1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишниот одмор на просечната македонска жена

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Gosh, 1 мај 2017.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Форум, мислења... што не е јасно?
    Гош го напиша првото мислење, па си дискутиравме не само со неа, туку и со други и пишуваме мислења. Истото се прави на сите теми, не е трагедија.

    Нормално дека ќе се развлече кога почнаа да не' убедуваат дека не сме ја разбрале уствари темата, ко мали деца да сме. Напишете ново почетно мислење или отворете нова таква тема, па ќе пишуваме можда ко што сте очекувале да се развива (ова до модераторите).

    Ти девојко воопшто не се ограничи на себе кога пишуваше. Напротив, многу потценувачки беа мислењата. Ме мрзи да се враќам да цитирам, ама ако не ти е јасно пиши, ќе ти ги извадам тие делови па можеби ќе сфатиш како звучеше.
     
    На azelea, Sky-butterfly, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Ајдеее, ете пак по старо. Џабе ме израдува, хаха. Еднаш викаш секој си знае што е одмор за него, друг пат велиш дека тие што не мислат како тебе всушност лажат.
     
    На elimkd, eli25, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бриџит само ти вели, и Банкарката крај краева си кажа според нејзе што е одмор и го кажа виз-а-ви нејзините пријатели и познаници со кои се р'чкале на темата. За нив, таа била будала што пет лета (тресам) ќе се пече во скопјево (или каде год живее) за да си дозволи ол инклузив во Тајланд кога, секое лето може да ужива на прекрасно море,плажа. За неа е обратно..они се будали. Ете, според неа (повторно она мисли) :D невозможно е жена да сака (по своја волја, а не оти некој мора) и ужива да готви на одмор, оти она е многу веројатно тој тип:D за неа готвењето секој ден е обврска којане ја сака, уште помалку па на одмор. Можда готви, ама ретко... само кога душа и посакува. Јас исто мислам, немогуче некоја да сака и ужива да пегла, генерално:whew: оти :D пеглањето за мене е смрт, робија, измачување...значи си гледам и судам низ призмата на јас, јас, јас, ммое искуство, желби, потреби, интереси. Соодветно, за друг може пеглањето може да е релаксација, ко што рибањето плочки во купатило, или тепих ми е мене релаксација, а друг мисли дека сум мрдната што го правам тоа и дека, нема шанси да се релаксирам и уживам во тоа. Па и кога читаме коментари, ги читаме и судиме низ призмата на врвчето од носот. И секој според тоа, јас мислам,јас чувствувам,јас се навредив...
     
    На Nausicaa, Annath, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Се е добро додека си кажуваш од личен аспект што ти одговара, а што не. Но друга приказна ако на туѓиот одмор му лепиш навредливи епитети и отворено или суптилно му се ругаш.
    Ако првиот пост на @Gosh бил еве може ненамерно или несреќно формулиран и плод на некој младешки отпор или револт кон веќе виден образец на однесување на некоја жена, после следеа и постови во кој многу свесно и со намера се пишуваа навреди и се пуштаа отровни стрелки. Тоа, вклучувајќи го и обидот на некои членови (читај модератори) да не насочат во кој правец да размислување уште повеќе ги разгоре страстите и ете ги овие 15 страни (засега).
     
    На ph.orhideja, YoungandBeautiful, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Еве извадив ја нешто за да не се мачиш, само од тел сум па не ми е прегледно баш болд да ставам на некои делови ама ќе видиш.
    Секако дека пишувам според мене и во свое име, сигурно неможам да напишам у име на некое трето лице.
    Бај д веј ја гледав темата Омилени дестинации па некои од вас што скокате тука и што се ве вреѓа не видов да сте напишале дека Халкидики ви е омилена дестинација во апартман кај што мора да има кујна секако. Што доаѓаме пак до мојата теорија дека кога би можел секој да бира не би одбрал одмор кај што треба да готви. Таму се егзотични дестинации се редат, а тука Халкидики поминат во кујна ко рај на земјата го претставувате. И пак да кажам дека ова не е потценување ама немаше да боли ако некој кажеше дека мрази да готви на одмор ама ете мора ради финансуски или други х причини наместо да го претставувате готвењето како омилена активност на одмор.
    А слободно ако не те мрзи извади некои делови да видам што толку страшно звучи...
     
