Темава подобро да се преиначи во -Одморот на сиромашниот Македонец или -Како сиромашното Македонче тера одмор со 200 евра плата него ли стриктно жените како тераат одмор кога ќе идат неде. Пред 5-6 години одморот во Суто Море не кошташе 200 евра 10 дена. 60евра смештај и 40 евра повратна автобуска карта. За таму уште 100-150 евра за трошење. Не знам како е сега местото ама јас попрво би седела дома и би штедела пар пари повеќе за друго место него ли да идам таму јер море за синуси е добро а ја таа година се вратив од море со уште позатнати синуси него ли од дома што тргнав. На крајот од денот за мене одмор не е само колку да се иде негде море со очи да се види. Со години со моите кампувавме во Љубаништа со брако приколка, убаво одржавана со влечење од дома фижидер, шпоред, телевизор мислиш исто дома си. Седевме по 20-25 дена. Да, убаво е да си на одмор на плажа па макар и на езеро (мене лично водата во Љубаништа и Св. Наум ми е прекрасна) ама никогаш повеќе не би отишла на кампување особено толку долг период. Ден- два авантуристички можеби ама одмор да терам кај што ќе немам сопствено вц, сопствена чешма да се измијам насабајле, сопствен туш да се истуширам нема шанси па колку сака нека е ефтино. АЛЛ Хотели не сакам. За мене нема поступидно нешто од тоа да идеш на море за цел одмор да го дремеш на базен у хотел јер си го платил илјадници евра и од пиле млеко служат таму. Можеби на некоја далечна и егзотична дестинација каде организирано имаш се од смештај во хотел до тури шетање би идела без око да ми трепне ама Грчка не ми вреди илјадници евра во никој поглед. Идам во апартмани зошто имаат интимност не делиш 1 вц со цела куќа како што беше порано со смештајот во Охрид (не знам дали сеуште е така со год не сум била на одмор во ОХ). Грчка ја одбирам зошто ми е блиску а мразам да патувам со саати а не зошто ми е поефтина. Без 300 евра не се проага одмор таму па макар леб сол и патлиџан да јадеш. Сакам убави места со убава плажа а не нозе да треба да кршам од остри камења или да треба 20 мин пеш да идам по автопат за да стигнам до плажата зошто сум сместена богу иза леџа ради поефтин смештај и на крај во вода коа ќе влезам да треба да пливам 50 метри за да видам чисто море зошто се што е до обала е пуно трева и тиња. Епа таков одмор ако треба да се тера боље тие 200е ќе ги чувам во џеб и дома 10 дена под клима ќе седам него ли одморот да го поминам со притесњавање и секојдневно пребројување на еврата дали ќе ми стигнат до крај или не. А фала Богу скромен човек сум па стално сум враќала дома пари не сум трошела се до крај. На крајот на краишта сиромашен народ сме и не треба толку при срце да го зимаме тоа и увреџени да бидеме зошто некој рекол дека е смешно да се иде на одмор со пипер и патлиџн од дома пошто навистина е смешно. Секој од нас сака убав одмор ко на филм и да не се трипаме и да морализираме дека сме задоволни со пржењето јајца и колбаси во смештај. Ама ако сакаме малце поубав одмор во текот на годината ќе треба да си скратиме од некои работи а не 2 месеца пред тргање да почнеме со штедење и да викаме дека ете толку се има 200е едвај сме ги закрпиле за да исчистиме синуси на море.
Не сфаќам зошто ми е цитирано мислењето, ниту како рефератот подоле е поврзан со тоа што јас го напишав. Мене многу ми е јасно што значи зборот мајка, а и во постот си ја спомнав сопствената. Малце објективно прочитајте ги мислењата на членовите, па можеби ќе ја доловите суштината.
Е, од кај само ти? Може и заедно сме кампувале, а можеби твојата Миу Миу и мојов Бицијани се дружеле Инаку за кампување џабе објаснување и докажување. Ќе си тераме ние како ни е арно на душичките
Бaш истoтo гo збoрaм. Имa луѓе кoи и пoкрaј тoa штo мoжaт дa бирaaт, зaрaди свoј пoглед нa тoa штo е oдмoр перaт гaќи, купaчи.
