Ај да не се лажеме и правиме светици...демек ниедна жена и мајка не сака да оди раат на одмор, друг да и зготви, друг да и испере, да поспие кога сака, и да се избања кога сака... Еве ако навистина на вас не ви смета таков одмор, јас јавно кажувам дека ми смета и дека преферирам да одам на одмор на раат со поинакво секојдневие од домашното, поинаку не е одмор, туку само сменета локација со истите обврски. Животот и околностите може ќе ме натераат сепак и да готвам и да перам додека сум на одмор, и да одам со патлиџани, но нема да се тешам дека тоа е ок и сум се одморила, бидејќи не е ок... од сиромаштијата кај нас критериумите се толку спуштени, што ако одиш во хотел или купиш зеленчук од местото каде што си, значи дека си некој богаташ, а во светот тоа се подразбира. Ако нешто што сакаме не можеме да си го приуштиме во моментот, не значи дека мора да се помириме, и да се тешиме дека е ок, туку треба да се мотивираме и потрдуиме да го добиеме тоа што сакаме.
Секако дека секоја жена сака. Проблемот е што не секоја може. И првото мислење во темава е навредливо за тие што не можат, а се трудат колку што можат да им овозможат на семејствата. Не зборуваме за тоа дека семејство со вкупни месечни приходи од 400 евра ќе оди на Малдиви, па да спомнуваме нозе и чергичиња. Да ги коментираме што отишле до Грција или Албанија со стегање е стварно ненормално.
Многу погрешна интерпретација на воведниот текст, мислам дека Гош алудира на поставеноста на жената во едно семејатво на балканот, кога мисли на просечно семејство алудира за мнозинството у мк а не како една македонската жена е просечна финансиски или пак проста, кога мисли на сиромаштијата алудира на реалната ситуација за најголемиот број на семејства во земјава а не дека ги потценуе. Реалноста е таа, сеуште за жал не е искоренета балканштината кај нас, мажот е глава на куќата а жената е робиња, мажот ужива со пиво у рака додека гледа фудбал а жената чисти, пере, готви, чува деца, зашто па жената да не биде со пиво у рака а мажот да чува деца и сите горенаведени работи, зошто да не видат поделени тие улоги рамноправно, зашто жената автоматски ја превземе улогата на домачица со самото стапување во брак?
Затоа јас на одмор ги носам свекор и свекрва, да има кој да готви Кога одиме во ресторан да има кој да плаќа Со маж ми си немам проблем, помага во све. Радо би отишла на одмор далечен каде што би шетала, но само јас и тој, каде што ќе имаме време и да се наспиеме. Дур не пораснат деца налет таков одмор со шетање. Сега за сега ми треба само ОДМОР.
Нормално е секој да си посака одмор од соништата на некоја прекрасна дестинација каде целиот ден ќе ужива без ниту една обврска. За жал многу мал е процентот на оние кои можат да си го дозволат. Но ако некој неможе да си дозволи себеси и на семејството таков одмор не значи дека не треба да оди на никаков. Ако се зготви нешто тоа не е којзнае колкав терет. Мислам на некое јадење што се прави на брзина за 15-20 мин. А да се пере и не мора освен бикини и такви ситници кои не одземаат многу време, може да се понесе доволно облека за предвидените денови и кога ќе се извалка да се спакува и да се пере дома.Освен тоа, мажот за што служи? Има фино да си ги измие сите чиниите одкако ќе се најаде затоа што никој не е должен да му биде слуга за џабе. Исто така, и тој ќе си трча по децата на плажа додека поубавата половина си ужива во сончањето оти и тој е подеднакво родител. Сиромашната жена ако нема пари има памет па може да си се постави така што нема сите обврски да ги превзема на себе туку фино ќе си ги подели.
Најмногу што ме зачуди во темава е што се очекува од жената да му ги пере гаќите на мажот. Зар сериозно вие што сте во брак им ги перете гаќите на рака на одмор?? Или да оди порано од плажа за да направи ручек, а децата да дојдат покасно. Па ќе се вратат сите заедно од плажа и потоа ќе го направат тој ручек. Ќе се стрпат малку нема да умрат од глад. Децата над 10 години, па и помали можат се што треба да заперат на рака сами и да си намачкаат една паштета. А мажот ако самиот има некој посебна желба за јадење што бара време, нека го одведе семејството на ручек, ако нема пари тогаш сам нека ја направи манџата. Лесно и едноставно. Јас сум научена вака кога сум одела на одмор со моите родители. И не сметам дека по едно гиро е луксуз за вечера, или до толку да немаш па да носиш леб од дома за 10 дена. Со оглед на цените во Охрид одредени места во Грција и Бугарија се многу поевтини и за сместување и за храна.