    На eli25, zhap4e и Gosh им се допаѓа ова.
  6. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    х
     
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    ,, Се ближат годишните одмори...

    Период во кој сиромашната македонска жена ќе оди на блиска дестинација со мажот и децата, па за да поминат поевтино, оти зимаат по 200 евра плата со мажот, ќе станува прва сабајле да направи доручек, ќе се враќа прва од плажа за да нарави ручек, а за да има време навечер да ги испере гаќите и чорапите на раце, ќе и се сожалат, па ќе вечераат гиро, додека се шетаат...Ако има среќа, секако.(fingers)

    Јас сепак не би идела на ваков ,, одмор ,, , ФМП. ,,

    Се ближат годишните одмори...

    Период во кој просечната сиромашна македонска жена ќе оди у Струга или Дојран со нејзините, и оти треба да поминат поевтино, оти земаат 200 мо*ани евра плата, ќе станува прва сабајле да зготви, па ќе доаѓа прва од плажа за ручекот, а за има време навечер да испере и исчисти, можеби , ако им остане некој денар и ако мажот се сожали, ќе си купат гиро или бурек. Ако има среќа , секако.

    Не дека на таа нејзина фамилија не може да им текне дека ако не можат да си дозволат толку долг одмор без крупни обврски за жената, можат да одат на 3 -4 дена, да доручкуват кифла, да ручаат купечко гравче, и да вечераат паштета, само колку таа нивна кутра мајка да си ја одмори душата барем 3 е*ани дена.

    Ете вака требаше да напишам.

    Приметив, најголема болка беше оти помисливте дека мнозинството на форумов го нареков сиромашно, просечно, со 200 евра плата, и плус дека слугува дома.

    Се е во ред, не сте вие тие.
    Беше за типичната македонка, онаа која работи физичка работа понекогаш и 7 дена во неделата, понекогаш и цел месец по две смени,без слободен ден и тоа ни за 200 евра ( ! ) и плус дома скоро се сама работи ( оти нели лошо се удала и кој и бил крив била глупа, уопште што се мажела ). И која кога ќе ја прашаш како си поминала на одмор ( ако уопште била ), само ќе ти се насмевне.

    Не пишував за вработена у администрација или добра фирма, со +300 евра плата, која работи 5 дена, и е слободна за секој празник, која може да бира каде на одмор и со какво сместување, па за да си дозволи подалечна дестинација, ќе си зготви понекогаш, али не мора. Некоја која понекогаш мажот и ,, помага ,, во некоја рандом домашна обврска, па така ќе биде и на одморот.
    Која не е во допир со сиромаштијата, оти не се движат во исти кругови, па без срам вели дека тоа не постои или пак не е тоа така .

    Во меѓувреме, полни теми како ,, Што си купив ,, и ,, Модно катче ,, , и си пишува во темава како си поминува на одмор, и плус пушта огласи за одмор за ниски цени , од соочуство кон сиромаштијата.
     
    На Herrera, ivi1987, НаталиЛили и 14 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Гош, и таа типична Македонка заслужува да оди на море, па Макар и да се стиска со финансии и да готви. Во првичниот пост не си спомнала ништо за мажот, па затоа некои те разбравме така ко што те разбравме - дека муабетот е потценувачки за тие што бираат да одат на одмор со малку пари и таму штедат.

    И да дефинираме што значи тоа просечна Македонка? Еве никој од форумов не спаѓа во таа типичност што ја дефинира. Од каде просеков?
    Просекот се тие што одат на најобични одмори во Грција. Апартман, шетање, мачкање паштети, гиро, гледање деца. Два пати може да седнат во таверна, ама за повеќе немаат. И според напишаното во твоиве постови, би требало Струга да си одат на пократко ама да поуживаат. Ама не сакаат бе, кој е проблемот? Ако тие вака си сакаат да го поминат одморот, крај на муабетот.
    Таа сиромашна што ја кажуваш во првиот пост, што мислиш како си поминува во Струга? Изгрев ол ин? Не, пак два пати најобичен ресторан, другото тостови место гиро, и секако мачканици.

    Не беше муабетот дека некој од овде се препознал. Работата е што испадна дека сиромашка а кутра не може да види море и да биде среќна. па потоа ви објаснија дека и да не спаѓаат во категорија сиромашки, пак така одат на одмор зашто условите им налагаат. И замисли, убаво си поминуваат. Ете има искуства, кажани од доживеано а не од набљудувано. Банкаркава рече лажат.

