнала милион мислења до сега? Е баш вака, со тоа фаворизирање или форумско злопамтило се губат квалитетните дискусии.
Реин, ја следам темата од почеток. Како кажав и претходно воведен пост беше поставен, па избришан, па поставен, па се бришаа мислењата, па се насочува темава во друг контекст и се обвинува како муабетот е извртен. Од модераторите. Е затоа. Сметам дека не беше непотребно повикување, па како сакате. И Гош тогаш се уште беше модератор. И од мене толку на темата. Што ќе пишувам кога веќе се е кажано. Напишано- не разбрано, со желба за да не се разберат некои нешта. Модераторите нека си пишуваат
Се воздржував да искоментирам бидејќи многу ми се драги членкиве што го почнаа муабетот за нас модераторите, но чувствувам потреба да се објаснам Ние како модератори сме истите тие личности како до пред поставувањето на функцијата. Не е баш во ред спрема нас тој муабет, како да ги прилагодуваме ние нашите ставови кон тоа што пишал друг од тимот Ако нè читате редовно одамна мене, Бендер и Лела особено (што пишавме всушност овде), би требало да знаете дека сме истомисленици со Гош во многу теми, во нашиот поглед кон животот малтене во целост, во идеологија да речам - во која спаѓа и феминизмот, а токму тоа го гледаме во нејзиниот пост. Таа го напиша постот во период кога уште беше модератор. Да го пишеше било кога пред тоа, јас гарантирам дека на ист начин би го разбрала. И сега кога се откажа од модераторската функција исто го читам. Милион пати да го прочитам, не би го разбрала како што сте го разбрале мнозинството на темава Eдноставно, до различни гледишта е, модераторската функција нема никаква врска тука. Се извинувам за офтопик, слободно продолжете си со дискусијата.
Гош баш тогаш беше тргната од модератор, а се имаше откажано уште и претходно. А и небитно (дури и да станува збор за модератор), не ми ја разбираш и ти поентата, они дале мислење исто како и вие, не кажале ништо како модератори, напишале како членови. Како модератори може да ве предупредат за нешто, да ви посочат некое правило ако е прекршено. Друго неповрзано си дискутираат како членови, па така и треба да им реплицирате. Мислењето е тоа, истото (цитирано е подолу во постови), потоа дали се извртело низ муабетите е друга работа зашто секој еден кој дал свое лично видување допринел за текот на дискусијата. Се надевам бев појасна.
Епа ова тоа што зборам. Хотелите што ги нудат во овие понуди се третокласни ко пансиони кај што може да те стават и на душек да спиеш, и пак треба да мислам за јадење и да мачкам паштети. А тоа дека не е некоја дестинација која е невозможно да се достигне не е точно. Не штедам за таму пак да бидам во никаков смештај без ништо во сред Банкок 100км од плажа, штедам за да можам да си дозволам рисорт ол ин на Пукет и да не ме боли глава за ништо, како и да ги искусам сите атракции што се нудат таму,а не ај со 1000 € ќе идам и смештајот и патот ќе ме коштаар 600, 400 за таму, ќе јадам бубачки на скара. Пак ќе кажам не се битни парите, битно е што за нас претставува одмор и што сакаме да правиме на одмор, некои одбираат да готват и за готвење можат да потрошат илјадници евра ако готват јастози и тартуфи, а некои одбираат тие пари да ги дадат за ал ин...
