Јас споделив на инстаграм а сакам и на твитер да пишам зошто мислам дека ќе стигне до уште повеќе луѓе, дали имам дозвола @MandyLane ?
@MandyLane твојата животна траума што ти остави повеќе од лузна на стомакот и ти го одзема правото повторно да родиш е најпотресното нешто што прочитав. Ти си преубава девојка и прехрабра мајка ,жена, битие за да патиш и да го преживуваш овој кошмар низ правните лавиринти. Но не смее да остане неказнето ова дело и не смее да се повтори. Стојам зад тебе и твојата цел како сите други на форумов и пошироко. Иако избледнато во споредба со твоето искуство и јас поминав низ мала голгота после царскиот. Добив напад на жолчка и морав итно да ја вадам. Сеуште си го доев двонеделното синче. Заглавив во скопското 'зрадство'. Ме пречекаа со зборовите "Кој ти кажа па дека мора?" "Како планираш да си го доиш бебето размисли мајка си неможе да се оперираш." "Ковид е оперираме само болни од рак седи си дома". Со врски нормално бидејќи стварно беше итно и со страв и ништо нејадење и непиење дочекав да ме оперираат. Тимот од немарност ме успа неколку секунди пред да влезе хирургот на мој хорор снагата ми беше одземена ама бев СВЕСНА. Го слушнав кога рече "дај скалпел" и ги осетив првите три реза еден по еден. Неверојатна болка, се молев барем да мрднам со прстот да видат дека сум будна. Сакав да вриштам а неможев. Се измокрив од мака и конечно темница. Се разбудив во борба со завоите со кои бев врзана и викав им викав не фати анестезијата се осеќав. Ми велеа ти се причинило не е така. Како да докажам. Излегов си го гушнав бебето и закопав се длабоко во себе. Ова што го прочитав ме потсети. Здравството ни е хаос заслужуваме хуманост и нега како што треба Не си сама со тебе сум
Не, со обична трансакциска сметка. Ама не може од Мк, ете Ан-на пиша погоре, стопирале донации од Македонија.
Сосема те разбирам. За време на царскиот, бидејќи траеше мн долго, спиналната веќе престана да делува и почнав да ги чувствувам нозете, а со тоа и осет и болка додека пробуваа да ме сошијат. Ама не се нафатив да ме успијат, им велев ќе издржам, само да не ме успиваат, бидејќи немаше да се разбудам.
се сложувам. Знаете, имам завршено медицина и лиценца за работа, сум аплицирала порано сум полагал приемни ама да бидам искрена во моментот сум без работа и не се нафаќам во ниеден случај да работам како сестра во болница. Значи не можам, со слабо срце сум не е работава само плата да земам. Ама 80% од вработените знам дека се вработени за плата да земаат. Луѓе знаете која паника е да имаш пациент и да не можеш ништо да направиш. Ама треба да имаш осет не само "што да ти правиме ние нашето го сторивме" за тие што не можат не се способни едноставно не е местото за работа таму.
Драга @MandyLane и од мене ја имаш целосната поддршка за да ја истераш оваа борба до крај. Ситуацијата со здравството во оваа наше "државиште" е страшна,секоја друга жена може да се најде во твојата незавидна ситуација...како тазе породена мајка кога го видов постот на фејсбук одма ти го шернав,едноставно неам зборови тоа не се опишуе колку бев згрозена од целата твоја ситуација....свекрвата е доктор и баш дискутиравме и она искоментира со овие зборови: епа затоа после ќе ги тепаат,и доктори и сестри и све живо и диво. Држи се и оди до крај ти посакувам исто и брзо опоравување!
Не си единствена на која и се има случено тоа со анестезијата, будноста, слушање на разговор и неможност да се реагира иако се чувствува болка. Една пријателка ми има раскажувано ваква ситуација.
Многу ми е жал што си поминала низ таа голгота.Ја имаш подршката од сите нас.Оди до крај.Раскажи на сите и именувај ги докторите и сестрите.Таквиот срам нека има служи на чест ако ништо друго,но терај повеќе.Нека платат за тоа што сториле.Верувај има многу други кои исто така преживеале вакви трауми.Биди храбра и оди до крај,а ние сме со тебе.
И треба само добар адвокат, кривичар пред се', кој ќе се нафати да и го води случајот. Колку адвокати би и требало за едно дело, лекарска грешка, кога знаеме дека случајот и зависи само од објективното вештачење, кое за жал тешко да го добие. Само сум реална, од тетовската болница нема добиено ништо. За жал можат со многу работи да се исперат и затоа треба некој добар адвокат кој ќе биде спремен на тоа. Инаку постапката е таа, отвори ЗКП, КЗ, тоа е, проблемот е во докажувањето. Јас за жал можам теоретски да и помогнам, имам скромно искуство од кривичното, сум работела во друга област, ама отприлика знам за да ако сака да постигне нешто, за кое јас сум скептик, ќе си ангажира адвокат и ќе ја тераат постапката. Но пред се, мора да бидеме искрени и реални. Исходот е неизвесен.
Многу ме потресе ова , додека читав солзи ми течеја... Браво за храброста, ти си многу јака жена Немој да се откажиш и оди до крај, за себе и за сето она што си го доживеала, за твоето бебенце, за сите жени... Мора виновниците да си превземат одговорност и да си одговараат за сето ова. Поддршка имаш од сите нас, се надевам дека си добро и среќна со твоето бебенце.
Ќе пратам на Дарко, на Роберто Навали, на уште еден со 40,000 следачи. И на стори ќе ставам. А да отвориме у наша банка линија? Место со Гофунд ми? Као шо донираме за болни луѓе? Секој од форумов по 100че бар да даде, ќе се соберат доста пари
На саќето и мислев ахахха ама не знаев дали го знаат иначе @MandyLane треба линкот да го копирам само? може да ми го пуштиш?
И повеќе од неизвесен, искрено би кажала дека во нашава скапана држава шансите се скоро никакви, не би сакала да ја обесхрабрам девојката но за жал тоа е вистината на која мора да биде спремна.
За жал. Се надевам дека еве притисокот од јавноста ќе смени нешто. @MandyLane дали те има контактирано некој од Лекарска комора, од Министерство, некој да те праша за случајот?
@MandyLane ке ти пратам контакт од добар адвокат кривичар убиства силување работи врзан со обвинители и судии Барај го видете се и видете дали ке го земе случајот