1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишниот одмор на просечната македонска жена

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Gosh, 1 мај 2017.

  1. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Женски
    Веројатно поентата на првичниот пост на Гош е дека просечната македонска жена оди на таков одмор што не е ништо поразличен од нејзиното секојдневие каде што треба практично да му ,,робува'' на мажот, да трча да зготви, да трча по деца, да трча да му принеси на мажот и на крајот од денот она поуморна од пред да дајде на одмор.Јас така ја сфатив, само што беше кажано со поостар тон, мислам повеќето се навредија од начинот на кој беше кажано ама дека е вистина, вистина е.И јас ќе кажам налет од таков одмор-умор.
    Факт е дека балканштината и шовинизнот си се негува во Македонија и ќе треба многу време и напор да се искорени.
    И што очекувате кога просечен балканец смета дека ,,децата се на жената'' и она треба да си ги гледа , исто така тој јаде само готвено и на маса мора да му се принеси некое месиште нормално исто како на МАМА со салатка и ракиичка и додека тој мези жената мора да трча по децата и да ги нарани, да измие садови, да исчисти, да измете да нареди оти ако му даде некоја обврска нему, не е домаќинка и НЕ ЈА БИВА и може да ја врати кај мајка и, малтене ја купил и жената е некоја потрошна роба под гаранција.Ито така и тој да биде намирен во меѓувреме и навечер да биде свежа и расположена да си ги исполни брачните обврски.
    Епа што очекувате кога просечната македонска жена е третирана вака секојдневно исто ќе биде и на одмор, тој со наочарите и пивото во рака ќе гледа задници на плажа, додека жена му прави манџа во апартманот и трча по децата.
    Не е поентата да се исмеваме на тие што одат на поскромен одмор, сите знаеме каква ни е ситуацијата и како се штеди за одмор, а давачки ти излегуваат од сите страни, чест на исклучоци што имаат да си дозволот луксузен одмор алл ин. но треба да се искорени тој менталитет сите обврски да паѓаат на товар на жената и на празник и на делник.Ако одиме на одмор маж и дете, сакам заедно да сме на плажа, заедно да си готвиме, заедно да се одмараме.Кога обврските се поделени меѓу двајцата сопружници и двајцата се поодморени и повеќе време имаат да му се посветат на детето.Сакам тимски брак, а не дисфункционално семејство.
    Како дете кога одев со моите на одмор најчесто во Бугарија, одседнувавме повеќе парови со деца, секој ден за доручек јадев вафли(гофрети) одевме на плаж, за ручек пица или печено пиле, а јас бидејки бев дете учено на готвена храна често им барав на моите манџичка:D ама бугарите ич неубаво готват се им е бљантаво.Навечер шетање, кафана и на музика ама тогаш ефтина беше Бугарија, можеше се да си дозволиш.
    Во Охрид кога одевме со моите не паметам да сме јаделе по ресторани ама паметам дека купувавме и пржевме пастрамки.Како тинејџерка одев со другарки преку наставник, имаше таква опција кај нас, наставник носеше едно триесет деца преку агенција и отседнувавме во хотел ал инклузив.Е во средно почнав сама да одам по одмори со братучетка ми на море и мислам најубаво си поминуваме, по цел ден на плажа од сабајле до зајдисонце. Дека дремам цел ден на сонцето најбитно ми е да имам јогурт, ладна вода (имам мало фрижидерче и си го носам на плажа, таму си ја чувам храната), краставици, ладни сендвичи, житни барови и овошје.
    Нити готвам на одмор нити јадам нешто посебно најмногу трошам на лежалки и нели на некои плажи со лежалката те следува и ладно кафе и на кафиња.И си сакам пензионерски одмор:wasntme:, не цело време трчи ваму, трчи таму.
     
    Последна измена: 3 мај 2017
    На Gosh, SuperGirl24, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Од кога правењето доручек и ручек за децата и мажот те прави слугинка?
    И од кај тоа дека мажот е фатен во рацете? Кој како ќе си ја нареди, ако немала очи пред да се омажи, нека работи сама. Такви токмаци имало и ќе има, жената треба да биде способна сама да избере што е најдобро за неа. Темава вришти. Уште да речеше до кога со пиперки и компири на одмор. Абе што се мешате у туѓ џеб, кој како сака ќе ужива. И јас сум правела ручек на одмор па што? Слугинка ли сум бре? (facepalm)
    Сега со децата па уште поголем мерак ќе ми биде да им зготвам и да им заперам.
    Бидете среќни ако имате на кого да заперете и зготвите. Страшно би било да немате на кој гаќи да му исперете.
     
