Не е поентата да му се кажува да споделат, треба сами да споделуваат. Треба да се свесни дека се повлијателни на социјалните мрежи па преку нив ќе дознаат што е можно повеќе луѓе и ќе се направи притисок за да се добие правдата. Но, џабе е сè очигледно. А, сигурна сум дека го имаат видено постот, небитно дали на инста дали на фб, само ете решиле да го игнорираат Пост во кој се опиша хоророт на една мајка, мајка која бара правда за да не се повтори истото на некоја друга жена, пост од кој сè уште добивам морници кога ќе се сетам на него го изигнорираа како да станува збор за најобична вест од типот на временска прогноза. Срамота
Јас не очекувам дека Менче би помогнала, ќе си останеше новинар, а не да се вработи во фондот, тоа доволно кажува....Од сите тие извикани Ини...и ред други само Божидар вреди, дечкото е многу нормален и реален. Дона кажувај тука ако треба ние некако да помогнеме, ние можеби не сме влијателни али многу сме што те поддржуваат. А тие што имаат лајкови и следачи и заради х причини не сакаат да помогнат треба да ги отследиме, почнувам од себеси со Ина, се е то од корист. Миа ваква или таква на крај испаѓа многу по фер од другите што се прават чесни. Само те молам да не се откажуваш
Душа бее многу ми е жал и искрено се надевам дека случајов ќе има разрешница и нема да остане " скриен во нечии фиоки"...
оххх само што видов на инста. Искрено ми е жал жено и ме боли што веќе еве втор месец се тапка во место. Немој да замолчиш во никој случај и не штеди никој, ако имаш уште да зборуваш, зборувај, со детали. тука сме ние за тебе, ако можеме нешто... било што.
Срамот на Клинички Центар Тетово мора да излезе на виделина ! Удри јако Дона ! Најскоро и ЈАВНО со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ од сите мршојадци што животот во пекол ти го претворија ! Бог е на твоја страна како и сите знајни и не знајни луѓе со малку човечност во себе !
Од мене има целосна подршка, ама има едно големо разочарување, јас барем ди сега немам слушнато дека некој доктпр за доктпрска грешка лежел затвор или одговарал во земјава, да е во Турција има да ја решат за 10 минути има да одговара ама кај нас Комората ги штити, знам многу случаеви што се тегнеле по судови во државава и пак ништо, еве искрено незнам дали некој се сеќава на случајот со малото девојче Тамара? Сеуште никиј не одговарал а дел од тие доктори станаа и директори на клиниките. Имаше уште милион такви случаеви што никој не виде завршница а да и еден случај кој го знам многу добро е што пријателка на моите родители почина на скопските клиники бидејќи погрепно и биле сошиени органите... и тие доктори станаа директори, а семејствотп на суд доби некоја минимална оштета што им беше страм да ја земат, а докторите ни условно ништо станаа директори, пред некој ден правев крвна слика на трансфузиоллгија Ск и одам по резултати и знаете што ми кажаа, дека незнаат кај ми е крвта и дека исчезнала (епруветата имала ноџиња и побегнала) и така јас морав да одам приватно да ме боцкаат за да добијам резултати, а да а да им однесев виски крвта немаше да се загуби.. Се додека не се казнуваат лекари кај нас ќе има вакви работи, повеќе им значи каков подарок ќе им дадете така ќе поминете на пораѓај, ако имате нешто поскапо како кралици ќе Ве гледаат, ееее луѓе ова е нашата чудесна земја... Подршка од мене, бори се до крај, а случајот може да има разрешница само ако оди преку медиуми инаку ништо никој ни ќе води ни ќе чуе
Ја сум за јавно на медиуми ( на Тв , на интернет и секаде каде може и не може ) со име и презиме да каже ! И тоа да се подразвика малку повеќе на Тв , за сите убаво да слушнат . Само знам што чека сеуште Дона и не ја објавува , законот не дозволува , може контра тужба да добие за нарушување на углед итн . Дај Боже што поскоро да добие амин од адвокат за да каже која докторка е . Ма да ние во Тетово горе-долу знаеме која е , и многу од нас биле кај неа и се увериле што жена е . Мене ме породи со второ , и ниту праша како сум , ама кога излегував прва се нацрта таму .
Како што кажа некој претходно, за жал медиумите се интересираат само еден ден, онака сензационално да објават и после те забораваат, исто како и институциите. Првите неколку дена ми прегоре телефонот од што ме бараа од секој портал, сега нигде ги нема. Буквално на никој не му е битно. Повеќе ќе смениме нешто ние тука доколку се организираме на протест отколку да чекам на медиуми. Ама кажав еднаш да не ризикуваме сега со вирусов, да се смири малце, па ќе организираме нешто.
Дона мила, викендов кога го видов кај србинката постот кај што те тагнав, сум плачела цел ден. Само што верувам дека во Србија ќе се смени нешто, а кај нас се си тапка во место. Јас не знам што повеќе треба да се направи за таа докторка да отиде зад решетки, да плати, да и се земе лиценцата, ете не знам.
Абе Дона, на полни кафани и кафичи ти мислиш дека со протест на отворено ќе доведеш нечие здравје во ризик? Ете имаше протест и за сообраќајката на Викторија и мислиш некој се заболи? Во држава кај шо буквално секој си гледа само за себе, ти, која животот ти го смени една квази докторка, се секираш за дали некој ќе се заразел на протест? Не викам дека тоа ќе ја реши ситуацијава ама еве, онлајн се споделуваше, се пишуваше, медиуски беше покриено, правно ете имаш покренато процедура и нема резултат. И озбилно коронава ја гледаш ко пречка за нешто следно? Ти се грижиш за нечие здравје, а кој се грижи за твоето?
Дали имаш некаков абер од адвокат , дали може барем иницијали јавно да споделиш ? Што стана со комисијата , нели ќе го испитуваа случајот ..
И јас сум за протест, ама убаво да биде споделуван, секаде, и да биде на ден кога сите се слободни. Недела на пример. Со маски на отворено нема ништо да ни биде. Јас потврдувам одма присуство ако се организира.
И тоа е една од причините за која не се решавам уште да организирам протест, нема да има одзив како што мислиме, а и медиумски не знам колку ќе биде покриено, ете на никој веќе не им е интересен случајот. Кафаните се полни точно, и огромен број на луѓе ми изразија поддршка преку коментар, ама ни пола од нив не би се појавиле на протест. Верувајте само вие што сте во темава уште се интересирате, никој друг. Не знам што и како да правам искрено, не сум паметна.