@Olie Libera Праша каков одмор е тој. Епа секое квалитетно потрошено време со семејството е одмор. Секоја збирштина со најсаканите е одмор. Физичкиот замор и полното срце не одат на вага. Небитно плажа, планина или дома. Небитно алл ин или импровизиран. Во тоа е убавината. Секој од нас има различен пристап и поглед кон истото и ние мора да прифатиме дека она што за нас не е одмор за некој друг е и обратно. И ни на крај памет не ми паѓа да штедам 3 години за 4тата да одам на одмор со сите салтанати и да изигравам енглеска краљица, зошто децата имале цел живот пред нив за шетање. Децата растат, а ние никогаш не можеме да си го вратиме изгубеното време назад, и кога ќе пораснат веќе не одат по одмори со родителите, зошто друштвото ќе им биде поинтересно. Сите ние тоа лично можеме да го потврдиме. И пре би 10 дена на домат и пипер ама знам тие 10 дена сме сите заедно на купче.. отколку годините да ми поминат во штедење за подобри времиња кои во ова брзо време може никогаш нема ни да ги дочекам. Не рекле старите за џабе, кога сите сме заедно тогаш и срцето е на место.
@Yowannty Квалитетно поминато време со семејството се подразбира и тоа треба да биде во текот на целата година и нема баш некаква врска со одморот. Ако јас не поминуам квалитетно време со семејството тогаш што барам јас на одмор, за да глумам лудило. Значи поентата од женски аспект ми беше дека подобро е дома или на некоја од нашите планини одмориме како луге отколку на море да го работиме сето она што го правиме секој ден. Оморот е баш за тоа физички да одмориш, да го закрепнеш телото, додека за она за што ти зборуваш е најдобра посета на некој манастир, затоа што морето како место каде има многу луге, голотиња, разврат... не е баш такво место за квалитетно поминато време со семејството. Верувај ми 90% од жените се оптоварени да добијат што подобра боја зада се фалат пред колешките отколку да квалитетно поминат време со семејството.
И во all.in.трчаш по децата да каснат овошје.Ќе се изнајдат шпагети,помфрит,скара,сладоледи.Го молиш супа да касне,а тоа со компирите во кечапот. Ако е мало трчаш со блендерот околу јадењата да му го избереш најубавото,ако имаш среќа да најдеш нешто незачинето.Затоа за секој случај си носиш месо од дома,решо,па вариш со зеленчук и му даваш да јаде. Еве и јас не сум перела на одмор,ама купаќите мора да му ги исплакнеш. Не ги жалете многу македонските жени,повеќето тоа го прават од љубов кон фамилијата. И кога веќе ги спомнувате мажите,кој ги чува децата додека кутрата жена спрема оброк за фамилијата?
морам да кажам дека се согласувам со тебе секој одмор поминат со фамилијата е убав одмор без разлика каде си и со кого си.
А зошто некои одредени личности како Референтка и ај да не ги набројувам толку се вреѓаат кога Банкарката си го кажува своето мислење, а кога некој член, имено ваш пријател од форумов ќе каже дека пржење секој ден месо на одмор е сељачка работа не му рипате, туку дека Банкарката е нова можеби, па удри по неа.
Одма ќе ти кажам зошто. ...Бидејќи овде секој си кажува за себе, ама има и такви кои не што кажуваат за себе туку ги набедуваат останатите дека лажат Адвокат си на Банкарката ?
Ти зошто си одела на тие монденски места? За да кажеш дека си била или зашто си сакала да одиш таму? Ако било од што си сакала, зошто мислиш дека некој друг, посебно семејство со ограничени приходи, оди во Грција или Турција за да кажат дека биле на одмор? Не сака на планина, сака на море. Како не можеш да сфатиш дека секој оди кај што сака и троши колку што има? И која си ти да кажеш дека се лажат сами себе дека си поминуваат убаво, а уствари не им е? Аман бе луѓе со муабетиве!
Ете гледаш. Одма дали сум адвокат. Јас сум реална и си го кажувам мислењето, без разлика дли некој што ете подобро комуницирам на форумов мисли како мене или не.
Ете гледаш, за мене не си реална. Можеби за себе си...преиспитај се... Кога ќе си кажеш свое мислење, не треба да очекуваш секој да се сложи, ама пак да кажуваш дека некој лаже, не е во ред.
