Темава е многу навредливо поставена и една членка успеа со еден пост да го навреди пола форум, честитки
Дали поради тоа што тој сакал да јаде леб и кашкавал и ти си била принудена да го правиш истото? Не, си јадела гиро. Тогаш зошто тој да биде принуден да јаде гиро зашто ти така сакаш, а тој ете не сака? Иако сте отишле на одмор заедно, не може да очекуваш дека се’ заедно ќе правите. Нема што ти да коментираш за тоа како тие треба да си го поминат одморот. Нареден пат одберете си друго друштво па одете во глутница насекаде. Покрај тоа што не треба да одат на одмор со штедење, сиромаштијата не треба ни деца да прави. Па мислам да ја затвориме темата, се’ е кажано.
Па тие сакаа да одиме секаде заедно. На плажа, на шетање, па и за јадењето. Јас не можам да ги одбегнувам и да се кријам. И фала што ме просветли за следен пат. Ту бре. Ќе си бараме кучиња и ќе одиме во глутница
Ако веќе одиш на одмор, оди и помини си ко човек. Јас така го разбрав муабетот на Гош. Јас сум таков. Ако општо нешто сакам (не мора да е одмор) и не можам да си го дозволам ко што треба, не се ни трудам да најдам некоја поскромна замена која ќе можам да си ја дозволам. Е сега не мора да значи дека жената не си поминува убаво. Знам фамилии каде што мажот готви, пере, чисти, а жената надвор книга си чита.
Колку сте сите дволични. Да можете да си дозволите ич око нема да ви трепне, ќе си се прчите негде ол инклузив. Сакале они да готват, на мајките не им пречело да готват... како не, уживајте си само и тешете се. Прашајте ги мајките како им е што мора да готват и на одмор или уплатете им еднаш ол инклузив да се одморат ко што треба еднаш во 30год.
Многу неубав муабет. Да се биде родител бара големи жртви и огромна несебичност. Додека не се најдете во нечии чевли, подобро не коментирајте.
Види, не остана на тебе да кажуваш дали треба или не треба. Секој ги проценува работите од своја перспектива, пример, на елитите им одговара сиромаштијата да прави деца. Ама е непобитен факт дека такво дете константно ќe се соочува со полоши услови од негови врсници (освен ако нема некоја вонсериска среќа), што подразбира многу повеќе hard time во животот.
Нејзина дефиниција за уживање може да кажува за себеси, што она сака, како она лично доживува вистински одмор, а зборување во туѓо име може само да се окарактеризира како мешање во туѓ живот и изведување заклучоци врз основа на личните претпоставки, кои многу често се невистинити и со самото тоа навредувачки. Ако сакаш да кажеш нешто без да навредиш некого, одиш овака некако: ' јас сметам дека убав одмор за секоја жена е да биде алл ин, ама гледам (некои) жени и готват и перат на одморите. Се прашувам дали тоа прават од што сакаат или од што морат'. Имавме една слична дискусија лани во +-40, јас се изјаснив дека сакам да правам и готвам најмалку што можам. Освен она што мора да го направам, друго не сакам да правам. Инаку, не сум тип кој секое слободно време поминува во кујна и не уживам во готвењето, ваљда со малите деца ми е преку глава од истото редовно готвење дома, така да на одморите што е можно повеќе купечко јадеме. На бебиња сум им давала купечки каши, ние купувавме или јадевме надвор, просечен одмор теравме мада со децата пак е повеќе замор неголи одмор. Барем последните години оти се некое е мало. Станување, средување децата, јадат, ги мачкаш со млеко за сончање (е ово ми е едно од најизморувачките делови), одење на плажа со сите тие тракатанци за деца, таму не можеш да легнеш и читаш книга нели, туку се си со нив во покрет, се враќаш оти станува јако сонце, па потоа попладнето од почеток истото. И плус заедно со сопругот сме во се. Офф, ич не ми се иде на ваков одмор, плус со алергија на сонце што ја имам. Да сум сама вистиндкиот одмор ќе ми биде, хотел алл ин, ќе идам на плажа со книга, ќе пијам кафиња па и алкохол во ладовина, вечер ќе шетам до колку сакам. Доручек ако прескокнам нема врска, пак ќе правам што сакам. АМА! Ама, ако имам можност за да се заморувам, ради децата, оти тоа е здраво за нив, оти они уживаат, ствараат спомени, а и ние секако уживаме гледајќи ги нив дека уживаат, секако дека ќе одам! Жена, мајка, сопруга ги прави некои нешта кои можеби ја физички изморуваат, ама е среќна оти саканите и се среќни. Ама па и таткото и тој се жртвува. Барем последните времиња донеле големи промени за вклученоста на таткото во семејството и сите обврски, се руши тој стариот менталитет дека жената е за дома, маж за во кафана. Мада, луѓето секогаш зборуваат и ќе зборуваат. Мене сигурно можат да ми кажат каква немајка сум да давам на децата 7-10 дена купечки каши нели?
