Моментот кога Македонките ќе направат квантна физика од одење на одмор. Тоа е тоа кога од млади нозе ги трујат со американски популарни филмови и серии, па веќе и стискање бубуљица на грбот на нејзиниот дечко или маж се смета за надвор од нејзините феминистички ингеренции. Кај нас девојчиња мислат дека просечен Американец, Француз, Шваба ја чека својата девојка со букет цвеќе наутрно во кревет со кајгана и салата, па после ја носи у када полна со рози и се сексаат 45 минути со 15 жестоки оргазми. Истиот ден кога се враќаат од работа веднаш се тушираат и одат на вечера и така цел живот фураат тешки романтики. Прдење и усмрдени чорапи нема никако. Тоа само на Балкан има. Уште па ќе му пере усмрдени чорапи. Бруки. Тоа само на Балкан има. Поточно само во оваа затуцана Македонија
Јас немам деца, ама би ве прашала вас кои не сакате обврски кога сте на одмор, кога престојувате во поскап хотел кај што не се замарате со подготвување јадења (за вас и сопругот) кој ви ги храни и чува децата? Пошто нели, воведниот пост беше годишен одмор со деца. Имате слугинка вклучена во понудата што ви ги храни/дои, пресоблекува, пере, менува памперси, бања, мачка со млеко за сончање, трча по нив, ги заспива...? Зошто се од горе наброеново спаѓа во тој "замор" што го "трпи" просечната македонска жена без разлика дали добива или не помош од сопругот.
Lele i mene me zavedoa. Otvaram treti pad denes za da moze da bidam vo tek. Inace mnogu sum gorda kako sum ziveela vo Mk. Koga ke mi rece nekoj "ama ne e taka sega". Fuj ne mi e keif , ne sum vrakala ama sum se cudela sto ne e taka. Jas dosega nikogas ne sum se setila da razmisluvam kako drugite odat na odmor, sto pravat, jadat...... Ne sme si pravele vakvi moabeti so priatelkite. Aj sto pisuvate sesto, nego sto im se zapnavte na mazite. Koj se tie sto gi opisavte pogore. Pa toa go nema ni vo najostar krimi-triler roman. Vi se dopaga ili ne Jas se boram za pravata na mazite. Mnogu losi zborovi padnaa na strana sto ne se vistiniti. Odlicno kazano se do usmrdenite corapi. Gospodata si pere sam i participira so nekoj procent vo semejniot budzet. Na odmor odat samo tie sto imaat pari. Znaci ako se sopruznici i edniot nema sobrano pari, si ostauva doma ili zima line of credit kako najpovolno resenie. Ima isklucoci ama tie se 5% koj na kraj sekogas placat koga ke se razvedat.
Дете на возраст над 1.5-2 год може веќе да јаде тоа што јадат и возрасните, секако со прилагодено мени. При шведска маса би имало доволен избор. Јас не би, но доколку некој изрази желба а и детето не е проблематично во однос на нови средини и нови луѓе, можат да ги остават и во клубовите за занимација во склоп на хотелите. И да, доколку некој може да си дозволи(а и да нема фамилијарни караници и нетрпеливост помеѓу членовите од семејството) може да прават фамилијарен одмор заедно со баба/дедо. Не за да им бидат слуги, не би ни имало потреба при ал инклузив и секој со своја соба, туку на некој саат да си поиграат и да му се порадуваат на детето. Значи би биле само олеснето, но тоа воопшто не е предмет на дискусија. Ова само да одговорам оти праша. Mислам дека акцентот се ставаше на поделување на обврските околу децата и општо помеѓу брачните партнери а не отфрлање на секаков вид обврска. Кој е со дете не може да биде целосно без обврски.
Ние заедно правиме се - никој по никого не трча. Логично ми е и на одмор да е така. Нема грев да се зготви, па и од јадење во ресторани здосадува и ти се каснува нешто домашно, ама да не биде на товар на еден. И јас така ја сфатив Гош - дека се е оставено на грбот на жената и таа ги слугува сите за време на одморот. Каков одмор е тоа? И јас со моите сум одела на одмор и се готвело, ама и татко ми партиципирал. И со мм сум одела и по ресторани и сме готвеле, ама и кога сме готвеле било заеднички. Некогаш носиме мислења и судови на база на тоа што го имаме во окружувањето. Мислиме ако ние не познаваме такви, такви не постојат или се ретки. ПС. И јас гаќи не перам на одмор - си носам доволно од дома. Се пере дома, на виење по враќање.
