1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишниот одмор на просечната македонска жена

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Gosh, 1 мај 2017.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Драги мои. Кога докторот ќе рече дека твоето дете има проблем со синуси и мора барем 15 дена да е на море, ќе се пикнеш у малата кола, ќе земеш патлиџаните и ќе готвиш.
    3 кашички за бебе и еден оброк за вас двајца. И прва ќе си идеш од плажа за детето ем подолго да диши ем јадењето да му е готово кога ќе се врати. И потучек ќе переш гаќи посрани од бебе а маж ти ќе шета дете да диши до море. Ти ќе речеш не идам за да се изнаплачеш на раат оти ти е тешко а дете да не види. И на маж ти ќе му биде тешко оти ќе ти ги види црвени очите. Ама ти ќе речеш одете вие јас ќе одмарам.

    И тоа не е македонската жена. Тоа е секоја мајка која сака да му угоди на своето дете. И од Србија и од Босна и од источна Бугарија... ама ајде. Ако е меракот да кажеме и да изгенерализираме дека македонската жена е проста, нека ти биде.
     
    Последна измена од модератор: 1 мај 2017
    На Aurelija, Brojka, JuLleE и 39 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Се ужаснав од муабетов. Одморот на македонската жена не би требало да е тема на муабет, туку пикањето на носот на македонската жена во туѓи домаќинства!!!
    Кои сте вие да кажувате што е подобро? Ако сакаат на море, на море ќе одат, ако сакаат на езеро, таму ќе одат. Ако сакаат ќе готват, ако сакаат во ресторани ќе јадат. Што вас ве занима толку кој како поминува на одмор, и како одлучува да го помине истиот? Кој ви дава за право да им се потсмевате или да ги сожалувате луѓето кои си ги перат гаќите и си готват на одмор? Всушност, се надевам нема некој што не си ги пере гаќите на одмор, некако гнасно ми делува!!!
     
    На Brojka, YoungandBeautiful, elimkd и 24 други им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.584
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зошто препукувања,и едното и другото за мене е во ред и нормално.

    Сме биле и во едната и во другата варијанта.
    Неколку пати во Грција ,смештај во соба,тесно бесно,храна од дома,проблеми од типот не работи клима,нема вифи,нема топла вода бла бла.Ама па децата пресреќни,топла вода на море битно имаше,плажата до газ ни беше..сите тие одмори ги паметам како мн убави.Со парите кои не го трошевме по хотели си ги трошевме на шопинг .

    Сме биле и во хотели алл.Друг ти готви,друг ти мести,ти само уживај и шетај.Ама па поголемиот дел од буџетот отиде на хотел место на други работи.

    И така и така е убаво се дур човек знае убаво да си помине.Оној кој не знае одмор да тера нема да му биде убаво никаде.
     
    На Brojka, JuLleE, Ane-Goki1 и 33 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сме имале одмори и кај што мака ми готвела, и кај што сме јаделе секој ден во ресторани (секогаш сме биле приватно сместени, никогаш во хотел). Сега кога размислам, прво се сеќавам колку често веќе накај втората половина од одморот ни доаѓало преку глава од ресторантска храна и сме посакувале да имаме можност да си зготвиме нешто. Кога сме кај лековитоста, Дојран има алги - мене таму ме носеле затоа што имав бронхитис, израснав покрај тоа езерото секое сабајле први на плажа - тоа е од една страна. Од друга страна, за подготвување на еден оброк дневно ти е потребно помалку од еден час (нормално зависи што готвиш, секако нема да готвиш сарма). Јас лично обожавам да готвам. Деца немам за да размислувам за тоа сега и повеќе одам по хотели - ама знам дека доколку местото на кое што сме сместени има услови за готвење и јас и дечко ми ќе зготвиме нешто понекогаш, и тоа со мерак. Еден нормален оброк на денот не одзема толку многу време, а остатокот може да биде нешто намачкано или сендвич некој, макар и од дома приготвен (јас и онака не сакам брза храна па порадо би готвела од дома отколку да јадам секој ден гиро или пица или сендвичи). Купачите си ги перам и онака секој ден, ако имап отреба зошто не би запрала нешто? Според мене кој како сака нека иде, а и да не иде, пак, секој на својот начин. Дали ќе идат секоја година ама поскромно, или секоја втора-трета малку побогато - секој со својот избор. СЕ ДОДЕКА СИТЕ СЕ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ.
     