    На mira.mira, anina, YoungandBeautiful и 12 други им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    А чекајте бе..дома не готвите,не перете,не зачистувате..не местите кревети?Тогаш сте исто слугинки нечии или дома е ок ама на одмор е срамота?
     
    На mira.mira, BabyStyle, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Не мислиш дека ја претера со тоа типичен сељак? И јас сум за тоа дека кога се оди на одмор да се прошета, да се седне некаде и да не се стискаш до толку или да вариш манџи, пишав и погоре во постот, ама ако некој пржи месо тоа не го прави сељак. И ти самата кажа дека се тие деца од по 20 години, зарем очекуваш да јадат секој ден морска храна по ресторани? Тие сигурно немаат своја плата, туку тргнале со пари од родителите.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Типичен сељак ми се чини е кажано оти очекува типот на одмор некој убав ручек со мевце, салата и се по ред да му готви, а девојката на 40 степени што ќе се вари врз шпорет кој ја шиша? И таа будала ако тоа го прави. Па паштети ќе мачкам ама не правам ресторан во соба од 20 квадрати на таа жештина плус да ми мириса цел одмор на прженици. И не збориме за финансии, збориме оти се нема умереност, финоќа, едноставност. Месото евтино да не е па секојден што се пржи оти на одмор си па мора убав ручек да е?
     
    На ivi1987, Hipster, anina и 18 други им се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав скоро сите постови, да се изјаснам и јас :)

    Не можам да категоризирам просечна или вон просекот македонска жена, па каков одмор би имала.....Секој со своите желби и според своите потреби, мислам дека нема потреба од некои дополнителни епитети :^)
    И додека одевме со моите на одмор, и после сами, сме имале секакви одмори :) И сме готвеле нешто малку, и all inclusive сме биле....И двете имаат свои предности и маани. Зависи кој за што е расположен и што му одговара.
    Сега сфаќам дека татко ми и неговите другари (со кои заедно сме оделе на одмор) никогаш не бил типичен Балканец. :) Затоа никогаш не ми биле јасни тие приказни за балканците, зашто не сум ги доживувала на своја кожа. Фала богу, и јас ја имам таа среќа. Никогаш не било само мајка ми да прави се, тој да се излежава и да не помага......додека мајка ми на пример готвела, татко ми ги зачистувал собата и купатилото од песокот. До ден денес заеднички функционираат за се, постојано си помагаат еден на друг. Во кујна и готвење никогаш не се мешал исклучиво заради екстремно слабите кулинарски способности, само за сецкање го бива од кујна :D ама затоа редовно помагал во се друго :) Сме оделе и во хотели и во апартмани и во приватен смештај-стан....секогаш истата приказна била. Кога се „готвело„ не памтам мајка ми манџи да готвела, мусака, нешто такво :?: Никогаш. Супа, евентуално тестенини, салати. Носевме од дома кифлички, јадевме и од нив со сирење, кашкавал, нешто сувомеснато. И житарици јадевме некогаш за ручек. Другото по сендвичари, ресторани, или ако се погодеше палачинки да продаваат на плажа, моите оброци за денот беа решени :D До ден денес јас лично не можам да јадам нешто такво готвено тешко јадење за мој желудник на високи температури, најчесто јадам салати и овошје и сладолед и многу, многу, многу вода :D За перење не сме се переле никогаш на одмор, освен купаќите и нешто ако се исфлека некој па да се запере малку да не се замириса, иначе веш или облека перење јок :)

    Е сега, како ќе биде со малиот на одмор ако одиме.....кој ќе преживее, ќе раскаже :D
     
    Последна измена: 3 мај 2017
    На bittersweet, jacqueline.s, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  7. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.873
    Одморот каков ќе биде зависи од тоа колку пари се планирани од семејниот буџет за него.Така велам оти некогаш може и поскапо нешто да си дозволиш,ама ако сакаш да заштедиш одиш на поефтина варијнта.