Секој со својот џеб си оди на одмор. Таа жена што секојдневно е ,,угнетена,, и на одмор ќе биде така третирана па и во алл да оди... Лично за себе да си кажам, за други неможам.. Готвам (ако тоа може готвење да се нарече), носам по нешто од дома (храна), заперувам на рака купаќи, од детето флеки...метам во апартманот кога има песок...правиме скара (ако има услови за тоа), се дружиме со останати гости, си правиме седенки.. Седнуваме на следолед, на слатки, на гиро (иако јас мирисот не му го поднесувам, ама атер правам) Јас овие активности СЕКОЈ ДЕН ги имам плус отсутна сум од дома 9 часа и не ми е оптеретување воопшто. И дома кога сум,ако немам работа самата си ја наоѓам. И модераторството го прифатив како дополнителен предизвик само затоа што сум таков човек - незнам да лежам, мора постојано нешто да чепкам (и криво ми е поради тоа). Одморот ми значи не од аспект да легнам и некој да готви и чисти за мене, туку да сменам секојдневие, да отидам на сонце и солена вода, да прошетаме заедно и цели денови заедно да ги минуваме. Затоа мој/наш избор е да поминеме повеќе време заедно некаде каде ни годи, поскромно, отколку да отидеме три дена алл.
Разбирам јас.Тоа ми беше и поентата дека дека она што се прави дома ке се прави и на одмор.Овде акцентот беше ставен на одморот,демек само таму жената се мрцвари.Кој дели обавези дома ке дели и на одмор,која сама дома работи се ке работи и на одмор се.Така самите се поставиле дома затоа така им е после и на одмор.
Не знам искрено од каде ги наоѓате тие хард кор мажи и примери. Еве јас ретко среќавам вакви, скоро па ич. Се повеќе се искоренати. А угнетената жена е секаде потчинета и дома и на пазар и на најскап алл ин одмор.
Готвеле зашто нејќеле да јадат брза храна по ресторани или да не јадат само суво, а у смештај компирчиња пржат (оти тоа е спора храна коа ги пржиш дома) и макарони варат... Неможе нзс да ви се најде. Одбивам да поверувам дека некоја жена поготово од овие со фамилии со зафоволство готват на одмор и убаво им е саат време да поминат над шпорет во готвење... Секој според можносите тука нема место за дискусија ама немојте ви се молам да лажете тука и севе си да се лажете дека ви е наксупер таквиот одмор, секој кога би можел да бира би одбрал хотелот да се погрижи за готвењето... За мене тоа не е одмор и ако неможам да си приуштам подобро ќе штедам ќе прескокнам една година за наредната да си поминам одмор ко што треба, а за децата ако ми е толку ќе ги пратам во камп со баба и дедо или преку школо на летовање и поубаво ќе си поминат со друштво со други деца.
Навлегуваме во друга тематика, но мислам дека никој не го ни негира фактот дека тој што е угнетен на одмор е угнетен и дома. Тоа се подразбира уствари. Тоа што членката се осврнала на едниот аспект, односно обврските и товарот кој ги има предходно споменатата жена на одмор, не го исклучува другиов муабет. А бидејќи се почна од обичен пост во сдк па може и е само реакција на само еден случај, пример. Не се генерализира, само се споделува мислење за конкретна категорија, колку и да е ретка... фала богу што не се сите такви.