Еден работен ден во текот на годината на едно семејство со две деца ученици и вработени родители,еве како изгледа. Родителите на работа до 16 ч,децата во школо.Дома ручек,после секој своите обврски,а децата имаат воншколски активности како јазици и спорт,а родителот е оној кој вози и разнесува,се комбинираат и мајката и таткото. Учење,домашни обврски,работни обврски кои не престануваат и по истекот на работното време...и поминал денот.Од утре пак истото. Се сложувам дека квалитетот на поминатото време нема никаква врска со квантитетот,но никој не оди на одмор да глуми лудило,барем јас такви не познавам.Оди за да биде со семејството,за да ги прошета децата,за да видат и доживеат нови нешта,да бидат заедно сите на куп и да создаваат спомени.
Сфатив јас уствари што ги вреѓа, вистината ги вреѓа. Тоа е уште една потврда на стереотипот. Си бараат самопотврда за постапките и триста други изговори. Јас на пример не се срамам да кажам дека веќе 3та година штедам и не сум била на море за да соберам пари за во Тајланд да идам тоа ми е желба и преживеав без морето ништо не ми е. Не ме вреѓа тоа што некои пријателки мислат дека сум глупа и не ги користам моментите за да уживам сега и дека сум заостаната и сиромашна ако не отидам до Халкидики, а вистината е дека целиот просек е таму. Мислам со понудиве на Групер за 50€ 7 дена Лефкада коа сакам можам да отидам со пиперките на рамо ама не ми е тоа целта колку да кажам дека сум била или да идам ради морето демек... Не ме вреѓа ништо од тоа, си правам по мој памет. А као не сте цела год сите заедно зашто децата од по 5 год искочени се у град цело време и баш на одмор само сте сите заедно? Или под тоа сите заедно мислите и на поширокиот дел од фамилијата тетки стринки? И не е секое време поминато до семејството одмор туку за жената е и умор. Аман ако признаете дека сте уморни од секојдневно готвење и пеглање не значи дека сте лоши мајки или домаќинки! Незнам што да сум па ќе ми смачи да бидам супердомаќинка. И пак мешате глупости. Нормално дека е фамилијата најбитна и дека е најубаво со фамилија па каде и да си ама која е поентата на одморот ако жената и мажот неможат да се одморат од секојдневните работи и обврски??? Тоа одмор ли е?
@Olie Libera Баш затоа напоменав квалитетно време со семејството небитно каде и дома беше пишано. Водиме брз живот. Честопати родителите се враќаат од работа, а децата веќе потонале во сон. И во целата таа трка да им се обезбеди добар живот, повеќе време се работи отколку што се поминува со нив. И зошто тогаш 10те слободни дена што ги имам во годината да ги поминам во манастир, кога можам да ги организирам на море или езеро, со домат-одмор, ама знам дека 10 дена ќе бидам со нив цело време? Еве брат ми (23), типичен балканец, стана можда во 2ипол, ама зема одма палачинки да праи. Поима нема што шљака, ама еве го мати ли мати, а тавата спремна. Јас (28 ) го спремив кремот. Балканска работа.
Па и нема баш да бидеш зашто на децата шоинтересно ќе им биде да играат со други деца, да се брцкаат цел ден у вода и да праат замоци, да дремат на лулашки и навечер да играат жмурка одколку да седат у скутот на мама и тато и вечерта у 8 да ги затвориш у апартман и да ги успиваш со цртан филм на таблет. Или можеби вечерта ќе шетате а? Ама не децата мразат да шетаат ќе кенкаат дека ги болат нозе и ќе сакаат да се возат во забавен парк или да играат со други деца (и тука пак не поминувате време со децата зашто се зафатени у играње со други деца) сакаат сладоледи, пици и триста чуда ама неее ќе скапат пиперките после кој ќе ги јаде затоа у 8 телефоните у рака додека вие праите нешто за вечера и ајт у кревет. Реалноста...