    Искрено за мене не би бил одморот убав да готвам.Да е барем пола пансион или all inclusive.Готвењето дома ми е оти сакам здрви оброци за нас и заради тоа избегнувам купечка храна,ама не ми причинувало задоволство.Ќе заперам на рака што треба,само не сакам за време на одмор да висам во кујна.

    Одморот ми е замисла за да се одмарам и уживам со семејството

    Но,ако семејниот буџет не ми дозволува хотел,без размислување би отишла и на патлиџан одмор.Ќе делиме со мм обврска за спремање оброци и дете,а остатокот од денот на плажа ќе го минеме.Сепак ако нема друга опција подобро е на море него дома.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Јас пре би ги нарекла таквите неиживеани зашто ќе готват така, а важно на фб одма ќе се сликаат дека се на одмор и ќе се фалат после тоа. И не ги навредувам дека се сељаци. Ама и плус овие деца, немаат многу пари си викам, па може и од дома понеле. Маж ми има еден таков другар, и ни кажуваше дека секој ден готвела жена му на одмор, ама важно купил од таму стап за сликање за селфи и други глупости. Тоа е неиживеаност, иако е женет. Јас лично не сум за такво готвење на одмор, може нешто ситно да се направи набрзина, ама да пржам, манџи да правам НЕ. Тоа и дома го правам. Па затоа се вика одмор, да одморам, а не да брзам од плажа за да готвам. Тоа си е мое мислење. Па и плус си имам маж што прифаќа. Ние и дома, се случува да нема некогаш ручек, па ќе си каснеме што ќе си најдеме во фрижидер, не ми прибира.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Некој спомна нема шанси да зема кредит за одмор.
    Јас секоја година уплаќам одмор со кредитна, па потоа цела година си го враќам. Така си дозволувам полуксузен одмор (читај во хотел со алл инклузив), зашто инаку ако собирам цела година, нема шанси ни 200 евра да тргнам настрана. Вака си уплатувам, па после сакал нејќел мора да враќаш.

    До моите 20тина години, т.е. додека не почнав да работам ниту еднаш немав отидено на одмор, ниту на езеро, ниту на море. Моите никогаш не не воделе, иако не сме биле ептен со минимални примања, но секогаш имало нешто побитно за што треба да се наменат парите. За мене тоа е ептен безвезе, која е поентата цела година да работиш за кога ќе ти ги дадат тие 2 недели одмор наместо да одмориш некаде и да наполниш батерии ти дома да се отепаш дупло од работа со правење зимници, белење и генерално чистење....
    Јас сум се зарекла дека ќе правам што ќе правам ама во годината еден одмор мора да истерам на море па макар било тоа и како патлиџан турист.

    И не, не ми е побитен мебелот дома, битно ми е да однесам дете на море зашто тоа е многу добро за неговиот имунитет, да одмориме и јас и мм, да прошетаме, да видиме нови места, зашто секојдневието и монотонијата најмногу влијаат депресивно. Неколку дена и потоа си како нов, таков ефект нема и дома да го купиш најпосакуваното парче на мебел.
    Ова година уплативме апартман, досега само лани бевме во апартман и годинава, инаку претпочитам одмор во хотел со полн пансион, зашто не готвам, а јадењето надвор подразбира многу еднолична храна која бргу здосадува.
    Годинава сме првпат со бебче, па ќе биде малку понапорно, но со мм подеднакво си ги делиме обврските и дома и на одмор, така да верувам ќе биде супер и овојпат.
     
    На Dennings, *Amethyst*, k.frosina и 8 други им се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    @Yowannty
    Никаде не реков да одат во ресторани, туку реков дека може еден ден макарони да јадат или супа, а не морало џигери, кебапи и кременадли таа да му спрема секој ден, дури пилешкото ни за месо не го сметал. Е затоа го нареков сељак, бидејќи е со такво селско размислување.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.703
    Ако жената е "слугинка" дома преку цела година, ќе биде и на одмор, каде и да оди. Ама мислам дека ова полека се менува.

    Јас уживам во готвење на одмор. По хотели не одам никогаш на летување. Сакам денот да ми е исполнет со обврски, досадно ми е да лежам на плажа.
     