Мислам дека не ја сфативте поентата на Гош, таа само сакаше да каже, т.е праша колку жената навистина се одмара кога е на одмор со семејството. А кај нас, традиционално жената е онаа на чиј грб се 90% од обврските, па и кога семејството е на одмор. Реално, според мене, одмор подразбира буквално одмарање, без било какви обврски. На одмор одиш да смениш околина, да се тргнеш од домашните обврски, да научиш и видиш нешто ново. Да, јас не сакам да готвам на одмор, сакам да уживам, за тоа е одмор и трае десетина дена, не цела година. Па тогаш целото семејство одмора, зошто жената пак да биде жртва за сите, како што е најчесто? И не, не верувам дека некоја жена на одмор со радост готви, тргнувајќи од себе. Идеален одмор за мене е road trip ако се прашувам јас Ама со мали деца идеално е алл ин во хотелски комплекс. Да, затоа што не мислиш за јадење, плажата е тука, имаш и триста други занимации ако им стане досадна плажата, башка што ние како родители буквално уживаме во детските игри заедно со децата. Реалноста наша за жал е дека одморот стана луксуз, а всушност е потреба и право на секој човек. А во темава не мора да се препукувате за тоа кој како живее, кој на каков одмор оди, оти сите знаеме како најголемиот дел од луѓето кај нас одат на одмор. А голем дел од вас сигурно паметат дека Грција не ни беше секогаш вака достапна, Албанија не беше ни развиена, Бугарија не ја сакаа многу, а Јадран не се одеше поради војната...
А бе во денешницава повеќето гледаат да поминат поевтино. Дали е одмор или секојдневие не е важно. Барем така се одвива во средината каде што живеам. Колешки од работа, пријателки, роднини, воопшто не ни биле на одмор за каков се зборува во темава. Јас гледам да заминам некаде на 5-6 дена. Дали биле Хаваите или некоја планина најблиску до мене ич не ми е важно. Онака колку да се излуфтирам и да го релаксирам мозокот од секојдневието. А обврските кои ги имаме дома ги носиме секаде по нас. Ако мм ја спрема ќерка ми секој ден за во градинка и на одмор ќе ја облекува и соблекува. Ако јас сум личноста која ги капи децата тогаш тоа ќе го правам и на одмор (освен ако не си земам жена за чување на децата). Обврските спрема мали деца се преголеми за да можеш цел ден да читаш книга. Ако тие станат во 6, нема спиење брате! И ти стануваш па макар и во Шпанија да одмараш. Во однос на готвењето, не готвам кога сум на одмор ама и јас влечкам Чоколино, бисквити, Аргети.... Не заради нешто друго туку затоа што им текнува во 00,00 дека им се јаде па ако немам ништо при рака наебавме . Штипки не носам а чинии си купувам пластични и фала пријатно , не планирам да мијам. А ако немам пари квалитетно да одморам 10 дена ќе одам само два дена и со тие 300е ќе си поминам како царица. Така барем размислувам јас. Секој со својот став ама во секој случај одморот е одмор. Жално ее да одиш на море или езеро и наместо да се сончаш да печиш пиперки или да готвиш месо.
Се слагам со се што си пишала...ама ова не ми беше јасно... Цел ден сте на сонце? Нели ги следите препораките од 11.30 до 17.00 да не се излегува на сонце...па и со мали деца.. П.С...ова не е критика, туку чисто се интересирам како другите функционираат додека се на одмор. На пример ние се прибираме во 12 00 најдоцна, туширање и планираме што ќе се јаде.Ако има расположение се оди да се ,,седне,, некаде....ако нема, се пржат колбаси..
