@MandyLane Подршка,сум поминала голгота,др си продолжи да работи,како и во еден куп други случаи.Ти посакувам да успееш во ова
Треба и на познативе да се вклучат да се испрати и до нив да споделуваат, сепак имаат некакво влијание на луѓето. Што повеќе луѓе видат толку подобро и повеќе донации. Пример може и кај Јоци, Ина, Миа...они се сепак поборници за женските права имаат и многу следачи и битни луѓе.
@MandyLane, што и да пишам ќе повторам веќе кажано од останатите членки. Само да изразам поддршка. Се надевам ќе се истера работата до крај, тие одвратни не заслужуваат веќе да работат. Детето ти е сонце, а ти прекрасна.
@MandyLane те следам одамна на Инстаграм, се запрепастив кога ти го прочитав статусот. Никоја жена не заслужува да го доживее ова, а исто така е и доказ колку сме назад со здравството во државава. Нема што да додадам плус од она што многу членки веќе ти го пишале. Ти посакувам побрзо закрепнување и да ја истераш правдата до крај.
Ова треба да не засега на сите. Еден ден ние ќе сме тие што треба да раѓаме во истото тоа здравство. Првин родилката од Дебар, па сега ова за 1 година и никому ништо? Не знам што, но нешто ние мора да направиме. @MandyLane се надевам дека сега си добра и што побрзо ќе го заборавиш ова лошо искуство..
Имаше пред некој месец сличен случај со родилка од Кавадаречко. Во осми месец од бременоста 26 годишна девојка се заразила од ковид. Нашиве "доктори" ја советувале на итен царски рез. Починала по три дена... Те гушкам @MandyLane Биди силна за себе и за бебенцето. Крш здравствен систем, крш држава.
Нѐ се откажувај и терај го ова до крај. Имаш поддршка, стоиме зад тебе, ќе донираме средства за правните заврзлами, имаш доволно храброст и нѐ дозволувај во името на сите направени здравствени неправди да помине ова неказнето. Казна мора да имa @MandyLane Ако пропуштивте вчера Код
Цццц како бели мечки се штитат докториве од секаде. Вториов случај за Систина не е прв ваков, обично луѓево се откажуваат од тужби заради тоа што овие се " појаки....Се надевам и двете и сите кој водат ваков или сличен спор со лекарски грешки ќе добиете правда. Не можам да пишувам повеќе ама уште еден случај кај и да е ќе се бара да се разреши за смрта на родилка која ја прикриваат со моменталната ситуација и "Короната е крива".
Женски, да ве замолам тие што имате твитер да објавите таму или да им пишете на "повлијтелните", да стигне до нив. Јас таму не сум активна, а мислам е супер платформа за вакви теми. Инаку, да ве апдејтирам, стапено е во контакт и со министерот за здравство, запознаен е со случајот. Следуваат уште инспекции. slobodenpecat.mk/filipche-za-rodilkata-od-tetovo-sleduva-analiza-i-struchen-nadzor-se-shto-kje-dobieme-kje-objavime-javno/?fbclid=IwAR3seW758XoSd_3qtpFqiZCpmKeG97mJ5AaRg6sKXG-DgHfPb8dTEDATREM
Btw дечки ако има некаков расплет ситуацијава без да се искористат средствата од GoFundMe ќе ги донираме некаде, транспарентно ќе биде се. Ама стварно транспарентно, не како ова од Филипче.