    На *Amethyst*, toogood, MagsDestiny и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    А каков е денот на македонската жена на Први Мај?8-|

    Стануваш,пиеш кафе,спремаш доручек и одиш да докупиш тоа што ти фали,покрај седум кила месо,докупуваш уште,нека има.Па миеш и сецкаш салати,едно две кила патлиџани и краставици,па марула,зелка....,а во меѓувреме скараџијата(читај маж ти)те вика да дадеш зејтин,па каде е месото(а каде може да е,ако не во фрижидер),дали ракијата е ладна,па децата во меѓувреме те потпрашуваат нешто.
    Доаѓаат гостите,децата трчаат,жените гостинки ти се нудат за помош,а ти викаш,,Не,нема потреба",бидејки не сакаш никој да ти се меша во штипки,па прашуваш кој што ќе пие,некој кафе сака,некој ракија,па салатите околу скарата,па сок за децата.Спремаш лепчиња со вегета за на скара,некоја лута пиперка и ги седнуваш прво децата да јадат зошто кога ќе се најадат се помирни.И тука имаш,,јас сакам Кока Кола,јас Фанта,јас сок од праска,мамо сакам кечап,мамо а има ли салата без сирење"па некоја мајка вика,,Аман не се препивајсо сок,јади,види што е убаво мевцето".
    И доаѓаат мажите.Ракијата додека не се испие се мези.Жените дојадуваат од нивните врапци,па почнуваат со првомајскиот специјалитет-Скара.Па која што ќе пие,се нудат и тука за помош,па мажите почнуваат.И сите неизбежно го фалат домаќинот колку му е добра скарата.
    Од друга страна еве ги децата бараат нешто благо,едно сакало сладолед од чоколадо,друго од шумско овошје,трето чоколадо,а четврто чипс.Домаќинот те вика,,аман жено,седнувај веќе,јас ќе одам"па те прашува кај е ова,кај е она и знаеш дека ти е полесно да станеш и да им дадеш што бараат.
    Па вадиш пиво и кој што пие.
    Се јаде,се пие,се бистри политика,се прават планови за одмор....
    И кога ќе се стемни ги испраќаш гостите со сиктер кафе по желба:ладно нес,без шеќер,со млеко,макијато,турско средно,капучино,па на мажите не им се станува,има уште за пиење,а и убаво им е,а жените нервозни,децата се збеснати веќе,треба дома да се оди,да се бањаат,утре во школо...

    И така.Куќата и дворот одамна ми се средени,децата и скараџијата одамна си легнаа,втора машина за садови врти.Уморна не сум.

    Во ресторан ми е три пати поефтино да одам,ама сега не сакав,поубаво ми беше дома да си истераме седенка и дружба.

    Надвор е од темата,ама една споредба направив.Секој со своите желби потреби и можности.
     
    На Brojka, JuLleE, YoungandBeautiful и 31 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Секое лето идам со нив и најинтересно си поминувам.

    Апартман си зимаме зависи што ќе најдеме, не идеме по хотели, сака мајками да готви, некогаш идеме и по ресторани.

    Плажа до гз, некогаш на друга плажа и така натака, додека не се омажам.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.584
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓа тоа Просечна жена.По што просечна?По пари ,образование или по изглед просечна?Ако некоја финансиски не стои добро незначи дека како жена е просечна личност
     
    На Brojka, TheSecret, Victorian и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Па не дека сме богаташи. Ама со маж ми отидовме на одмор со уште еден пар и тој мажот стиснат до немај каде. Не сакал да јаде гиро, ќе си јадел леб и кашкавал во соба, не сакал сладолед, не сакал на кафе да седне. И зошто дошол на одмор, да седи во соба нонстоп. И не сум отишла на одмор да готвам нонстоп манџи, тоа и дома го правам. Не викам не, ќе спржам нешто и ќе јадеме во апартман, ама да не треба грав да варам таму зашто има и такви. Па еб... таквиот одмор да се стискам едно или две гира во 10 дена да изедам. Затоа со такво друштво на одмор повеќе НЕ. А да се разбереме, за перење купаќи не зборам.Тоа и јас го правам. Сум ги перела купаќите по бањање секогаш.
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мислев темава е за работничките права на жените, нешто колку годишен одмор и следува или слично (facepalm)
    Секој со своето. Или треба да им се забрани на оние кои не можат да си приуштат хотелски одмор на море, воопшто да одат? Придобивките од море далеку повеќе вредат од една сварена супа или испрани купаќи кои секако треба да се заперат, не верувам во хотел некој друг ги пере :D Мислам дека сите сме самите свесни за што се одлучуваме и што одбираме при одмор, на таа жена не и треба некој да ја омаловажува нејзината одлука. Па јас со другарки речиси секогаш кога одиме, сами си готвиме. Мој одмор е, ако не ви одговара и онака не идеме заедно што ме брига :D
     
    На elimkd, Victorian, MilaP и 10 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Пак се мешаме во туѓи штипки.
    Убав е одморот на просечната македонска жена, а просечниот македонски маж ако е малку маж ќе и помогне и жената нема да трча сама за се.

