Не сум тука за интерни форумски шеги. Пишувам за родители кои од чиста желба за дете се решаваат да го имаат, а со средства слабо стојат и после смислуваат 300 изговори зошто се финансиски принудени вака или онака да постапуваат, да ускратуваат од ова или од она за да можат да си дозволат нешто друго. Тешко на дете кое расте во таква средина во 21.век, да не си му во кожа.
Па и перење на одмор. Дај ве молам. Кој тоа пере на одмор или оди со два пара гаќи? Одите во крајности. Тој што нема пари за веш не може да си дозволи одење ни до Дојран. Ама не е за потсмев, туку за жалење.
Една членка во првите постови пиша: зарем гаќите или валканите алишта во ќеса ги собирате. Ко да е тоа чудно нешто или страшно.
Бог да чува, како ја направивте темава... Јас сум 20+ и до сега кога сум одела со моите на одмор секогаш биле со апартмани (зборам за Грција). За доручек сме купувале основни намирници како леб, зеленчук, овошје, некое саламче/кашкавалче, јогурт и слично. Тоа е нашето "готвење". Ручекот некогаш гиро, некогаш макарони, некогаш супа. Кога почнав да одам со друштво на одмор истото го практикуваме. Некои ситници земаме од тамошните продавници, па на кој како му се јаде тоа си зема. Ручек обавезно 5-7 пати во 10 дена правиме. Под ручек мислам компири пржени, супа, салата, некои филети ќе испржиме и тоа е тоа. Да не сме цело време на суво и купечко. Пред 3 години кога бев на одмор, под нас имаше фамилија од 3-ца браќа со се жени и деца еден куп. Сите 3 жени секој ден ротираа во готвење, една доручек една ручек една вечера. Тоа беше живи смрдешници. Мажите кога одеа во Лидл да пазарат од кромиди и компири и месишта не можеа да се доносат. Па кога ќе замирисаше...отров. Башка што носеа од тука јадење. Имаа кујна само за нив и сите ги гледавме како готват и што готват. За перењето секогаш сум носела повеќе пара гаќи и чорапи, мењам секој ден ги ставам во кеса, не ќе ги перам. И онака кога ќе дојдам дома цел куфер оди во машина, без разлика дали сум искористила се од алиштата. Ако ми требаат многу ќе ги заперам на рака не ми е проблем. Сигурно постелнини нема да перам. Тоа сум го практикувала и со моите и кога сум одела со друштво/дечко.
Јас како не просечна жена по примања и одморски обврски, преферирам кампување. И додека за некој тоа е уаууу како можат, мене ми е уживање. Првото кафе го пијам на обала, која ми е на 1 минута од приколка. Во кампот кампуваат претежно исти луѓе и тоа ме релаксира исто така. Си имаме воспоставено некој ред и буквално одморот го поминувам во бермуди и маица. Нема шминки, нема штикли, нема дотерување. И варам и грав. Па што? Стави тенџерето, сврти партија бриџ, стани промешај, шлапни се во вода. Порано и на заедничка чешма миевме садови..по саат време, зошто миењето е со гратис муабет. Сега и посебен тоалет имаме, а некогаш и со затнат нос одевме во заедничкиот. И пак...па што Човек или е кампер или не е. Јас сум. На 5 минути пешки од приколката имаме стан. Се случува некогаш воопшто да не отидам во станот. Во хотели...да, одиме..ама тоа ми е одмор кога сакам изолација. Нема “ејј комшике ќе пиеме кафе“, нема играње карти замотани со ќебиња до 4 сабајле, нема заспал комшијата па ќе го будиме зошто ни е ќеиф... Тоа ми е поинаков одмор и се дружам со книгата, медитирам ..и гнетам како да ќе снема. Се си има своја убавина и за се треба расположение.