    На Giovanna, Peppermint, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Пишувам пост у кој го критикувам моментот кога ПРОСЕЧНАТА МАКЕДОНСКА ЖЕНА која е сиромашна, за жал ( тоа не е навредa, тоа е вистина ) , и која најчесто самата ги работи скоро сите домашни обврски, ,па собира да иде на еден ,, одмор ,, од една недела, и за тоа црнчела цела година, и плус работела по дома,за на крај и ТАМУ да го работи истото, само сеа сменила локација...

    И нели, сега ,, логично ,, , се јавуваат нај засегнати баш истите тие ,, сиромашни ,, македонски жени, кои одат на одмори по хотели; па кампуваат, али имаат стан одма до местото за кампирање; па оние кои одат на одмор со родителите, а мајка им со задоволство и чест секој ден, по три оброци им готви; па оние кои добро се удале па мажот им помага; па оние кои можат и да јадат у хотел, али бираат сами да готват, а кога ќе ги мрзи, ќе јадат надвор.
    Секако, тука се и оние жени кои сметаат дека ако готват и перат по дома, што е разликата ако го прават тоа и на ,, одмор ,,. И оние жени на кои никој не им помага,ама се прават од грижа за семејствот,o и не гледаат потреба да ,, одморат ,,, и не ни ги засега што никој не им дозволува ни да одморат , и гледаат на тоа како еден вид на жртва за семејството.

    Истиве овие жени, со сева оваа сила со која ме ,, нападнаа ,, виртуелно, дека сум делела ум која каде да идела на одмор; па што да јадe; па дали да си ги пере гаќите на мажот; па не сум мислела дали некојa имала болно дете, па морале на море да одат; па може сама сакала да готви и да не одмара т.е. тоа не и било умор, да го ,, нападнеа ,, и моментот кој го опишав по првичниот пост, ама во реалниoт живот, мислам дека ПРОСЕЧНАТА СИРОМАШНА МАКЕДОНСКА ЖЕНА ќе им беше благодарна.
     
    Последна измена: 4 мај 2017
    На ivi1987, danichap, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Ти во кој од горе наведените спаѓаш?
    :^)
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Веројатно многу се навредија затоа што се препознаа во твојот пост.
    Јас те сфатив што сакаше да кажеш, и ич не ми е јасно зошто не се разви дискусија туку веднаш преминаа во напад. Како да нема човек право на личен став (facepalm)

    И јас го делам твоето мислење. Одмор ради реда, со гајбите патлиџани во гепек не го сметам за одмор, и имам останато дома неколку години кога не сум можела да си дозволам (донекаде) пристоен одмор.
    Сепак зборувам за ефтина варијанта, да изнајмиш студио и да се храниш во пекари и ефтини ресторанчиња.
    Не ми е сфатливо како некои со вкупни месечни примања од 400-500 евра двајцата би потрошиле ете 500-600 евра за одмор минимум а потоа со месеци ќе се стегаат за основни работи. И сите се вадат на децата. Подобро за 200 евра купете им пристоен базен во кој ќе се шлапаат цело лето.
    Нема да се умре без одмор, а нозе се пуштаат според чергата.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Сиромашна македонска жена, по просечна здравје.
     
    На cresa-jagoda, galapce, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    @Gosh не го тупи, сите те разбравме убаво и секоја даде коментар што мисли. Ако ти мислиш дека една недела на плажа треба да глумиш холивудска принцеза а кога ќе дојдеш дома ќе продолжиш да си Пепелашка, друг не сака да глуми. Ај што навредуваш со епитетот просечна македонска сиромашна жена па и се дрзна да мешаш нечии деца во твоите малограѓански муабети.
    Темава е безпотребна и беспредметна и не развива дискусија туку само навреди и контрање.
    Не е битно дали си богат или сиромав, битно е колку знаеш да уживаш. Одмор за душата можеш да направиш и за 200, 300,400 евра, но понекогаш и со потрошени 2000 евра на море дома се враќаат истите неизживеани ѓубриња.
    Во реалноста, баш тие богати македонски жени се најскржави и не знаат да уживаат, се стискаат за едно кафе ама мобилниот им е полн со селфија.
    Или па на крај, ако децата ти се товар и не сакаш да трчаш по нив и да им готвиш, отиди сама на одмор(не мора ни мажот да го водиш, уште една уста помалку за хранење и купаќи за перење)
     