    Банкарка, сама си се исцитирала, супер. Читај го првиот цитат, на глас. Сфати? Уште не?
     
    На azelea, Bozica1980, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Ја разбирам Гош што сака да каже. Мајка ми велеше: без деца се оди на одмор, со мали деца се оди на летување. Алудира на тоа дека за мајката на одмор нема време за вистински ОДМОР, туку скоро сите домашни обврски ја чекаат и таму.
    Кај повеќето членки проработија програмите кои скриено си ги носиме. Тој што зема 200 евра плата, се буни зошто е наречен просечен. Тој што бил со помалку пари, не му се допаѓа тоа сиромашен. На друг, кој оди на одмор во Грција, зошто е кажано дека во Грција одат тие со помал џеб за поевтино...
    Навредите се огледало на нас самите. Не може да ме навреди нешто во кое не се пронаоѓам!
     
    На azelea, galapce, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Па јас не гледам некој да се најде лично навреден, освен вие што го застапувате ваквиот став со нозете и черџето. Навредени дека повеќето не се согласија. :D

    Мене не ми се допаѓа што навредите една цела категорија на луѓе, демек од сожалување. Не е тоа сожалување, мешање во туѓ буџет и одлуки е.
     
    На Rebecca_R, Sky-butterfly, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Читам и сосема во ред ми е. Да, секој би избрал да биде тинтран на одмор,а не да тинтра друг. Кога би можел тоа. Од љубов се' правиме, ама и нашата душа сака одмор и уживање.
     
    На Lella, Someonespecial, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Ама кога не може да биде тинтран, што?
    Изборот е дома или на море скромно. Струга ти е сличен трошок, како сакаш врти го.
    Ќе оди скромно и ќе си биде пресреќен тие 10 дена
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Ја разгледав целата тема и скоро секој си се фати за некое делче што не му се допадна и навреден слепо за тоа си се држи и си го брани ставот.
    И извини, ама морам да забележам дека тотално не си ми го разбрала постот, а мислам дека не си го разбрала ни воведниот.
     
    На galapce, Lella, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    А, некој некому забрани? Водеше кампања за освестување на жените - не одете на одмор на кој ќе робувате? НЕ! И едната и другата велат, тоа не е и нема да биде нивни избор. Нема што мене да ме навредува нивното. Крај краева, млади девојки се, кои имаат доволно примери во опкружувањето, намајки/жени кои нон-стоп се жртвуваат за другите,па и на одмор. И двете само одбиваат да се тоа. Не им го посакуваат ни на своите. Ти не и посакуваш на твојата мајка ол инклузив,со масажа, сауна, три оброци,мезиња...друг да ја служи? Јас на мојата и. Од се' срце.
     
    На galapce, Lella, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски

    Ај Жапче читај ја темата од првата и втората страна. Подобро нека одат Струга. Тоа не е потсмевање и кажување што треба да прават? Првиот пост што си го цитирала Банкарката, исто. Не знам веќе колку пати го напишав истото, зошто игнорирање на нешто што беше напишано?

    Плус, и ти скроз друг муабет правеше кога се вклучи на темава.

     
    На Yowannty и Peppermint им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    правев друг муабет,оти се вклучив со прочитани пар последни поста на кои се надоврзав само. Дури и го кажав во следниот пост. А, дискусијата Ливинг може и во бестрага да отиде кога од такт и од контекст ќе извадите некој и цел форум ќе се с'сне на еден. Така да,јас земам во предвид и олеснителни околности кога судам и мерам кој-што-како. Одам сега тиквиците да ги правам. Живот:D некој ќе шета,некој тиквици ќе прави:D
     
    На galapce, Gosh, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Аааа сочувствуваш дека се с'снавме на некој обесправен според тебе, па реши да браниш.
    Епа и јас така за сиромашната од првиот пост. :D
    Мене ми остана од манџата од вчера.
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не е сочувство, не :D
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Сите браниме фиктивни просечни жени кои ги нема на форумов :D кои живеат таму некаде источна Македонија заглавени во конфекција :^) оти останатиот дел опасно се наближува до Европа во најмала рака по стандард и менталитет :D Абе за ќутек сте.
     
    На JuLleE, galapce, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Знам добро што е. :)