А кога ги носите мајките со вас тоа е ради деците што сакате да ви ги чуваат или ради алл што сакате да им уплатите? #прашањакоимемачат И не ,не е оф топик и тоа е чест синдром на македонската жена,сакала нејкела иде на одмор оти мора внуците да ги чува за младите да уживаат
Ќе се обидам да одговорам најдобро што можam, секако задржувајќи се на себе и мојата мајка. Ќе ја носам бидејќи ја сакам, имаме добра комуникација и можам да си го дозволам истото. И ве молам без извртување зборови дека некој друг не си ја сака мајката или не се разбираат една со друга. Читав кажувате вакви/такви одмори. Кампови, апартмани, хотели...во земјава и во странство. Па фамилијарно се пазарувало, готвело, се одело во некој ресторан. Е мојата мајка никогаш не видела море. Уствари никогаш не била на одмор. Еднаш, кога бев 13-14 години отидовме на викенд во Струга, 2 дена и го видовме езерото. Тоа и е единствен одмор. Ја носам бидејќи сакам да го поминам секој слободен миг не само со мм и децата, туку и со неа. Бидејќи сега согледувам што значи мајчинство и што се таа сторила за мене, ја носам бидејќи знам дека еден ден ќе се навраќам на сите тие мигови и ќе ги преживувам повторно во мојата глава. Нема да иде бидејќи мора и нема да ми биде измеќарка. Не мора ни да готви, ни да чисти ни со деца во вода да игра. Е да, со малото ќе си седат под некоја сенка во ресторан или на шанк, а навечер кога они спијат ние ќе можеме да испаднеме бидејќи децата не се будат во текот на ноќта. Ама и тоа можеби, оти не знам колку ќе имаме сили. Не викам дека тоа што го пиша во постот го нема кај некои, само ете, пишав како е кај нас. Ќе уплатев и за неа алл сеедно дали имам деца или не. Само тогаш сами ќе одевме, без мм.
Толку испревртени зборови па и цели мислења, имало само во свекрвите и снаите. Наравоучение: -Се научивме ваљда како треба да се создаде нова тема од еден пост. П.С. Одам на одмор како просечна жена а сакам во АЛЛ инклузив бре. Дури и помошничка за детето сакам. Ако тоа ме прави во нечии очи немајка,да удрам и печат на документот.
Неколку дена ја гледам темата, ама не ја отварам. Сега се мислев филм да гледам, ама заглавив овде. Лајкував разни мислења, оти сите имате право, оти секој има своја перцепција за одмор. Она што ја разгори темата е мислењето на Гош кое малку поинаку се сфати од она што самата сакала да каже. Јас сфатив вака: Просечна жена со просечниа примања оди на одмор со семсјтвото 10 дена, на кој одмор сите одмараат, а таа станува прва, готви, пере, и слично. Зошто, ако женава тоа го прави од љубов за семејството да ужива на море, макар она готвела и си оди порано од плажа, зошто остаток од семејството секако од љубов не се согласат да бидат 6 дена на море во замена да купуваат почесто готова храна, ама и мајката/жената не ужива во одморот исто како и тие? И во право е, зошто сите не се согласат да поминат поскромно помалку дена, ама поквалитетно за сите? Вака функционираат повеќето семејства во Македонија, не се тешете дека се освестуваат. Само на Фемина сите мажи помагаат и се супер мажи. Реалноста е друга. Проблемот не е во парите, никој вас не ве навердува што готвите на одмор, туку се зборува за жени кои се жртвуваат за семејството да биде на море, иако има и други алтернативи со кои и таа би можела да ужива. Значи не е муабетот воопшто да не се оди на море, ами да биде квалитетно, а не квантитетно.
Затоа што напишано во таа форма, на начинот на кој го кажала мајка ти, мене така ми звучи. Те цитирав тебе бидеќи ти го напиша тоа, ама тој муабет, за жал, го слушам често. Имам впечаток дека мајчинството многумина го гледаат како товар и одговорност, ама во прилично негативен контекст. Како децата да го нарушиле целиот баланс во животот на една жена и после раѓањето таа е мајка и измеќарка. По се изгледа, секој си има своја дефиниција за одмор.
Воопшто не е кажано во таков контекс, ама кој како ќе си сфати. Не си мајка очигледно, не си била ни на одмор со свои деца, па многу погрешно ја сфаќаш изјавата на мајка ми. Не и се руши балансот, но ти стани во 6, носи дете (деца) на плажа за да дише јод, спреми доручек, мачкај дете да не изгори, па се исфрлало, па добило вирус, готви ручек и вечера барем за детето, подзапери барем негови работи кои ги исфлекало... И така до бескрај секој ден од твоето ЛЕТУВАЊЕ за здравјето на детето, на кое далеку од тоа дека ќе се одмориш. ( зборувам за изјавата на мајка ми и како изгледаа нејзините "одмори") А и мајката не е помалку мајка, ако по 10 часа работа, 6 дена во неделата, цела година + 8 часа домашни обврски и посветување на семеството- си посака за себе 7 дена одмор на кој ќе се ОДМОРИ! Да ја завршиме тука нашава дискусија, затоа што не сакам да го вртам муабетов во празно.
