а, да ја отвориме 40ка, кога сите збореа што е за нив одмор,едно стопееситри пати, и да им го извадиме вешот на оние: „за мене одмор без ол инклузив - не е одмор“,и да видиме што лајкале тука, а? не навлегувам во тоа дали знаеш. различно судиме јас и ти..и перцепираме
Ама тоа за нас не важи, оти ние далеку над просек сме, сега нели сочувствуваме кон таму некои жени какви што не сме виделе, ама сме слушнале дека има
Да де да, угнетени од мажите секогаш па и на одмор. Со тие сочувствуваме или со тие што се предмет на потсмев за скромен одмор? И такво и такво сочувствуваме имаше. Ти за кое си? Жапче повели, баш ќе биде интересно. За тебе не е тешко, ти во два дена на една тема го смена мислењето.
Не е менување на мислење, па и да е, кога темата ќе се прошири во многу насоки, ќе прошириш и ти мислење. А што фајде ако се фатиш еве како тебе за неколку реченици од прв пост и цела тема тоа па тоа, иако се дале еден куп мислења и објаснувања отпосле, ти не па не, така рече во првиот пост, јас така разбрав и готово. Ко магаре на мост За првиот дел, јас не жалам ниту сочувствувам за никого. Штом стигнала до Грција и решила 10 дена да е (што за многумина по свет луксуз е), а еден куп трошкови се да стигнеш до таму, од апартман, креми, пат, лежалки, спрејови, лекови...не е таа жена за сожалување. Можам само да критикувам вака на форум одлуки кои мене ми се чинат погрешни и да дадам мислење како може на поинаков начин, полесно, поедноставно.
Имено. Уз пат и сите се обиде да ги убеди во тоа дека е во право. И крај. Закон,устав. Како не гледаат,кујзнае. Ливинг, бе мислење за сиромаштијата во мк не менувам бе душа. Пишаното мислење не си го поплукав. Ама, нема везе тоа мислење со Банкарката и Гош и нивното Има разлика. Знам ама,кај тебе е џа или бу и увек е твоето џа или бу Ќе приложиш и плус цитати, знам
Мора Бриџит по неколку пати да повториш кога некој те убедува дека темата е друга, а до вчера се правеше друг муабет. И се претвори во тема - што е темата? Ако го прочиташ последното мислење на авторот од темата, ќе видиш дека се држи до сличен муабет. Па која е темата, уствари? Жабо, три пати ти е испратено мислењето или кај мене така изгледа? Не е работата за дали сум во право или не. Дискутираме. Ти нели го правиш истото? Или ти убедуваш? ОМГ, виртуелен линч! Кај се сега мене да ме бранат?
Кoгa пишувaм нa феминa тaкa мaлце гo кријaм телефoнoт, дречи oвa рoзевoвo, a не нaучив кaкo дa гo сменaм. Е сегa, бидејќи сaмo јaс oдaм вo кaмп, летоска рaaт ќе си пишувaм.
ЛивимгГлам како и да се обидуваш моето мислење како навредливо или потценувачко нема да успееш. Јас никого не навредив туку си кажав од моја гледна точка. Нека се јави одма сега таа што ако би можела да бира алл ин или да си готви сама за семејството (буџетот е наограничен, а дестинацијата е небитна) што би одбрала? Што ќе одбереш Ливинг? Еве замисли дека ја плаќам, што ќе одбереш? Што ќе одбереш за да ја пратиш мајка ти на одмор? Што би одбрала кога би можела на ќерката или синот да им уплатиш за одмор?
Ми се смачи, ама ти одговарам бидејќи мислам дека само ти остана он топик. Мајка ми и децата би си ги пратила на одмор во можностите, а би сонувала за поубав. Ама и на овој од можностите би биле среќни. Појасно е? А во твоите мислења не пишуваше само за себе.
Банкарке, моите родители имаат услови за ал инклузив, ама не сакаат и одат со готвење. Мајка ми има специфичен режим на исхрана, и сака сама да си готви. И секогаш ми вели, одете си вие како сакате, ние во апартман ќе си одиме, поубаво ни е. Години си одат така . Или мислиш дека лаже и мајка ми, и дека е патетична како и сите други што готват на одмор?