Деца стануваат истовремено, помеѓу 06-07. Прва, најтешка одлука, со кого да почнам. Ај на едното памперс па на другото. Па едното да јаде, па другото. Ако малку се затнати уз пат и превентивно да инхалирам. Малку препотена веќе, ама нема везе, лето е, и онака се поти човек демек. Да земам за нас појадок да спремам после него и по едно кафе. За да не се замирисуваат садчињата ќе зедам и да ги замијам. Иде на ред мачкање со креми и пакување на сите тракатанци за на плажа. Тоа 9 саатот и ми се чини втор ден како да почнал. Додека сум завршила со сето тоа и сите се намирени, ај за секој случај да сменам уште еднаш памперс пред испаѓање. Да ми се тргне од дневен ред. Со последни сили да ги наденам моите купаќи. Тогаш евентуално да се вмеша мм и вика ајде, уште ли не си готова. Од прееска седам и те чекам. Ќе се одвлечкаме некако до плажа. Среќа едното е бебе, па си придремува малку повеќе па да си поиграм со поголемото. Максимално искористено времето и уморни на пат накај смештајот околу 11. Мора првен деца да се намират, па нешто и за нас да спремам. Оти нели, што е набрзина спремање. Да не заборавиме туширање на едното па туширање на другото. Памперс менување на едното па памперс менување на другото. Сите најадени и намирени легнати да спијат а јас да замијам пак садовите и евентуално второ кафе да направам за мм. Се мислам дали и јас да испијам едно, ама мм ме охрабрува да седнам да одморам, да се напиеме заедно. Ќе г'лтнам кафето од нога, колку атер да не кршам и станувам да заперам.Кај купаќи па таму и нечисти алиштенца за децата. Мажот евентуално притисокот да го фатило или од сонце глава да го боли па мора да одмара. Таман се сум средила, поминало најжешкото, деца се наспале и пак јово на ново. Памперс, ужинка, спремање на ташни за на плажа, мачкање со млеко. За беља и малово е наспано. Па едно вика друго вика...и посакувам да сум октопод за да престасам се. Вторава посета на плажа значително пократка оти мм е уморен па сака порано да си се вратиме. Не ми се верува пак треба туш, памперс, ранење ама сега и ќе се спремаме за во бољи живот. Гиро ни е на мени навечер. Со последни сили ќе бидне и шетњата. Гледам саатот и веќе роботски почнувам со памперс ранење, едно па друго. Вечито на едно не му денот, па плаче, пишти. Да подумкам додека не се успие. Среќа од мрдањето и јас се клатам и тоа ме држи будна. Околу 22.00 деца заспале и конечно мир. Да посредам што е за посредување и во кревет. Малото кај 03 треба да стане за да јаде. Да си држам среќа да не му се игра и пее до кај 05. Мм мора да се наспие. Он оди секој ден на работа, уморен е, а не како мене дома седам со децата. И така. А колку ќе беше подруго мажот да речеше седни, барем едно кафе да ти сварам, продолжи да спиеш, јас ќе го наранам детево, спремај за децава јадење јас ќе намачкам нешто за нас... Лажам, не пишував за мене. Ама има, сум видела и сум била сведок на многу слична приказна. Доколку се бара некаков проблем, истиот не лежи ниту во просечноста, ниту во сиромаштијата,туку многу подлабоко во она чијашто суштина според мене сакаше да ја долови @Gosh . Пред се во поставеноста на обврските и сфаќањето на институцијата брак. Се подразбира дека го прави тоа за дечињата, се подразбира дека прави максимум од ситуацијата. Никој не го негира истото. Но да го возвишувам истото или да го оквалификувам како правилно за мене...не. Јас лично, за мене си кажувам, подобро сама со децата би тргнала на таков одмор. Кога ќе размислам ич не би го ни трпела, општо, во животот.