Јас сум многу прилагодлива личност. Фамилијарно секогаш сме оделе во хотел, рано се будам и сакам ред, па никогаш не ми пречело да станувам рано за доручек или да се водам по некој распоред. Кога почнав да одам на одмор со друштво/ дечко, секогаш одиме по апартмани. Си наоѓам уживање во се, можам инстант нудли да јадам секој ден и пак убаво да си поминам. Иако не сум човек за лежење на плажа, порадо би шетала низ Европа по евтини мотели и хотели најдени на booking, отколку во хотел со пет ѕвезди во Грција. И така би, додека можам. Со деца е покомплицирано. Ако за некој одмор е секој ден да готви, да пере, пегла, што има врска. Ниту па е толку голема жртва децата наместо на море да одат до Дојран. Секој со своето.
А мене не ми е јасна една работа. Каде ги наоѓате тие мажи без никаква почит? Штом на одмор е таков, и постојано е таков. Не можам да разберам како една жена може да дозволи мажот само да и наредува со пивото во рака и утакмицата на телевизија додека таа се справува буквално со се'? Минатата година не бевме на одмор, оваа година исто ќе биде најверојатно. Едноставно не можеме да си дозволиме и тука престанува целата дискусија. Ама кога и да сме биле, не ми е тешко да ги исперам неговите купачи (само тоа перам на одмор, другото оди во ќеси за дома во машина), како на него што не му е тешко да спржи јајца. Зошто воопшто основате фамилија со вакви "алфа" мажјаци што немаат почит и разбирање за ништо друго освен за себе? Зошто се да е на грбот на жената, без разлика дали е одмор или не? Ама чуден менталитет има нашиов народ. Задоен и израснат со такви чудни размислувања.
Референтка ние сме охриѓани, не се плашиме од Сонцето . Шала на страна... Не ги почитувам тие правила. Од 12,00 до 17,00 единствено не излегуваме да шетаме а за на плажа не ни размислувам. Во секој случај дете станато во 7 наутро, во 13-14,00 ќе легне да преспие. Син ми има 9 год. и уште така функционира. Самата вода го изморува. Секој со своите навики ама не одам по препораките на СЗО. Гледам да бидат во вода што е можно почесто и да пијат течности ама забрана за плажирање немам во ни едно време. Инаку моите деца имаат изразито црн тен и никогаш не горат. Тоа е важно да го напоменам во муабетов
Јас да излезам во 12 на сонце, ќе морам да заборавам и плажа и одмор. Парацетамоли во рака и кисело млеко за мачкање грб може да ми ублажат болка под сенка само
И јaс мислaм декa гo извртевте мaлку муaбетoт нa Гoш, aмa сееднo. Кoгa би oдел нa oдмoр би oдбрaл дa бидaм сместен вo хoтел. Не сaкaм дa гoтвaм, перaм бaш тoј периoд. Сaкaм дa легaчaм, дa се плaжирaм, дa шетaм пo цел ден. Акo не мoжaм дa си дoзвoлaм не би ни oдел нa oдмoр. Мене ми е вaжнo кaде ќе oдaм нa oдмoр. Не сaкaм дa oдaм нa некoе местo кoлку сaмo дa се кaже декa сум бил нa oдмoр. Вo Дoјрaн и дa ми дaвaaт пaри не oдaм, зaтoa штo ми е веќе виденo. Знaчи не плaќaм хрaнa и сместувaње зaтoa штo имaм oбезбеденo, aмa не ми се oди и aкo немaм другa oпцијa ќе си седaм дoмa и никoму ништo. Ќе дoјдaт пoдoбри времињa. А, дa гoтвaм, дa перaм и дa пустaм не дoaѓa вo предвид. И зaбoрaвив дa се нaдoпoлнaм, би земaл кредит зa oдмoр штo дa не. Акo сaкaм дa oдaм нa некoе пoдaлечнo местo, a немaм дoвoлнo сoбрaнo пaри ќе земaм и ќе oдaм. Акo сум земaл знaчи мoжaм и дa гo врaќaм, меѓутoa услoв зa дa нaпрaвaм вaквo нештo е ништo дa не ми фaли пo дoмa. Нa пример, aкo требa дa купaм нoв мебел нoрмaлнo декa ќе земaм мебел. Пoвaжен ми е мебелoт oткoлку oдмoрoт.
@referentka и ние се водиме по препораките. Т.е со моите од мали фукционираме на овој начин, па така и продолживме. Плажа до кај 12-1. После некаде се руча, или се шета, после 4 се враќаме пак на плажа. Не го испревртевме муабетот на Гош, јас убаво ја сфатив. Само што беше кажано на многу деградирачки и навредлив тон, има и друг начин да се објасни ситуацијата.