А што подразбирате вие со готвење на одмор? Правење мусака, виткање сарма, сецкање руска салата, полнење на мисирка, правење кифли, сукање зелник? А бе се знае што и колку може да се зготви на одмор, се варат супи, шпагети, се подгреваат гулаши, се пржи пипер со јајца, салатичка, некоја кобасица или сл. а тоа не одзема многу време и е многу повкусно кога ќе седнете сите убаво да се најадете отколку да седнете на гиро и пак да останете гладни со по едно. А тоа ако некоја жена слугува на одмор, таа слугува и дома. И жената не треба да одмара само кога е на летен одмор, туку секој ден треба да има период за одмор, не е машина. Погрешно ги поврзувате работите. Пак се сведува на тоа колку брачните партнери се почитуваат и си ги делат обврските. Ако се почитувале дома, ако мажот и помага на жената како што е нормално, така ќе биде и на одмор. Додека жената пржи мажот сецка салата и поставува маса, за кратко време сите јадат без да си префрлаат ја се работев а ти ништо. После ручек си седат на тераса со кафе и пиво/сок, уживанција, мене тој дел не може да ми го замени скап ресторант. (мене ми е најсупер таквиот одмор, и не, не се лажам себеси) Пак се враќаме на моментот со просечноста, што никако не смее да се поврзе со националност, бидејќи такви брачни парови кои површно функционираат има секаде а тоа нема врска со имање/немање пари и со македонштината.
Ова за тебе....можеби за друг не е вака Банкарке, ова не ти чини. Кој тука има причина да кажува дека скромно оди на одмор ?! Попрво би лажела дека сум госпоѓа отколку дека терам ваков одмор. Зошто во камп...зошто не во алл??...или најбитна си можеби ТИ да уживаш (нели алл-от е за тебе синоним за ужување), а децата не и толку важно дали се во камп со баба и дедо..
И што кажа сега? Само повторување од претходно. Секако дека знам што може да се готви на одмор затоа и пишав да не одат на изговорот за здрава храна дека нејќеле по ресторани кога на крај пак нешто се спржува колку да се помине на редот за јадење. Ова и те како има врска со македонштината пошто просечната сиромашна домаќинка Германка оди да планинари или на викенд до најблиското езеро оди и толку не носи гајби ко ние на Халкидики сфаќаш? Изгуглај каков одмор тераат другите нации, не за џабе се познаваме од километар на плажа кои сме и што сме оти по секоја цена мора на Егеј да отидеме макар и сув леб да јадеме јер ради децата бе... 1. Затоа убаво пишав ЗА МЕНЕ, не пишав ЗА СИТЕ, незнам зашто ми го цитираш ова и што би требало да ти одговорам на ова? 2. Не дека лажете за тоа дека скромно одите на одмор туку да си се тршите се фактот дека ви се допаѓа готвењето на одмор што е еднакво на лага според МЕНЕ. 3. Во алл коа ќе прескокнеме една две години одмор тогаш и деца и се, зашто нели муабетот беше дека заради децата на одмор, тогаш жртвувајте се заради децата и само децата пратете ги на одмор (вие седете дома )со баба дедо или преку училиште, за да не прескокнуваат година додека штедиме за алл ин... И не ми кажувај во мое име што за мене претставѕва алл ин, уживање е каде и да отидеш ако си со луѓето кои ги сакаш, а алл инот е само средство за да бидам релаксирана на одморот да не се замарам со секојдневните домаќински работи и да си се вратам одморена ко човек. И доста со тоа ако жената била угнетена дома и на одмор ќе била, и да декам обврски околу готвење и перење на одмор пак не е тоа тоа, налет и одмор и се така, целта е да се одбегнр тоа секојдневие како не разбирате...
Според мене вакви размислувања се дрски , безобразни и безочни. Некој очигледно има тежок и напорен живот, па чека 10 дена алл да се одморикако човек. На некој секојдневните обврски му се терет па незнам што би било да неможе алл да си овозможи.
Банкарка се читаш ли колку навредуваш? Си имала ли дете со бронхит за кое ќе се трудиш по секоја цена да го носиш на одмор?
За мене одење на одмор е приоритет. Да смениш околина, да поминеш време со семејството со поинакви моменти - заеднички доживувања. Попрво би перела и готвела, отколку да не отидам нигде. И нека е најевтиниот одмор, многу ми значи, заради заедничките доживувања и целосната рехабилитација на организмот. За мене тоа значи престој во природа, а не ол инклузив.