Читам прва страница и се обидувам да се вклопам во темава некако. Мислам дека сфаќам од прилика за што се работи, отворам втора страница...ко друга тема ми се гледа...читам пак понатаму низ 3-4-5 страница, ко уште 10 други теми да се смениле. Го гледам насловот уште си е ист Значи темава започнува со обично мислење во сдк за тоа како би изгледал одморот на просечна жена, па преку тоа кој колку си ги сака децата и кај ги носи на одмор, па се до тоа кој колку пари зема ( нормално тука сите со вжештени глави скокаат од сите страни ) и на крај шлагот, дека модераторите се педери. Најголема грешка е тоа што од обични постови од СДК отворате нова тема. Значи си пишува членката што и лежи на срце и некој и го зема мислењето за да си формира тема, па оди сега крај најди. Абе жени...Од се си прават кавги
Мило ми е што си го смени ставот. Претходно не велеше вака. Е дури сега се согласувам со тебе, битно е за нас што претставува одмор
Се воздржував од пишување ама еве ќе пишам ... Нема универзална дефиниција за одмор. За некои е лежење во кревет, за некои одење некаде само не на работа, за некои алл инк 10дена во некој ресорт, за други 10 дена апартмански одмор во грција.. Но сепак.. некои имаат искривена слика за тоа што е одмор.. а особено фактот што се фативте за алл инк како слеп за стап .. Да одиш на Бали, Тајланд или што ти ја знам каде само за да се сместиш во алл инклузив ресорт е жалосно.. Кога можеш со истите пари да ги пробаш сите азиски кујни.. Од друга страна пак, жалосно е да одиш во Турција, Египет и сл а да не си алл инк.. Да одиш на Куба со алл инк е еднакво вредно на тоа да си платиш FB во аурора ресорт.. Да одиш во Њујорк и да бараш полупансион е потрагично и од тоа некој да те нарече глуп... Да одиш во Израел на алл инк наместо на НП се џабе фрлени пари исто како што се џабе фрлени пари да одиш во Охрид и да плаќаш FB по хотеливе.. Сакам да кажам ... секое место носи своја убавина, секое место не е за алл инк, алл инк не секогаш значи престиж (земете го банско за пример, не одете подалеку), сместување во големи ресорти не секогаш значи квалитет и сместување во апартмани не секогаш значи лош одмор каде што домаќинката ќе си ја остави душата во кујна.. Не е доволно да сакаш да отидеш некаде, треба и да истражиш.. Не е доволно да се спомне апартман за да се заклучи дека некоја жена робува на кујната.. Ниту да се заклучи дека имала одмор од соништата ако била во алл инк хотел... Кога немаш деца одморите изгледаат поинаку, него ли кога имаш ... Ќе чекате на хотелот да ви загрее млеко? Ќе чекате собарката да ви ги однесе костимите за капење на перење? Не знам зошто сметате дека просечната жена и робува на кујната ако смучка некое јадење за 20 мин додека децата се тушираат, мажот да направи салата додека жената се тушира итн .. Тоа не е беда, не е сиромаштија..едноставно - тоа е рационално трошење на средствата кои не им паднале од небо.. А кој има средатва за 3 оброци во ресторани, нека повели .. За сметка на тоа, смешно е да се потценуваат сите останати.. Мене па ми е трагично да штедам со години за да одам да се испрчам на алл анк во некое селце, кога можам секоја година да одам за тие пари само во поскромна варијанта Се додека и едните и другите се чувствуваат убаво, не знам која е поентата да се убедувате што е одмор а што не...
Летово ке одам во Тајланд во Август месец ... После толку рмбање сакам на душичкава да и дадам задоволство ....Патем зошто олку натегање ?? Секој различно си го доживува одморот , некој на море , некој во планина , некој дома , или шетање во друга држава ....
Фин пoстoв aмa нa крaјoт еве види си грешкa. Се' рaзбирaш, секoј сo свoи идеи и мoжнoсти, aмa трaгичнa ти е вaријaнтaтa штедење некoлку гoдини. Нa некoј не смее дa му изгледa трaгичнo гoтвење три oбрoци вo aпaртмaн, aмa oвa ете трaгичнo е. Секoј гo пoтценувa или вреѓa директнo или индиректнo oнa штo му е стрaнo или недoстижнo. Скoрo сите нa темaвa тoa гo нaпрaвијa нa oвoј или oнoј нaчин. А мoжеше дa се збoри зa рaзликите и нaчините нa убaв и кoрисен нaчин. Oтвoрете темa -кaкo сo пoмaлку пaри, пoмaлку гoтвење и мaлтретирaње дa се пoмине летниoт oдмoр, пa бaр ќaр дa видиме oд темaвa.
Јас кажав ЗА МЕНЕ Бриџи...е трагично. " Мене па ми е трагично да штедам ..... Не кажав дека е трагично некој да штеди 10год за да оди некаде ако тоа му е ќејф.. Едноставно кажав дека јас би се чувствувала како роб ако цел живот штедам за нешто делукс ако можам 5 стандард верзии да имам до тогаш
Их, aми сите тaкa зa нaс си збoриме, aмa oчигледнo дoпирaaт пoстoвите личнo и се читaaт пoинaку. Не мoже твoетo исклучoк дa е
Ами не знам Бриџитке, ти обично плескаш во фаца и кажуваш мислење за себе.. Ова е исто да ти се залепам јас за некое мислење што си го пишала според тебе и да речам дека се однесува на сите, не само на тебе... Што знам, крајно незрело за зрела жена Ако тука пишам сега дека за мене одмор не е одмор ако не трае 14 дена, на мене се однесува или на другите? Не знам што не е јасно, нема потреба да извртуваш туѓи зборови, мислам дека досега секогаш сум била јасна и сум зборела за себе... Ајде доста офтопицираме, писс
Леле зрелa незрелa, aјде сo вреѓaње oти се прaвиш декa не сфaќaш. Ништo чуднo штo дискусииве смешки живи се. И гoш зa себе мислење си нaпишa пa гледaј кoлку и се зaкaчијa.