Тоа е одморот на една просечна македонска жена (ова просечна @joy1 сфати го како мнозинство а не вреѓање) и иако првичниот пост малку навредувачки делува, кога ќе размислиш така е. И поинаку со просечна македонска плата не може да биде. Нема да падне круна ако се признае, нели? Некогаш е до пари, некогаш е до менталитет. Жената треба да готви оти сува храна не е јадење, детето ако сака пржени компирчиња треба да му направиш оти може курето да му падне Греота, каква мајка си? Мажот купаќи да пери? Што ќе правам од 12:00 до 17:00 дури е најжешко, оти да не зготвам нешто? Станата си од 6, да направиш појадок, да спремаш за на плажа, да фатиш место во први редови за да можеш детето да си го гледаш дури шлапа во вода...од 12 до 5 ќе спиеш, ќе одмараш, ќе читаш нешто, ќе слушаш музика...што да е, оти друга тура плажа те чека а и за таму имаш обврски, зошто да не одмориш? Ама не, каква мајка сум ако лежам на кревет или уживам во што да е дури децата и маж ми кифли јадат со сирење? Секој со своето, само некогаш програмирани сме за некои работи и мислиме дека поинаку не може. Може, и без готвење со помалку пари и маж да "превоспиташ", ама мислиме дека така треба и дека не ни е тешко оти од љубов е. Од љубов нас зошто некој не не' жали?
Годишниот одмор е широка тема. И многу различни работи за различни луѓе се битни. Секој оди на одмор од различни причини и потреби. Семејство со деца и друштво слободни или парови се скроз 3 различни склопа и различно функционираат, под тоа патем мислам и на индивидуално. All inclusive некаде, нема врска со all inclusive на друго место. Па така all inclusive во Грција, е хотел со 2* во Турција. All inclusive во Турција е светска работа. Ама сум претпочитала, airbnb и денот да го организирам по моја воља. Јас не одам на одмор за да се печам на плажа по цел ден. На плажа одам рано сабајле до пладне, остатокот од денот го истражувам местото, островот, што год да е. И да не готвам пак би била уморна, ама јас тоа го сакам. Перам. Се перам. Лично, не можам да собирам гаќи 15 дена и истите пак да ги носам. Перам купачи и перам алишта, летните бар се лесни материјали. Оставам непрано, единствено ако сум понела некој деликатен материјал. Сакам да пробам традиционална храна каде и да одам, ама дел од одморот не ми е м'ско да готвам. Без супа не може да ми поминат 2 дена по ред. Доручекот мора да ми е банана и житарици. Иначе запек. Епа за свое здравје ич не ми е проблем да си спремам нешто или да зготвам, па ако готвам здраво за мене зошто да не и за дм. Кога ќе имам деца, друг ќе биде муабетот. И пак во различни периоди од нивната возраст различни се обврските. Дм живее на остров. Кога сум таму преку лето, останувам преку месец. Тој зема слободни така што со викенди му се фатат 10 дена. Кога е слободен, секое сабајле сме на различен дел од островот, после пладне дома во најтоплото скриени, после 5 пак негде шетаме. Кога е на работа, сама истражувам, воглавно во близина. Проблем неам. Човек на се се прилагодува. Дури и кога одиме на другите острови околу, обавезно носам овошје и житарки со нас. Оброци можам да имам секој ден кај неговите и воопшто да не готвам. Не сакам. Сакам и сама да готвам. И секоја личност е индивидуа за себе. Додека за некој одмор е целодневно печење на плажа, за друг не. Јас мислам ако одам на одмор и не го прошетам цело место и секое сокаче уздуж и попреко, тоа одмор не е. За мене годишен одмор по дефиниција не значи дека јас не треба ништо да праам туку само треба да одмарам. Секогаш бирам ново место за одмор и времето го организирам така што поголем дел од него ми е истражувачки испланиран. И ако некој спрема манџи, нека. Ако тоа е единствен начин да види море, што да не. Па нека спрема и на плажа ако сака. Ја исто не знам кај ги наоѓате тие мажи што мува не ги лази и што се оставаат на жената. Знам дека стереотипот балкански маж постои, ама ја уште не сум сведочела на тој тврдокорен синдром лично. Ги напраивте нашиве мажи ко за помош околу семејството да не чуле. Сметам дека не е баш така.