Јас ке си кажам за мене. Одмор помалку од 12-15 дена не ми е одмор. Ако готвам, перам, кревам и поставувам маса, да му се плукнам на одморот. Ич не одам и дома ке одмарам 12 дена, нема ништо да работам, само ке спијам, ке се истуширам и ке излезам надвор да јадам, бар поефтино ке поминам. Мајка ми од др страна пак да може и леб од дома да земе. Свашта. 40 дена бевме на одмор после операцијата на мајка ми. 4 деца со неа. Стануваше прва од 5 и 30 да замеси, да зачисти, да запере. Станувавме ние кај 7, директно на маса и на плажа. Во 12 се враќавме и мајка ми додека ние се истуширавме, исушевме ... таа веке спремен ручек имаше. Во 16 часот пак на плажа до 19. Се вракаме, мајка ми пере, готви, чисти, средува. Божееее Ние или пред тв или во двор или на прошетка. Докротот и рекол да оди на подолг одмор. Е тоа е одморот од мајка ми. Татко ми пак е како мене, оди да одмори и да ужива. Пред 2 год свеки за Дурс од Гв влечкаше домати, краставички, месо... иако знае дека цените се се исти па и поефтини. Ама не овде ке се ценка на пазар, ама цел гепек ке го преполни со храна. А свекор ми па еден бектеш што е, се таа да служи, се таа да готви и да вистина е готват и грав и манџи и пржат со помфрит со саати итн. И кога се вракаат дома, тој одморен, а таа премалена. Тој има замерки за се, таа задоволна што фатила боја и влегла два пати во вода. На ова мислеше ГОШ кога ја започна темата и да во право е. Така македонската жена оди на море. Не мислеше таа на мајките кои се приморани да одат на море поради детето, туку општо на македонската жена ко мајка ми и свеки. Имаат и двете пари да си одат раат во хотел, ама едната не сака, а другата мора да го почитува она што османлиите ни го наметнувале 550 год.
Ако жената е слугинка за време на одморот тогаш таа жена е во иста ситуација и секој друг ден во годината и тука веќе се работи за генерално непочитување на нејзината личност но тоа е веќе друга тема тема од типот колку македонскиот маж е спремен да и помогне на жената во домашните обврски. За среќа кај помладите парови не сум забележала некој ваков третман. Ако за време на одморот да речеме 3 пати во 7/10 дена се зготви нешто набрзина не гледам некој проблем и мислам дека се работи за лична желба. Од друга страна за жал голем дел од жените/семејствата што ги познавам неможат да си дозволат дури ни таков вид на патлиџан туризам без седење по ресторани и сл. па доаѓаме во ситуација кога гледаме како едно семејство оди на одмор 1 во 10 години и тоа најскромно што се може. Секако одењето на одмор го сфаќам како можност да се опуштам и да уживам а не времето да го поминувам во кујна. Тешко на тој што ќе ми биде маж.
Тој стереотипен балкански маж е веќе далеку од просекот. Искрено, ама најискрено не познавам такви парови. Може тоа била суштината на првиот пост, ама не беше доловена така, воопшто. Прочитајте убаво. 200 евра плата, се трудат да поминат поефтино и затоа го прават тоа. И ќе добие гиро од сожалување. Ептен невкусно е напишано, и јасно е дека цели кон тоа дека тие што не можат да си дозволат луксузирање на одмор не треба ни да одат. Третото мислење, напишано од @*Amethyst*, баш ја доловува суштината на првиот пост, и оттука започна дискусијата. А ова за мажот што не помага - е тоа е веќе извртување на муабетот според мене. ________ Може да зборуваме и за друг стереотип на просечна македонска жена, таа што е мажена за сељак со БМВ. Ќе ја однесе во хотел, ама ќе мора да припази што јаде да не случајно се здебели (нема гиро за неа!), ќе се пече цел ден на плажа за да му биде поубава, ќе оди ко кукла со штикли, фризура и шминка на плажа додека тој врти клучеви на рака, и вечерта ќе мора да си ги подмири обврските. А, да, не смее да гледа наоколу, да не случајно и’ се сретне погледот со друг маж. Исто ко што прави и дома. Добро, освен што ќе ја чита Го Сакам Њујорк на плажа и ќе стави 10 наместо 5 слики на Инстаграм дневно. Па и за неа не е некој одмор. Зошто тој стереотип некако не е ставен на потсмев?
Ја разбирам што сака да каже Гош ама темава е малце навредувачка. Не секој може да си дозволи одмор од соништата, иако сите го посакуваме тоа. Тие што се финансиски стабилни размислуваат така, дека ќе идат на одмор како господа ако не воопшто не одат. Додека оние кои едвај скрпиле да одат на одмор си викаат подобро ќе готвам и ќе одам на одмор отколку да седам дома. Секој ќе си ја пушти ногата колку што му е чергата. Знаеме сите што е убаво ама не може секој да си дозволи. Никогаш не сум се потсмевала на оние кои носат храна на одмор (иако имам во моја околина на кои тоа им е смешно). И просечната македонска жена сака да се одмори и да седи цел ден на плажа, ама за среќата на своите деца ќе биде цел ден над шпоретот. Ме интересира само дали оние што не можат секој ден да се хранат по ресторани треба никогаш да не одат на одмор?? Бидете среќни што може да си дозволите и одмор, познавам семејство што и Охрид го немаат видено и не можат да си го дозволат.