Случајно ја видов темава, па да си кажам мое мислење. Две години по ред не отидовме на одмор од причина што немавме финансии да отидеме. Не е целта да земам кредит за да отидам на одмор и таму да готвам за да ми се фати поевтино па кога ќе се вратам да немам пари за леб и да кукам цела година дека немаме, дека сме во криза ама битно сме биле на одмор. Сакам да отидам 7 дена и да одморам во права смисла на зборот и кога ќе се вратам да не си лупам глава од ѕид како ќе го поминам месецот, како ќе преживеам. Се што правам тука во моето секојдневие да не правам и на одмор кога ќе отидам. Бевме една година ние со дете од една година и со кумашините со нивна кола. Кумашинката од тука зема и што треба и нетреба, ама нивна кола, нивни закони. Во скут кеси со гројзе, патлиџани, пиперки, макарони, шпагети, кечап, мајонез, паштети, маргарин, сјај за садови, сунгери и жици за садови а таму на секој чекор имаше маркет. Патот пеколно го поминавме, што од кесите во скут, што од дете мало што сака во скут да седи. Таму, плажата оддалечена цели 20 минути пешки, а одевме два пати дневно на плажа со чадори, лежалки, чадор количка, кофи за во песок, ташна со алишта и пелени и ред други работи, натоварени како магариња. Трчај сабајле на плажа, врати се дете да не изгори на време, па земи готви пошто тебе ти дошол ред, а ако спомнеш чудеса од меса на секој чекор, одма лутки, не за џабе се товарела колата. Дете гори од температура два дена, надвор врне истура ама по кафичи до Петровац со кола да одиме, па лутки зошто неможеме ради температурата да отидеме. Ама битно седевме цели 11 дена, хорор на векот. На враќање се утиња патот, се вози по стрмна планина, нема каде да се застане, дете полни пелена, тече од сите страни ама ради стварите немаш место кај да го легнеш за да му смениш пелена и трпиш смрдеа цели 5 саати. Кога стигнавме ја бацував земјата и реков ваков одмор никогаш повеќе. Ама, ние битно 11 дена на море отидовме, нали. Кога наполни три години малата, пак отидовме, ама сами и со плажа блиску до апартман, одење на плажа и враќање кога на нас ни одговара, јадење по ресторанчиња, пиење кафе на раат по кафичи, шеткање по плажа приквечер и пиење пиво на лежалки на зајдисонце. Дете среќно, ние уште посреќни. Седум дена ама одморени за сите пари. Дома свежи се вративме. Памтам на моја блиска одмор во Црнагора. Отидоа на 15 дена во апартман со свекрва, маж и две деца. Таму свекрвата по цел ден на плажа со мажот и децата а она во апартман се враќала на време за грав да стави, ми вика мора да се јаде, децата сакаат манџа да јадат, не ќе се на суво цело време а гирото е скапо. А, децата и мажот дома манџа не јадат. Ама за сметка на тие 15 дена на море, свекрва на нивна сметка, башка децата и ги чува, мора грав и леќа да се јаде. Кога се вратија од одмор сите задоволни, она скапана изморена. Не е поентата само на море да отидеш и да се измачуваш, туку одморот да биде подеднаков за сите, вклучувајки ја и домаќинката.
Ахаха @ivi1987 да си жива и здрава ме изнасмеа со одморот со кумашинката. За мене таквите одмори се хорор. Она како први така други, ако јас сакам манџа, мора сите манџа, ако јас сакам да шетам, мора и сите. Имав неколку такви уште на времето со другарки и реков веке никогаш, за мои пари друг да ми планира што ке правам. Со една и ден денес не зборам зошто она сакаше сладолед во кафич да сме јаделе, а јас и реков е добро де, седни си, јади, јас сум на плажа, та ако заедно дојдовме не сме сијамски близнаци. Реално секој одмор со деца, утвари и без деца, ако си далеку од плажа и се мкнеш пешки на нос ке ти излезе. А жениве кај нас сами си се ставаат во позиција на жртвено јагне, па од одмор се вракаат повеке уморни. Чекај од кога исхраната на семејството е пропишана обврска на жената. Кај нас дома готви кој е слободен. Па ако десет дена на одмор не јадеме ручеци со манџи и шопски салати не се сецкаат нема да не биде. Јас лани бев со година дена дете на одмор. Плус со уште една фамилија, но од старт беше кажано секој за себе си функционира. Групни ручеци не се наш филм. На плажа кој кога му се оди тогаш. Најважно ми е да сме близу до плажа и сместувањето да е пристојно. Неколку дена јас средив за јадење, неколку дена мм, некогаш јадевме во ресторан. Поминавме две преубави недели. Оваа година бев со две деца едното 2г, бебето 2 м. Сместени бевме на плажа во хотел со храна. Храната прекрасна, а син ми залче во уста не сакаше да стави. Во ресторанот се утепуваше од трчање со другите деца, поише него го пазевме, него што јадевме. Па нешто ке земев и на плажа ке го излажев да касне. И што ако тие две недели не јадеше манџи домашни.
Да одам на одмор и да готвам манџи-.не планирам. Да одам на одмор и да носам мајка со себе- исто така не планирам. Една недела без манџа се може.. а и дете дека супа на жешко ќе ми јаде тешко дека ќе се случи. Патем, манџа има и во ресторан. Добро де, крем супа, чорба.. А за да доаѓа да ми чува дете мајка/ свекрва не фала. Своите си ги исчувала. Јас сакам да сме сами..Да станеме да доручкуваме да одиме на плажа, па после плажа да седнеме негде пак да каснеме па да одиме дома на туш и одмор. Да се склопи некој брзински сендвич за на плажа и пак да се отиде и вечерта во некоја локална таверна после шетање. Овошје и зеленчук може од таму да се купи не да се влечка од овде. Од тука би понела само нешто ко гриз, омилени негови бисквити за случајно ако нема таму. Ама друго не.