Отидовте предалеку. На одмор се оди според можностите. А секако и според потребите на детето. Океј, и на моите родители им треба бања ама тие првин ни угодувале на мене и брат ми а себеси се ставале на второ место. Јас сеуште не сум родител и за време на одмор не готвам чорби, ама ниту дома не готвам. Но, утре, за според потребите на моето дете ќе готвам кашички, супи, чорби и ич нема да мислам дека сум оштетена и дека не одмарам на одморот. На одмор одам според тоа колку финансиите ми дозволуваат. А имало години кога воопшто не сум ни била на одмор. Ама, сепак, мислам дека муабетот на @Gosh и беше дека: Па вака да ти кажам, од лично искуство. Последните неколку години со дечко ми тераме ептен мераклиски. Финансиите ни дозволуваат да одиме во хотели и ресорти. На одмор одиме за да го прошетаме местото, па секој ден различна плажа, секој ден различен ресторан, одмор во вистинска смисла. Кога одам во Охрид, појадокот секогаш е топла кифла од Вегера, за ручек уште некоја кифла на плажа и вечера во ресторан низ стара чаршија. Сме биле со уште еден пар во апартман во Грчка, за доручек и ручек носевме храна од дома, ама погоди што? Мажите готвеа, ние девојките ги миевме садовите. Од плажа сите доаѓавме, сите одевме заедно. Вечера во некоја таверна или гиро. Пак предобро си поминавме. На викенди татко ми прави скара, мајка ми само реди чинии и прави салата. Брат ми правел скара, другарките правеле кафе. Можам уште многу примери да наведам. Заклучок можеш сама да извадиш? Доколку ти или жените од твојата околина се до тој степен непочитувани од страна на мажите нивни, тоа е ваш проблем. А доколку ова го пишуваш јер си стекнала таков впечаток, што да ти кажам - засрами се. Јас утре за да му биде на моето дете се по кеиф воопшто нема да спијам, така да знаеш.
Мислам дека малку погрешно ѝ го разбравте постот (ставот) на @Gosh. Не беше во никој случај за ругање на сиромаштијата или некаков снобизам, осудување на самата жена или мешање во нечиј избор - туку како општ личен коментар за тоа колку жената ужива (според нејзина дефиниција за тоа „уживање“) во традиционален семеен одмор и нејзина желба за тоа да се подобри. И затоа во голема мера ѝ го разбирам мислењето. Читам цел ден и не можев да не пишам, смирете ја топката малку, нема зошто толку да се навредувате и иритирате
За ова си во право. Знам многу што имаат добри финансии и далеку се од сиромашни, а пак си се стиснати кога ќе отидат на одмор. Ние бевме на одмор со таков пар, пишав погоре. Значи не е до парите работава, туку такви си се луѓето.
Секој си ги пушта нозете колку што му е долга чергата... бар би требало. Јас па не можам да го сватам тоа цела година стискање и кратење задоволства за 10дена алл инклузив. Сакам тие 5-10-15 дена, колку и да се, се освен море и шетање да ми биде исто. Пошто не е свеједно од коњ на магаре да се симнеш, и тие 10дена кралски живот од глава да ти се удрат, коа ќе се вратиш.Еурокрем на пример вечерувам дома, шо има лошо да си земам едно пакување од тој што стандард го јадам и да си вечерувам таму? Облека носам доволно немам потреба за перење. Долен веш перам само пошто ете безвезе ми е нечист во кеса да го чувам. Купаќи и пешкири перам обавезно, нема смисла со песок на нив пак да ги употребам. Ние одиме секогаш во апартмани, не во хотели, и сакаме да ги шетаме и околните места. Нормално има и денови кога го шетаме местото кај што сме сместени. Додека јас перам опрема од плажа, мм праи нешто на брзина. Па ете не го рачунам тоа за мизерија.
Зошто да се смири топката? Па ако сите мислиме исто и си ја подаваме полека топката, нема да има ни дискусија. Жена која дома ги има сите обврски, ќе ги има и на одмор, а гратис и е бањањето. Жена која дома има помош од маж, деца, ќе ја има и на одмор, а повеќе ќе се бањаат зошто секој своите купачи ќе ги пере. Значи, ако е жената онаа која се прави, не и е утнат одморот, туку животот или соживотот.