    Секој си го планира одморот според буџетот и желбите. Сме биле на секакви одмори , секоја година моите не носеа на море, без скокнување.
    И секогаш изборот беше апартман пред хотел, а имавме/имаме можности да си приуштиме. Не дека мајка ми ќе се истепеше од готвење, туку јадевме што ќе ни текне. Ќе пробавме од се по нешто, кога во некоја таверна, пицерија, ресторант, па и дома.
    И кога ќе ни зготвеше нешто дома, најчесто било нешто на брзинка, колку да се апне, било со задоволство, а не со мачење. Фамилијарните одмори ми ги будам наубавите спомени и сеуште кога ќе се спомне шеање некаде со моите не одбивам. Среќа и на мм му одговара друштвото,па одиме сите.

    Во хотелите не ја сакам ограниченоста со време, на одмор не сакам да ме буди аларм, макар сум станала во 6 часот наутро, ама сама, без обврски.
    Најчесто за летување избираме опција без јадење, евентуално само доручек, не сакам да сум врзана за хотелот. Сакам да шетаме, да вкусиме од се по малку.
    Додека на зимување сакам алл ин,не скијам, и не ми претставува проблем и онака поголем дел од денот го минуваме во базент/спа.
     
    На JuLleE, Salome, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сфатам вакви муабети бидејќи истите ми се еквивалент на пикање на носот каде што не му е местото, читај: ѕиркање по туѓи дворови и водење грижа за туѓи сметки.

    Немам ни дечко, па сакам ни да размислувам за брак и деца уште отсега, и затоа ќе се земам пример себеси како дете. Едно дете сум, и моите секогаш ме носеа во Грција пошто како мала имав проблем со синусите, а Јадранот никогаш не ми годеше (два пати отидовме таму и два пати дома се вратив со 40° температура). Сме оделе и по хотели, сме оделе и по апартмани, и разликата била во тоа што во хотел мора да си под час - тогаш стануваш, тогаш појадуваш, па трчаш назад од плажа за ручек и сл., а во апартман кога ќе ти се станува ќе станеш а кога ќе ти се пријаде ќе си зготвиш нешто; додека истото е тоа што во секој случај, каде и да сме биле сместени, мајка ми ќе си запере нешто ако треба, па може и да купи и призготви нешто, сепак со дете оди, а и татко ми секогаш за сѐ и помага. И секогаш повеќе сме сакале апартмански смештај, и секогаш ни било прекрасно, забавно, и опуштено, па дури и сега, на 20+ години, со мерак би си истерала некој ден одмор со родителите.

    И јас не гледам ништо лошо, страшно, ниту срамно, во тоа да си земеш од дома кило-две патлиџан или пипер или краставици, и некоја супа и макарони, и некои ситни дребулии (другово може и таму да си купиш, зеленчук најубаво ми е од дома зошто знам дека е свежо и најважно - не е прскано), и таму да си зготвиш. Ниту ќе ми отиде којзнае колку време, ниту ништо. И за перењето исто. Ќе се вратам од плажа, дури да ја ставам водата за супата или макароните да зоврие, за тие 5-10 минути ќе се истуширам и во исто време ќе си ги исперам купачите, па ќе излезам, и дури супата и макароните да се проварат ќе ја направам и салатата. Ете ми ручек, а ич не сум се намачила. Ако дента и за тоа ме мрзи, ќе си појдам во некоја таверна, дали гиро, дали пица, што и да е, ќе помине, стомакот нема да е празен, нели.

    Е сега, тоа што ова што го наведов погоре на некои уважени севишни госпожи им е претешко, јер они дома краљевски режим тераат и додека 24/7 седат некој ги лади со палмини листови, па и на одмор сакаат да им е сѐ сервирано на сребрен подавалник, е сосема друга приказна. И тука не се работи за толку фрапантна разлика во финансии, туку за карактер и претерување. А тоа никако не е исто.
     