Оваа жена опишана во првиот пост очигледно нема поголеми финансии да си приушти друг вид на одмор, па одлучила дека овој и е доволен да го помине летото. Верувам дека сите посакуваме нешто повеќе секогаш, но условите тоа не ни го дозволуваат. Зошто да ја критикувам јас таа жена што одлучила да оди на одмор и таму да готви, пере, чисти или што било, затоа што нема можност за поинаков одмор. Не ми е јасно. Никој не ја натерал со сила да оди. Да ми каже мене некој дека сум будала што готвам, чистам и перам додека сум на одмор ќе и речам да не ми се меша во штипки, затоа што кај можеби ме боли што не можам повеќе да си дозволам, па уште некој памет да ми соли дека одмор така не се терало. Ама тоа не значи дека не сфаќам дека нејзе и е тешко и дека можеби не ужива и не се одмара. И тоа не значи дека и покрај сите маки таа можеби и си поминува убаво. Сите имаме различни стандарди. Кога си сам е полесно да собереш пари и да испланираш каков сакаш одмор. Кога доаѓаат деца, животот е поинаков. Затоа што повеќе не е толку важно тоа како јас се осеќам, колку што е важно колку децата се среќни. Да се биде родител, било мајка или татко, бара големи жртви, секојдневни и верувам дека понекогаш им се смачува, навистина им е дојдено преку глава. Ама не се откажуваат, земаат здив и повторно и повторно прават некои можеби монотони постапки, рутина која тешко се издржува, ама ја издржуваат за своето семејство. Да собира со години пари за одмор? Животот е прекраток луѓе, болест ни е на секој чекор, зграбете ја секоја можност да се прошетате и да создадете спомени со своите блиски. И имајте и заштеда, оти во државава не вредат плави картони. Забегав а Не се омаловажувајте, секој најдобро си знае за себе.
Ок според тебе треба да картираме децата со баба, дедо во камп или преку училиште (што ли да правиме ние со деца уште непочнати со училиште) за да можиме ние со мм да се одмориме инаку џабе одиме на одмор, з`ш со три деца каде и да одиш на одмор нема да се одмориш?
Би се заморила доколку готвам,перам за некои газди на работно место,но за своите никогаш. Безразлика дали одморот ќе го поминам дома поради немање на доволно финансиски средства или пак на некое место кога ќе имам повеќе да си дозволам секогаш ќе биде битно со кого сум опкружена. Саканите се оние кои можат да ми го пружат оној психички одмор кој во денешно време е се повеќе потребен...
Девојче ај читај убаво пред да реплицираш за глупост. Реков ако неможам да им приуштам одмор ко што треба ќе ги пуштам боље со баба дедо или преку училиште, а ја ќе се жртвувам за своите деца и дома ќе седам за да им овозможам подобар одмор наредна година, што не е јасно? И тоа го реков дека децата би ги пратила така во случај ДА МОРА да одат на одмор, нели вие како што викате за здравје на децата, за бронхит, за ова за она... Друг коментар имаш?
Банкарка, ние само дискутираме, не се нервирај до толку. Ти си таа што почна со осуди. За разлика од тебе, ние не те навредивме, ниту го осудивме твојот избор и гледиште за годишниот одмор. Ние само излеговме секој со своето. Ние го прифаќаме твојот избор. Секој со својот. Ти си таа што не убедува нас дека ние халуцинираме кога велиме дека не ни е тешко да се жртвуваме. И да, на децата секогаш нешто друго ќе им биде поинтересно и никогаш не ќе може да им се удоволи, ама тоа значи ли да го пратам во камп или да не одам на одмор? И деца кои се кенкави и на Тајланд нема да те остаат раат ама ти пак ќе одиш нели? Или тоа за Тајланд не важи? Родители кои имаат 10 дена во летото да ги поминат со децата, ако се кенкави никаде ли да не одат? Па и кенкаво да е, мое е, и ќе го носам секаде и ќе се жалам дека е напорно ама знам 10 дена ќе ги имам со него пред да се вратам на секојдневната рутина. И кога ќе се враќам секој ден од работа, а тоа веќе заспало, ич нема да жалам за тие 10тина дена што ми ги извадило низ нос.
А ти читаш пред да напишеш дека некој реплицирал глупост? Моите деца се 5, 3 и 2 години, како да ги пратам преку училиште, како да ги товарам свекорот и свекрвата со толкава одговорност или па татко ми, а можеби и они не сакаат да водат сметка за 3 мали деца на нивни одмор, можеби сакаат и они да се одморат. Јас каде и да одам на одмор нема да се одморам со децата, дали во хотел со 5 ѕвезди, дали во камп, дали алл инк секаде децата ќе бидат моја и на мм одговорност и нема одмор за нас додека не пораснат, тоа е оно што пробуваат да ти објаснат а ти не го сфаќаш.