Не го сменив ставот од почеток го зборам тоа, за мене е неприфатливо да идам на одмор и да треба да кувам секој ден а ко воли нек изволи, ја уште одбивам да верувам дека некоја ужива да готви на одмор. А ја за кого зборев кога ми се сипаа сите? За мене си зборев не за комшиката. Што си ти поразлична од мене кога ќе пишеш дека за тебе е глупост да се штеди до години за еден одмор, а јас пишав дека е глупост да се готви на одмор подобро дома ќе седам и ќе штедам за наредна година да не готвам???
На Гош мислењето беше извадено од контекст! Ако некој сака да се испука во сдк и да пише мислење, не значи дека треба да и се с'снат сите, ако сакаше да отвори тема сама ќе ја отвореше со аргументи а не само мисли што и прелетале во моментот.. Што е до мене треба и во сдк да се забрани цитирање.. @Bankarkata ама баш никаде не те спомнав конкретно тебе Си пишав мислење баш како што си пиша и Гош ама видиш ... кога некој се пронаоѓа во истото доаѓа до вакви трагични текови на темите И фактот што си земате при срце се.. А згора на се, не е лошо да си ги прочиташ првичните мислења па да пишеш пак...што си кажала
Ај еден голем офф топпик - јас не ја отворив темава, ниту пак и дадов име. Ма да и овој наслов ми се допаѓа. Не се навредувам од тоа што сум просечна. Моментот е што од мој пост у СДК, се направи тема, на што јас не се согласив, оти од мислење у две реченици не се прави тема, и затоа си ги избришав мислењата. И тоа од кога ги цитиравте, така да истите се. Беа вратени од Михајло или Билката, не знам зашто. И од кога беа вратени, не постоеше можност за едит или бришење. И сега еден мал факт околу ,, просечноста ,, во насловот , најголемиот револт од целава тема нели (освен лажната информација дека не било просечна плата 200,туку 400 евра, и дека со 200 евра плата не си сиромашен ) насловот за темата беше по предлог на @RainBow, а ја постави @referentka. Е да ги прашам сега неколку од упикувачките, дали ќе се дрзнат да ги навредуваат Реин и Рефка што пишале ,, просечна ,,...
Многу погрешна слика имаш за Тајланд. Отвори ја официјалната страна на агенцијата што ја спомнав, ноќевање во ресорти со 5* е 62 и 68 евра. Пак ќе кажам, на Тајланд со 1000 евра ќе поминеш супер без да мислиш дали да купиш нешто или не. Еве отвори на booking, 9 ноќа со појадок за двајца е 1000 евра во 5* вила и сопствен базен. Јас лично никогаш не би штедела со години само за да отидам некаде. Шетедам, да, ама неколку месеци ставам нешто на страна и притоа тие пари не ми менуваат речиси ништо во поглед на секојдневни трошоци кои ги имам. До сега, секогаш сме оделе на одмор според можностите, па сум била во апартман со уште еден пар и постелнина си носевме од дома, ама сме биле и во ресорт со полн пансион, доплаќавме само коктели и постелнини ни менуваа секој ден. За мене одмор претставува одење на некое место кај претходно не сум била и 10 дена шетање. Дали ќе направам една супа или ќе лешкарам 10 дена - мене ми е сеедно. Поубаво знам како е, ама битно ми е да сменам околина. Сакам очите да ми се полни и да пијам кафе на плажа, останатото го прилагодувам според можностите.
Претходно имам спомнувано и пак ќе спомнам. Кога се префрлуваат мислења пожелно е да се наведе дека мислењето е префрлено од "х" тема во "у". За да нема забуни, ништо друго. Едит: Оригиналното мислење да си стои во спојлер. Кој сака нека прочита и нека извлече заклучок. Со самото преправање и префрлување ја сменивте насоката на понатамошната дискусија.