Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голготата што ја преживеав по пораѓајот во Тетово

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од MandyLane, 23 декември 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Браво Менди, навистина ми е мило што медиумите покажаа интерес за твојата приказна и патешествие. Веќе кога го превзема чекорот, нема назад, храбро бори се со дадените препреки. Верувам дека правдата ќе ја добиеш. Имаш максимална поддршка од семејството, пријателите, лица кои не те познаваат. Се надевам дека токму ТИ ќе бидеш примерот за една задоволена правда. Носиш надеж за оние што молчат, јавно да проговорат за својата горка сторија. Крај мора да се стави на безредието, нестручноста и непрофесионалноста.
    А таа докторката за почеток да и се одземе лиценца, а понатака и кривично да одговара. За жал, се повеќе има слични стории, но за среќа, се повеќе се говори и се превземаат мерки и чекори за задоволување на правдата.
    Да си жива и здрава уште 100 години. Упорност, решителност и борба.
     
    На Celltica, cresa-jagoda, Luminary и 9 други им се допаѓа ова.
  2. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Има некои новости или ќе остане така случајот?
     
    На lale22 и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Чекаме сега прво изјава од Филипче за стручниот надзор, во меѓувреме почната е постапка и со адвокат, и преку адвокат е пратена уште еден инспекциски надзор, а после тоа ќе видиме како ќе се одвива се, ке ве известувам.
    Ќе треба малце повеќе да ги напнеме по социјални мрежи, така ме советуваа правниците со кои сум во контакт, и пак да се ангажираат медиумите.
     
    На JuLleE, Ketchup, Feminka22 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Медиумите се опортунисти кога се работи за шокантно и сензационално. Цели програми приготвуваат и интервјуа и што ти не истиот ден за наредниот да не ги занима. Ако навистина објективно следеа нечија сторија ќе ја дочекаа и емитуваа и разврската на истата сторија. Се плашам да не го занемарат и ова се до следниот случај се до следната катастрофа исто како државава што заташка и потфрли за многу други така и они молчат. Абе да сум медиум секој ден ќе го трубам за се што не е решено дур не ги боли глава надлежните. Ова е срам да градиш рејтинг и гледаност на човечки трагедии за после да им го свртиш грбот. Треба едно писмо до сите нив да се запрашаат за кого вистински работат?
     
    На Abel, Beatris, firequeenn и 9 други им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Девојки, сега ќе ми треба услуга.
    Време е да се ангажираме повеќе луѓе.
    Имено, ме насочија колку што е можно повеќе луѓе на мојот пост на фејсбук да ги тагнуваме Филипче, Министерство за здравство, новинари и јавни фаци, кој ќе ви дојде на памет, тагнувајте.

    Би ја замолила @RainBow доколку е можно темава да се префрли во Кафе муабети, да ја видат повеќе луѓе.

    Ајде женски, да се активираме. :muscle::hug::l:

    Линк до постот на фб: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1083481095759280&id=100022921983597
     
    На Milobebence, CareTee, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  6. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав твојата приказна пред 20 минути и уште ми се крева желудникот од секој збор што го прочитав...
    Гнев, ќе ми пукне душава од нервоза како можат да дозволат вакво патење на живо човечко суштество!
    Си поминала трауматично искуство, држи го бебето в раце и добивај сила за борба со ова гнасно општество.
    Тука сум за тебе :hug:
     
    На LejlaD и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Поддршка од мене хероино , веќе тагнав Филипче , министерство итн .

    Не те препрашав , дотичната сеуште ли работи или има некаков напредок , барем привремена забрана или нешто ?

    Знам ужасно е тешко во ова напатено државиче , но сепак се надевам дека притисокот на јавноста барем до тоа доведе .. ?
     
    Последна измена: 15 јануари 2022
    На Осе, MandyLane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Џабе тагираш.. немаат слух.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Не е дека немаат, заштитени се и тие што сакаат да кажат нешто само ризикуваат да останат без работа, сзо ги штити д-р како бели мечки, погрешни операции, лекови погрешни се им е дозволено, затоа ова денешново се е само медицина не е.
     
    На Feminka22, CrazyGirl15, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Гледам колку сакаат. Се уверив хах
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Каква врска има СЗО со докторите во Македонија?
     
    На Feminka22 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Остај ќе се скарате…

    Требаше Дона јавно да пише после пола година за да превземе некој нешто, иначе ради СЗО не можеле да ја испратат во Скопје, да не изгубат работа.