Страшно навистина, како најстрашен кошмар. Хорор! Згора на се уште и ти те разубедуваат дека ти се причинило... мизерија. Добар доктор секогаш го слуша пациентот и неговото искуство, а не го дискредитира. Толку само ќе кажам. Штотуку ја изгледав Код @MandyLane и можев да го почувствувам твоето страдање ама и твојата храброст и сила. Се надевам дека оваа борба што ја водиш ќе има соодветна правна разрешница и ќе им биде позитивен пример на сите кои се во слична ситуација, а се двоумат дали да бараат правда. Зошто како што рече и во емисијата има многу вакви случки, многу лекарски грешки, за кои никој не зборува јавно и луѓето не бараат правда од најразлични причини. А штом се заташкува и преќутува проблемот останува. Медиумската поддршка и присуство е многу битна во борбава во тој контекст, а Лупевска е професионалец во својата работа. Штета што не ги снимаат операциите кои се рутински и чести. Па да видат со доказ дали има или не пропуст од страна на докторите. Тогаш многу повеќе ќе пазат како работат. Штета што не е законски да си снима аудио човек секогаш кога оди на лекар, ќе има што да се слушне.. На ГАК пред 17 години се пораѓав парелелно со уште една жена во салата до мене. Јас се породив, добра бев, а таа се мачеше. Приметив дека има мешаница во другата сала и од мојата сала земаа апарат за вакуум и го однесоа таму. Се породи и таа и не ставија во соба, лежевме една до друга. Ми рече многу болки имав дур се отварав, ама не ме носеа на пораѓај, почнаа отчукувањата на плодот да опаѓаат, требаше брзо да се реагира и да ме носат во сала, а мојот доктор само ме гледаше и ништо не кажа, се здрви. До него стоел докторот кој мене ме породи предтоа и кога го видел овој дека не реагира ја превземал контролата и го поместил на страна. Викнал по сестрите да ја однесат во сала, му донеле се што треба, апаратот за вакуум и сл. и ја породил тој. Ми рече твојот доктор ми го спаси бебето, другиот уште ќе чекаше... И немам верба во никој од здраството луѓе, ни приватно, ни државно. Зошто премногу пати лоши проценки и терапии сум добивала и јас и мои блиски од доктори било приватни, било државни. Да не сме побарале сами второ мислење или да сме прашувале сами, може немало да не биде денес. Па уште се лутат ако си се информирал и видат дека нешто знаеш од медицина, одма егото им се упалува. Е затоа читаме и се информираме, а егото нека си го остави дома. Треба лекариве да си сфатат дека не се сите неуки за медицина и лаици, и дека во ординација ќе им влезе некој што се разбира и што знае што значат стручните називи што ги користат пред пациентите кога не сакаат да им кажат нешто директно на нив, ама сакаат да го кажат на колегата. Мене одма ми го мењаат односот кога ќе видат дека ги разбирам, зошто знаат дека треба да пазат што зборат пред мене. И одма прашањето - а ти медицинско лице си? Не, не сум .
Само аман нека не биде дотолку транспарентно колку со родилката од Дебар и со струшкиот гинеколог, очи нѐ заболеа од транспарентноста. Може ова не треба да се каже во овој момент, гледам сите те охрабруваат и јас исто ти давам поддршка ама дека нешто овој пат ќе биде поразлично, чисто сумљам. Трула ни е државата, не функционира системот, се сѐ решава со криминал, криминалци и нѐ водат… Сепак, среќно ако решиш ова да го носиш пред суд. Време е некој да сноси одговорност за грешката.
Дали имаш контактирано адвокат и дали имаш некаква документација добиено од болницата? Ако разбрав убаво, нешто спорно беше со документацијата. Не стигнав да го изгледам видеото цело, само ќе кажам- ти си силна жена, и не се откажувај додека не најдеш правда.
Во контакт сум, обезбедено и спремно е се. Чекаме да видиме стручниов "транспарентен" надзор што ќе биде и одиме понатаму. А да, еве, гледајте го до крај, има работи што ги немате видено до сега
Видов слики од конверзацијата. Мислев вие што сте им кажале. Држ се женче, што да ти кажам. Моето не е ни близу ова, ама е траума. Јас имав мака со секундарно здравство, односно после породување патронажната ми доведе дете до дехидрација до раб да го изгубам, ама се спасивме и сега е дечко 5ипол годишен, но сепак мене ми тежат оние 3 дена во болница.
Добро е што е на албански видеото и сигурно има и Албанки кои минувале низ слични проблеми во истата болница, дали кај истава докторка или не, важно е да се објавува јавно и да допре до повеќе. Се надевам дека ќе дојдете до доказите за да ја гоните кривично и да заврши со заслужена казна .
Најпрво честитки за малиот жив и здрав да биде, да има среќно детство покрај мама и тато. Жал ми е за она што си го прошла и се надевам дека правдата ќе биде на твоја страна. Ти ја посакувам сета среќа на светов.