Леле, Божееее, сарми се виткале на одмор... Хаха!!! Од кај ги вадите примериве ај, јас годинава на одмор ќе правам ајвар, на ќумбе пред апартман, оти сум просечна македонска жена... Хихи
Ете, со моиве кога сме иделе по одмори баш убаво сум поминувала. Сме биле и она во хотел алл. Се е океј, единствено што ми пречи е што јадењето временски е ограничено. Пример: во 10h е доручек, а тебе ти се спие или си на плажа тоа време. ( ова се однесува и за ручекот па и вечерата). Сме биле и во приватен смештај, баш ми е океј за разлика од хотел. Стануваш кога сакаш, јадеш кога сакаш.. Имаш кујничка, вц сопствено. За јадење се готви, ама и искочаме и на јадења. Нема само готвење. Е, ама и камперски одмор ми е убаво. Последниве години тераме камперски или она со приватен смештај. За алишта, гаќи и слично што не е чисто, се става во кеса и потоа идам дома и цел куфер на перење. Без оглед дали е нешто носено или не. Секој си знае за себе, колку и како може. Познавам едни што имаат премногу, па секогаш тераат камперски одмор. Не се стиснати,, ама ете обожаваат така
Јас ќе мрчам така да, ако не ви се допаѓаат моите ставови, слободно скокнете ме Да, македонската (или подобро- балканската жена) оди на одмор за да се умори. Мажот е тој кој со пивце кулира на плажа, жената е таа која готви, пере, трча по деца. Убаво што познавате мажи кои готват и средуваат барабар со жените, ама од тие јас што ги знам, на повеќето ќе им се усушат рацете ако фатат кутлача или полошо-сунѓер за да измијат садови. Децата од одмор се враќаат наиграни, мажот релаксиран а жената капната. Да, преку глава ми е од тоа македонското „мора да се оди на море, па макар јаделе леб цела година“. Има луѓе кои имаат, кои одат каде сакаат на одмор и тоа е тоа. Јас имам проблем со оние кои немаат, земаат кредит (да, лично познавам такви луѓе) и после цела година се пребројуваат. Пред некој(а) да ми скокне дека се мешам во туѓи финансии и туѓ живот, ќе објаснам зошто јадам бурек- затоа што самите тие ме прават дел од нивниот живот! Кој сака нека штеди цела година за одмор, тоа не ме засега, нивен извор, нивен живот. Но, кога тој некој уста не затвора преку цела година и констатно лелека за тоа како нема пари, како се е скапо, како платите се мали и како тешко се живее ама штом дојде лето МОРА да отиде во Грција или Турција на две недели, епа ќе коментирам. И не само што ми смета, туку како што поминуваат годините, почна и да ме фрустрира тоа однесување а не е само една личност во прашање. Е сега, во реален живот не можам да стројам луѓе зошто јас ќе испаднам ненормалната, затоа на темава си ги кажувам (лечам, де) фрустациите.
Да кажам, да не кажам Вистинска случка е, ама ви ја кажувам да се насмееме ( без морализирање и деморализирање) Жената секој ден на плажа, мажот готви, спрема, не оди на плажа. Во соседниот бунгалов, обратна ситуација, мажот на плажа, жената готви, спрема. Епа...мажот од првиот пар и жената од вториот, убаво си поминале Ако ме лажеле, ве лажам
не такаааа... прави се што може да се напраи на уредот за готвење што го имаш во апартманот, да ти се исплати пошто струјата не ја плаќаш таму па троши ја максимално
ептен ме насмеа со муабетов. Ја им верувам, може си нашле заеднички јазик. Знаеш: "Оооо комшија ручек, а? Вегета имаш да ми го зачиниш животот, овај ручекот де".
Ние кога одиме на одмор,претежно кај Јужниот сосед,зошто највеќе ни одговара за со мало дете,не тегнеме многу храна,само основно за малава и за нас нешто ситно. Таму не готвам ама баш ништо,освен кафе што вариме интоа се мењаваме еднаш јас ,еднаш сопругот. Да пржам компири,да варам грав и манџа нема шанси,впрочем и сопругот не ми дозволува. За алишта перам само купаќи после плажа, може нешто ситно за малово,друго не,после,дома цел куфер на перење. Мојот одмор е баш одмор,стануваме ,еден вари кафе,друг облекува дете,па еден поставува маса, друг раскрева,па еден спрема торба за на плажа,друг спрема кофички дрангулии за керче Кога се враќаме од плажа исто,ееен бања дете друг поставува маса,еден пружа пешкири,друг пере купаќи,еден спрема оброк за дете,друг рани и.т.н се наизменично со сопругот. Има мажо што освен пивото и да наредува цел одмор на жената не знае друго,впрочем и дома се исти. Имаше едни до нашиот апартман секојдневно вареа манџа,грав оти мажот не признавал оброк ако не заигра лажица. Жената пржеше компири ,децата многу сакале,а тие средношколци,за гревови ќе им се преврти во стомакот ако не каснат помфрит,а мајка им ако иѓ виси 2 саати да ги пржи тие додека се излжуваат. Или на плажа кога ќе ги видам макаат пржен пипер ,е тоа не го разбирам! Комшиите се чудеа што маж ми цело време беше вклучен во активностите,жената викаше,вака прв пат гледам,си зборела со господ за да имаш ваков маж,значи таа е навикнатаа да гледа како нејзиниот......