Па добро бе луѓе и дома готвиме и јадеме манџи, салати по некое мевце, не гледам проблем да се зготви и нешто кога си на одмор али ќе си ја пуштиме ногата до кај што ни е чергата.Ќе се случи и да се седне во ресторан на некое кафенце или салатка,сладолед на пример.И што понатака големо чудо сме јаделе во ресторан, сме пиеле кафе во кафич, и после оп трт кога ќе дојдеме дома цуцулига.АМА битно супер сме си поминале
Банкарка, првата точка твоја и последната твоја реченица од последниов коментар едноставно се контрадикторни една на друга. Зошто целта, повторно, можеби за тебе е бегство од секојдневните обврски, а сите ние си имаме своја цел зошто одиме на одмор, различна од останатите колку за тебе тоа неприфатливо и да звучи. И дај престанете со "такви сме ние балканците". Па што? Зошто тоа под дифолт го правите да звучи лошо и зошто јас морам да глумам германка на плажа?? Пред да зборите за истото, сте виделе ли вие како Британците и Германците се понашаат на одмор по грчките острови? Ако не, ондак џабе е коментирањето, зошто ние сме 5 класи бољи во споредба со нив. Никој остали, не почитува семејни вредности повеќе од нас. Па попрво би спремала нешто секој ден, и ќе бидам посветена на семејството, отколку да се понашам како западно-европска туристкиња, што ќе пешачи по цел ден со ранец на рамења, со шише со вода и со мали деца, ама нема да плати такси. И по ресторани ќе јаде само салати. Прашајте кој таксист има ќар од туристи од запад. Или кој ресторант. Сеедно.
Вие луѓе каде гледате навреди? Или принцези сте вие па се ве вреѓа? Што навредливо кажав? Или тоа е единствениот "аргумент" што го имате во дискусија? Кас не гледам навреда нигде, најнормално пишав како ја би постапила. А за бронхит ток ту ми плис, цел живот по мориња па пак си го влечкам цел живот, не оти ми помогна јадранот за бронхитот ниту тоа што мајка ми готвеше на одмор ... бронхит си е бронхит нишо не те спасува... На крај краева не ви забрани некој да идете со гајбите на одмор што сакате прајте ја убаво си кажав дека ЗА МЕНЕЕЕЕЕ тоа не е одмор и дека подобро ќе преседам во Скопје на асфалт 2-3 лета за 4тото да го поминам со сите салтанати, а децата здравје боже имаат цел живот пред нив за по одмори. Ни мене од пелени не ме носеле па здрава и жива сум, седеле дома 2-3 лета за да можат на Јадран да ме носат па ете и оно здрави и живи се... Ариел па има ол инн и во природа де
Со сета должна почит одморот на просечна македонска жена се состои од импровизација и нешто што само се нарекува одмор. Каков одмор е тоа ако ти секој ден мислиш што утре ќе готвиш за ручек, после вториот ден ги чистиш скапаните делови од патлиџаните и пиперот кои си ги понела од дома за да смучкаш некаков си пиџур. Одмор во вистинска смисла на зборот е да се посветиш на уживање, во хотел кој нуди буквално се а не да се бутате 10 души во една камп приколка која се распага. Не сакам никого да навредам туку само кажувам што може да добите со оној буџет кој го имаме со плата од 200 евра. Дури и двајцата партнери да работат прашање е дали ќе можат да одвоиш 500-600 евра за вистински одмор а не да импровизираш за 200 евра за да можеш да се залажеш самата себе дека си била на одмор. Јас често си го поставувам прашањето дали толку ни се битни тие 7 дена во Грција или Турција ако тоа е на уштрб на останати работи кои треба да си ги ускратуваме во текот на цела година за да тие 7 дена кажеме дека сме биле на одмор? И уште едно гласно размислуање, зошто ако патиме од комплексот дека тугото е подобро наместо со сромниот буџет да уживаме на нашите прекрасни езера и планини? Зошто мора да се пржиме кога имаме толку прекрасни планини каде би можеле да уживаме? Јас сум ги поминала сите оние монденски места и сега со децава најубаво ми е да појдам на некоја планина да се надишеме чист воздух и да уживам во мирот и црцорењето на птиците.