@Bankarkata зoштo си убеденa декa немa луѓе кoи сaкaaт тaкoв oдмoр? Имa. Не би сaкaлa јaвнo дa испишувaм имињa нa луѓе кoи мoжaт дa си дoзвoлaт се, a имaaт свoи прикoлки вo грчките кaмпoви. Плaќaaт пo 1000 еур. лoкaцијa, a oдaт 15 денa нa oдмoр и пo некoј викенд. Знaчи скaпичкo, зoштo нa oвa иде плус хрaнa, средствa зa хигиена (вo хoтелите oснoвните се грaтис), превoз. Истите тие прикoлки се енoрмнo скaпи. Сo кoжни гaрнитури внaтре, мaхaгoни, сo ѕвезденo небo, сo 300 чудесии. Немaaт слугинки дa имa гoтвaт, перaт, чистaт. Е сегa, истиве oвие крoз гoдинaтa oдaт и Бaхaми и Јaмaјки aмa ете некoгaш бирaaт и тoa штo ти мислиш декa е невoзмoжнo дa гo oдберaт.
Ај убавите они, им здосадило од луксузи па сакаат да сменат малку, во камп(упс, и тој луксузен) под шатор, ватевер. Исто е баш со она ние што го збориме, баш исто. Not.
Па, не се огласувам со автентично толкување на нечии коментари/мислења и да нудам и екстра појаснување упорно и упорно, на тема, што некој сакал да каже, мислел или чувствувал Ти го имаш ексклизивното право на тоа
Темава е дувло за да меѓу редови се се пофали секој колку платил некој одмор или што е во можност да си дозволи ама нема или не сака. Зошто ве навредува просечна жена? Значи жениве да не ги рчнеш на вакви теми, одма скубење коси, која повеќе има, дали некоја во Турција платила повеќе пари отколку на Тајланд пример ама не и било кеиф да оди. Многу сакате да се расфрлате и докажувате со пари, и многу е очигледна намерата колку и да така скоцкано напишано делува наивно. Кој каде сака нека оди, и колку сака нека троши. Како му е најубаво така нека прави. Ама овде и на една друга тема многу ме нервира трескањето од земја со цифри, купувачки и слично, па недај боже некој да ги стави во кош со сиромашни, одма очи ќе си извадат. Жени.
Јас имам една теорија за тоа како да си ја измерам чергата пре да си ги пуштам нозете. Кога станува збор за одмор таа оди вака: годишниот одмор треба да те чини четвртина од тромесечните примања на фамилијата. Е сега, ако таа сума е доволна за алл ин одмор добро, ако не, нешто мора да трпи, дестинацијата, должината на одморот или пак квалитетот на истиот е прашање на избор. Штедењето со години за еден (1!) одмор значи дека истиот реално не можете да си го дозволите. Јас лично, не почитувам луѓе што живеат живот кој што не можат да си го дозволат.
Просечното сиромашно семејсрво нема кам приколица у Грчки камп туку рента во Граште. Така да тоа не спаѓа тука како ни луѓето кои мораат да се хранат според одреден режим.
Што ти кажува самиот збор мајка? Од моментот кога една жена ќе стане мајка па се до крајот на нејзиниот живот таа е одговорна за нејзините деца. Кога една жена ќе се одлучи да роди дете или деца треба да е свесна дека нејзиниот живот целосно се менува и првенствено таа ќе биде одговорна за нејзиното дете. Доколку една личност не е спремна да ги извршува сите работи поврзани со мајчинството, тогаш излишно е да се дискутира дека таа не треба да биде мајка. Јасно е дека со деца има и повеќе обврски и комплицирано е и да се испланира самиот одмор, ама тоа е мајчинство. Не гледам зошто толкав проблем се прави од обврските поврзани со децата? Дигање фама без никаква потреба. Мене ми е чудно како некои личности го замислуваат одморот. All inclusive или уште поарно ultra all inclusive за да ви биде убаво на душичката? За што всушност одите на одмор вие што сметате дека перење гаќи или правење кашички за децата е обврска плус и ви е проблем да го направите тоа? Што ви менуваат тие две недели легање? Имате синдром на нижа вредност? Имам впечаток дека за тие 10 дена сакате да ве ладат со палми, да ви масираат стопала а ако има таква понуда и да ве избањаат.