    На christinnn, Giovanna, Dennings и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    А озбилно некој дома праи три оброци дневно, има маж заостанат во Југославија, и пере на рака куп облека на цела фамилија... Еден оброк ми е готвен дома,палачинки за вечера се момент на добра воља, сеедно кај сум. И демек ако си на море хендикеп добиваш, рацете ти се фаќаат и не можеш да зготвиш нешто. Дома имаш куќа стан од 50 - 100квадрати, таму имаш апартманче од се на се 20 со се вц, и дома не се осекаш ко куќна помошничка, ама таму принцеза си па плускавица ти никнала од џогерот... а бе ајде. И патлиџани сум носела и еве жива сум. Се информирам претходно за цени во местото кај се стационирам. Ако нешто е 20ден тука 2е таму, го носам и око не ми трепнува.
     
    На christinnn, Bozica1980, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.602
    Пол:
    Женски
    @celineparis Сеуште не гледам причина за етикетирање. Секој си е своја индивидуа и секој си тера одмор по свои желби, потреби и можности. На некој друг, твојот начин не му се допаѓа, на некој трет нечив четврт.. крај краева одиме на одмор за себе, а не според нечии туѓи замисли.

    @Gosh лично сметам дека "просечна македонска жена" е многу покомплексен термин од она штуро твое објаснување, многу работи е ама не е едно нешто. Се што наброја ти и плус сума други категории не прават просечни сите нас без исклучок на овој или оној начин (бендер фино објасни во сдк).
    Секој овде си изнесе своја дефиниција и замисла за својот одмор и сите ние кои што истовремено сме просечни, сме го прифатиле она што ни е во склоп на можностите и желбите, и истото го помалку или повеќе не ни преставува проблем да го применуваме и сакаме. Секоја просечна македонска жена се разликува од секоја останата просечна македонска жена во многу аспекти, па затоа нашите желби, доживувања, можности и потреби се различни. Според тоа секоја си има свој одмор различен од останатите, што не мора под дифолт да се дефинира како лош.



    Искрено сметам дека претерувате ругајќи ги македонските мажи. Да, хард кор исклучоци има. Некои изгубени случаи од времето на социјализмот, и по некој помлад изгубен Германец во свемирот што лошо паднал на глава како бебе. Ама генерално, кај нас посебно последниве години мажите учествуваат во заедничките обврски околу семејството, помалку или повеќе и стварно е жалосно да ги генерализираме као Кромањонци. Не се.
     
    На do-re-mi, Giovanna, Dennings и 12 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Форумов е магична работа, ни на крај памет не ми текнало да помислам како просечна македонска жена си поминува на одмор се дури не ја отворив темава мислејќи и јас како една членка погоре дека станува збор за некои права.

    Кој како сака нека си тера, зар стварно на некој му е гајле дали имате малку финансии па затоа ќе готвите на одмор под образложение дека уживате во тие сите обврски или па огромен буџет па цел пансион ќе уплатите чисто не замарајќи се со готвење.
    Кај ја отворив, па уште почнав со ред да читам мислиш некоја научна теза се докажува.
     
    На Bozica1980, toogood и Abeja им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Гош тоа ни е во крв.
    И ја би една недела прав одмор одколку две,да речеме ако не е изговор детето,ама она всадено во нас не се менува.:D
    И точно е.
    Одиме на одмор и наоколу има секакви примери.
    Ама грото сме такви балканците. А и не е секогаш до буџетот.
    Верувам дека ништо нема да им биде на децата ако појадуваат лепче со сиренце,и наместо да се затвараме во кујна,да се заиграме во песокот со нив ке се далеку посрекни.
    Ама не.
    Ние мислиме дека затварањето во кујна не прави корисни за нашето семејство.

    Ти се обратив лично, оти вака ти ја разбрав одприлика поентата.

    Ке се туткаме под сонцето и чадор кој прави мала сенка,со кафе од дома,за да после истите пари ги дадеме по препарати против изгореници.
     
    На Nausicaa и Lella им се допаѓа ова.