    Шта речи,а не заплакати…
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Ок
     
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Претходнава недела работеше, другарка вадеше патолошка, баш таа и потпишуваше...

    Он топик, мислам дека може да се извојува правдина доколку се вклучат медиуми.
    Џабе ќе се штитат меѓу себе ако има голем притисок од народот и медиумите.
    Ако ништо друго, реално Тетовчанки знаеме која е докторката и без да биде јавно кажано, мало е Тетово, па нема да припари трудница до неа.
    Друга работа, @MandyLane , те знаат, имаш и доста следачи. Што велат адвокатите на пример да побарате и други сведоштва во борбава од други жени што минале лошо?
    Ако дозволат они, мислам ќе се отворат жени во инбокс кај тебе, па и ќе застанат рамо до рамо со тебе.
    Доволно е еден да почне, после е полесно за другите, а ти еве веќе почна да одиш по тој пат.

    Среќно :hug:
     
    На Осе, Annath, CrazyGirl15 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Тоа со тек на време, зависи како ќе се одвиваат работите понатаму, дали ќе се поднесува кривична пријава и сл, сега за сега сите чекаме да видиме што ќе каже инспекцијата и стручниот надзор. Не само тој "транспарентниот" од Филипче, туку и адвокатот што испрати барање за дополнителен независен надзор.
    Е сега, споро оди. Јануари има многу празници и неработни денови, плус сега во влада ете ги прават измени ги фативме баш во транзиција, Филипче ќе се менува. Ептен е се некако комплицирано, ама јас секако не се откажувам.
    Една од опциите ми е јавно да и го објавам името, па нека се срами да излезе од дома.

    За жал, многу луѓе се тивки. Мислам на овие влијателните по социјални мрежи, ретко кој сподели, а верувајте скоро на сите им пишав приватна порака и ги замолив да споделат. Ама тоа е тоа, не е битно, одиме понатаму, мене ме фатило голем инает и така.
    :coffee:
     
    На Ketchup, FridaodaMk, Tsukinory и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Arjanit2021

    Arjanit2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Машки
    Ne prestanuvaj odi do kraj neka odgovara koj i da e
     
    На prashinka, LejlaD и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие што молчеа . Не поради страв , немам што да изгубам секако сум невработена .. Мислев дека јас лошо поминав , бидејќи ми беше второ породување ( велат кога знаеш што те чека , полошо е ) , и си реков дека е поради тоа , ни на крај памет не ми падна дека е до докторката . Ме измачи , не сакаше рез да ми направи , 15 минути ја молев , требаше да почнам силно да врскам за да направи рез . Кога го прочитав текстот на Дона , прва ми падна на памет таа . Трауми имам од неа . Лошо жениште .
    Тоа е тој тетовски инает :devil: . Само напред , оди до крај , веќе знаеш ако треба нешто тука сум , ќе се договориме , па и на суд ќе сведочам ако е потребно . Оваа докторка мора да биде соодветно казнета . Јас веќе предупредив неколку трудници и пред да објавиш , но сега веќе секоја другарка моја знае за неа , и колку ги измачува родилките .
     
    На koritsaki, MandyLane, Vanilla15 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    7.604
    Пол:
    Женски
    Од "инфлуенсерките" што се вечито увреѓени и повредени од некој и секој ден шират сонциња и месечини по сториња, ниту една ама баш ниедна не се најде да сподели. Каква солидарност и поддршка, фрапирана сум.

    Ако се инфлуенсерки само за свеќи во облик на голи женски и чанти од Дуки Дасо, ич не мора ништо да инфлуенсираат. Срамота.

    Women support women, жими мајка.
     
    На JuLleE, IRBBB, Ketchup и 12 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Самото име кажува (инфлуен)СЕРКИ ..
    Да бевме нормална држава , ова немаше ниту да и се случи на девојкава . А д-р веќе ќе беше сместена во затвор , а не сеуште да работи и да трауматизира трудници , кои и онака се доволно испаничени и исплашени .

    Денес баш гледав , родилка од Прилеп починала , но не дослушнав што поточно се случило .. Здравството ни е хорор филм :( .
     
    На christinnn, Feminka22, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Може да ти го споделам мислењево на стори на инста?
    :l:

    edit Го споделив, морав. :$:l::hug:

    Бтв, уште нема ништо ново.
     
    Последна измена: 18 јануари 2022
    На Snowflake97, Beatris и Harper им се допаѓа ова.