Ај и јас да се умешам во темава Мислам дека како што се менува животот на жената со добивањето на децата така се менува и одморот. Сосема различно е одмор како слободен, како пар без деца и потоа како фамилија со деца, децата си носат свои обврски кои се исти без разлика дали сте дома, дали на одмор.Не е исто сам да се спремиш, не е исто да спремиш две ил три деца, да избањаш, измачкаш со креми два три пати, да им спремиш јадење итн. А да не се лажеме свесни сме дека најголемиот дел од обврските околу децата паѓаат на мајката, такото колку и да помага жената е таа која влече што се вели. Па еве и настрана од готвењето и заперувањето и помалите финансии, дури и да отидат како фамилија на алл инкл. одмор децата си бараат свое внимание што баш и не дозволува излежување на плажа со книга секако освен ако не стојат баш добро финансиски па да имаат дадилка или да ја носат една од бабите на одмор, ова зборам за баш мали деца 2,3 годинки па ајде докај 5. Како што растат ајде ако имаат среќа да идат на таков одмор има аниматори по хотелите бар два саата не мора сам да ги анимираш а и можат сами да си заперат купаќи, да ствараат навика. Во однос на готвењето и идењето во охрид на пр. или дојран како поефтини опции, што некој ги спомна еве идам од сопствен пример, кога бевме мали докај 5 години идевме во Охрид на одмор. Рани 90ти, фирмата на татко ми имаа таму одмаралиште, поволно било тогаш така, моите не се замараа со готвење ама пак од др страна Охрид е преладен за мали деца. Цело време не караа не многу во вода, излези итн а брат ми на крај еднаш заврши со бронхит од Охрид. Јас имам алергија од ладно и штом влезев во вода малце ветре и одма се исфрлав. Друга негативност, брат ми помал, воопшто не ја јадеше хотелската храна, само млеко, крем и понекоја супа, пак побараа решо за во соба и мајка ми му спремаше нему посебно за јадење во соба. Сме биле и Дојран ама па таму прљаво до немај каде, тиња и несредени плажите, бар така беше порано а од искуства на познати не многу е сменет во однос на хигиена. како што пораснавме почнавме да идеме за Грција е таму беше одмрот пола време спремање во апартман нешто за јадење набрзина, пола надвор јадење со тоа што стварно и татко ми доста помага, а и ние веке поголеми бевме, сами бањање, сами облакање и спремање за пплажа евентуално некој да не измачка по грб убаво со крема за сончање. Ама најголемиот дел од македонските фамилии што ги знам така го тераат одморот, баш поради финансиите, подобро на море па и да се зготви 5-6 пати за јадење нешто набрзина отколку во Охрид да смрзнат децата а и финансиски тука некаде му доаѓа. Ова е некое мое искуство и мислење што не мора да се поклопува со вашите П. С. ова со искуството од претходно вака го пишав дека уште не сум мажена и со фамилија, кога ќе имам деца верувам дека сличено ќе ми изгледа одморот,затоа сега гледам максимално да се изнашетам и изналежам со книга на плажа
Со моите сум била еднаш во хотел и тоа алл инкл.беше. Одевме во Грчка со уште еден пар и нивните деца и многу убаво беше. Претежно готвеа татко ми и другар му. Јадевме во ресторани и јадевме и гравче. Ако немало пари ќе се кажеше нема и си знаеме ( нема играчки, нема лежалки и сл.) . Јас не би си кратела од секојдневен луксуз да речам , за да одам 10 дена алл инклузив. Мене не ми смета одењето во апартман и готвењето. Мислам, кое готвење уствари? Доручек обично бели пецива, сендвич набрзина. Ручек ако си на плажа пак нешто набрзинско, грицки, сладоледи, вечера ќе купевме некое мевце од лидл , сме пржеле компири, супа, тестенини и 2,3 пати ќе излеземе на јадење Перење- кој пере, и прашок носите? И незнам некои размислуваат не идам на море ако не идам како госпоѓа па и кредит ќе земам. Луѓе што е бе срамно ако нема фотки на фб шо си јадел и правел , поубаво ли е да се задолжиш со кредити па да се чудиш како ќе ги вратиш? И сепак море и езеро не е исто, со пиперки и патлиџани бирам да идам на море
За на одмор јас планирам да носам прашок за да заперувам алишта на децата. Лочките од гомна или ако бјуцнало не можат да чекаат 10 дена, ќе се смрди.