    На YoungandBeautiful, Victorian, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Па ако не водиш грижа за туѓи сметки и дворови, што ги викаш некои од овде уважени госпоѓи што им е претешко и имаат кралски режим и слично? Врти-сучи, сите гледаме за другите, иако не го сакаме може тоа :?:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кутро дете родено во семејство каде родителите само сакале дете, а не мислеле што и како ќе можат да си дозволат да му пружат.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Се расправате за џабе. Појаснувате екстемни ситуации (не дека ги нема) но во суштина реалноста е некоја средина. Златна средина.

    Како менталитет сме такви, ретко во што уживаме и го правиме со мерак. Претежно го правиме за народот/сликање. Посебно сликање за на социјални мрежи во денешно време. Најреално, ретко кој се одмара на одмор, претжно гледам/слушам пренамагање од двете екстреми и не ги разбирам не ли им е криво што си ги трошат годините за глупости. Едните парите другите живците за да уштедат пари, кои реално ги имаат.

    Нема да ви навлагам во дебата и објаснување зашто не гледам поента.

    Сум била на одмори и вакви и такви. И луксузни и скромни. И на едниот и на другиот можеш да уживаш само ако сам си напраиш да уживаш и да се одмориш. Ви спротивно ќе ти биде измачување.
     
    На JuLleE, Novecento, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ај сега ти, виде пред малку дека за трудноќа не треба многу, само една мала збунка :D
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.644
    Пол:
    Женски
    И ние по дома си ја пуштаме ногата колку и е чергата. Мајка ми и татко идат по месец дена на одмор во Охрид зошто повеќе им е битно подолг период да се надвор од градот, отколку за тие пари да идат 7 или 10 дена во Грчка. Јас идам 10 дена во Грчка со друштво за разлика од нив, што знам таму ми е поинтересно него ли во Охрид. Носам 20 пара гаќи пошто нејкам да перам, тоа што ќе го испрљам го ставам во кеса и го перам дома. Тоа што ќе заборавам од дома да земам го купувам таму. Носам нешто ситно за јадење пошто не ми е идејата манџи да готвам на одмор. Впрочем во Грчка меѓу другото идам и нивните специјалитети да ги јадам свежа морска храна а не грав и компир манџа. Пола море до сеа имам искркано па за синусиве клети не ми помогнало. На одмор идам да се опуштам без да се притесњавам 10 дена мајке ми ќе јадам у кафана па макар запек ме фатил од сува храна. Останатите 355 дена ќе јадам манџа дома. Ги приметувам и моите последниве години не готват во смештај толку како порано. Може нешто доручек на брзника или вечера ама за ручек обавезно си милуваат да седнат у кафанче како луѓе.
    Кредити до сеа не сме дигнале за одмор ни ја ни моите. Во 30 години само 3 лета не сум била на одмор, и не се задуживме во банка преживеавме без одмор тие 3 години.
    Не ми е јасно како не им е мрско да се враќаат у смештај манџа да готват и 2 саати да квачат над шпорет. Еве не знам, не можам да си го замислам одморот у кујна да дремам и да готвам наместо на плажа да се пржам на сонце и ноџињава у плитко со пиво у рака да си ги шлапкам. Сум гледала со по 10 леба како идат на одмор а лебот иста цена ко и тука чак поубав дека свеж сабајле коа ке ти замириса од пекара.
    Одморот е да уживаш и да се тргнеш од секојдневието тука а не тоа па тоа кујната, перењето и манџата 10 дена таму.
     
    На 1209, cresa-jagoda, celineparis и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    А кого тоа оттука нареков како и да е?
    Ама баш никого не посочив, ниту пак на некого мислев.
    Не изразив мислење за ничиј начин на летовање, зошто едноставно не ме интересира. Го кажав своето.
    Тоа што ти погрешно си ме разбрала е друга работа. :)
     
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ту бре, драга, немој вака, ќе излезеш дека си од кралско семејтво :D. Јас само купаќите ги заперувам, а друго не перам на рака таму, особено не гаќи, си ги ставам на вриење во машина кога ќе дојдам од одмор. И да, јас моите извалкани алишта во ќеса ги собирам. Ете јас така правам. Секој за себе си знае секако.
     
    На TheSecret, Dust, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Da ,da,tokmu taka....
    Site budali ovde,nikoja ne saka ,,nodzinja vo plitko da ladi"...budali,sarmi vitkaat i grav varat.
    Abre dete...se sto leta ne se jade.
     
    На TheSecret, Victorian, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никој не рече дека тие што готват на одмор дека варат токму грав :^)

    Отидовте предалеку
     
    На Brojka, YoungandBeautiful, faye и 12 други им се допаѓа ова.