Сум била на одмор со едно дете и прочитав две книги за пет дена. Значи одмарав.И најадени, и чисти. Нормално дека секој сака да оди во хотел и се да му се служи на тацна, да има машина за перење и слично. Но со деца и во хотел нема да е така.Ако направи лом бебе ако носиш со го**на така ќе пикнеш во машина од хотел? Кој ќе ти ги избања децата, кој ќе ги нахрани? Пак родителите. Значи двајцата. Искрено мене ми е поубаво во апартман. Сме биле и во хотел и мора да јадеш на саат. Плус, едни макарони ако свариш и ако си ги запереш купаќите нема да падне круната. Ете моето дете не се најадува со пици и такви работи сака готвена храна. Значи, се станува се пие кафе, се каснува некој сендвич направен дома со купени работи од некој маркет ( неважно од дома или од таму), се оди на плажа, се игра наизменично со дете, и мм и јас, или сите во вода. Се оди дома, додека мм или јас тушираме дете еден прави набрзина нешто да поткаснеме( супа на пример) или се мачка нешто ( незнам кој на 40 степени јаде грав и манџа). Попладне пак на плажа, пак сите заедно играме и се забавуваме. Навечер или се шета и се јаде нешто од пекара или гиро, или дете заспало и време за нас.Перење купаќи и забришување понекогаш по соба за мене е лична хигиена а не замор.
Па и ние сме оделе така на одмор, мајка ми спрема јадење, раскрева, татко ми трча по нас, натоварен со сите реквизити. Во главно одморот на мајка ми бил ист како дома, со сите обврски со тоа што семејството и е на море, децата да се среќни друго не е е важно, може и затоа не го разбирате концептот на тие според вас кутри жени. Конкретно моите можеле и да одат по скапи ресторани ама се штедело на нивни потреби и луксузи, а на децата не. На едно дете не му е кеф да седи во ресторант, сака да се шлапа у вода и да јаде од нога. Зошто не се одмарале моите на одмор? Па оти сакале да не однесат нас, а штеделе иако можеле да си дозволат. На сметка на тоа школувале 3 деца и ги обезбедиле станбено. Прост пример кога одиме во ресторант со мајка ми која има 2 пати поголема плата од мојата се шекнува кога ќе ја види сметката, а јас онака без проблем ја плаќам. Тоа ти е таа потрошачка генерација, не заработуваме колку што трошиме и парите не ги цениме, за разлика од претходната генерација која стварала, може не јаделе рижото со морски плодови ама на сметка на тоа имаат школувани и обезбедени деца, а вие смејте се на патлиџан одморот.
Мајка ми нема отидено на одмор добри 15тина години. На одмор јас сум била 5-6 пати во овие 21 година. Скромен. Да дојде денот кога ке можам јас да соберам 200- 300 евра и да ја однесам на најскромен одмор кај што јас од мерак би и готвела 24/7 ако треба, најсреќна би била. Не помфрит, не грав и ајвар ќе правам ако треба. Ама баш ич нема да ми е гајле што таму некоја ќе ме види како стојам на шпорет и пржам или што сум отишла да испазарам пиперки и патлиџани. Немате право да кажете кој и со колкави финансии смее да отиде некаде. Од аздис полни сте со комплекси и предрасуди Затоа ќутете и кажете фала што можете да јадете по ресторани и да бирате луксузни хотели
Сум сретнала пар кај што имаше отприлика таа 20, тој 21 година (значи практично дечишта) на одмор цела вила смрдеше бидејќи она секој ден месо му пржеше на дечкото макарони не го најадувале. Типичен сељак.
Не сфаќам... сељак зошто јаде дома, а не по таверни? Кои се тие 20 годишњаци што се на плата и не одат на одмор со пари од мама и тато па да можат да си дозволат луксузи? Или мирисот на месо по дома, ја навредува благородничката класа? Пошо таа класа додека ја чека нарачката по таверни, или гиро-местата, исклучиво мириса на ванила и јагоди.
Јас само ќе кажам секој со своите можности.Сите ние знаеме што е убаво.За жал едно се желбите друго е реалноста.