За други не знам, ама јас ќе дојдам. И 20 души да сме не е битно, битно е да се пренесе уште еднаш јавно пораката.
Потребна е медиумска подршка и притисок, баш сега прочитав ја ослободиле девојката која во самоодбрана го уби полицаецот кој ја малтретирал. Ама она доби голема медиумска подршка. Исто и апсењето на Јордан за собраќајката беше заради медиумски притисок. Мора уште еднаш да се обидеш да има по порталите да се пишува за тоа да се прави притисок...
Се обидувам, цело време пишувам на различни луѓе, новинари, и луѓе активни на социјални мрежи, влијателни на твитер, инста, фејсбук. 90% од нив ме оставија на seen.
Боже мој, зарем сме толку проклет народ? Зарем секогаш мора на своја кожа да осетиме, да имаме чувство за нечија болка? Ајде мажите, ама ние жените, зарем има толку малку чувство, колку не има мајки, утре наши ќерки ќе можат да бидат на твое место. Пред некоја година во Штип почина родилка, во Кочани, и каде уште не, има скриено вакви трагични настани. Искрено ми се приповраќа каде живееме.
Ние за србиве сме гола вода, таму инфлуенсеркиве не чекаат никој да им каже, тоа се шерува со денови, се збори само за тоа, по 300 сториња прават, овде туц муц и толку. Ама за некое карминче и пар кондури ќе се продадат. Срамота! Рак рана ми е муабетов, не можам да се помирам.
MandyLane Најпрво да ти изразам голема подршка во оваа голгота и не застанувај. Обезбеди се правно и тужи ја кучката. Во Битола има една докторка , итоа ќе ја објавам јавно да знаат сите Николина Ристевска, дека на пола жени од апчињата за провокација им прави руптури на матките, за подоцна да си заминат од болница без матка. Обратисе кај Зоран Буревесник Ти посакувам многу среќа!
@MandyLane на Јоци ? Знам дека ја тагнуваа на фб , ама да и пишеш и лично ако веќе не си .. На Лупевска повторно да и се обратиш , дека поминало време а одговор нема сеуште , докторката сеуште работи со пациенти ..
И ова е интересно. Вие низ Тетово ја знаете која е и пак жени си одат кај неа. Зошто не ја бојкотираат пример? Ок со болки да појдеш па таа да е на смена, тогаш не бираш, ама некои шо си одат на контроли. Зошто не ја сменат? Еве јас да чујам вака за мојот доктор, не стапнувам веќе таму.
Можеби не се запознаени. Јас од форум дознав. На фб не сум активна воопшто. Медиумска покриеност нема, да оди во ударен термин на вести ке има притисок од сите страни. Членката сама води битка со цел систем.
Како нема? На сите вести ја дадоа, и на албански имаше прилог, по портали пишуваше, во Код ја имаше. Не е дека баш ја немаше.
Ох , јас немам кај неа стапнато од моментот кога ја видов каква е олош , тоа беше 2016 - та кога ме породи со второто дете . Кога си кај тоа дека пак одат , верувај , има жени што не веруваат .. ќе речат " абе името и угледот и ги валкаат , намерно е ова , хајка е " .. итн . А како и секој доктор , и она си има одреден број пациенти на кои им е матичен гинеколог ..
Ебати државата, ако народот треба да притиска, за институциите да си ја бркаат работата. Да беше нормална држава, ќе ја суспендираа и ќе покренеа истрага.
Абе име и углед се “валка” од рекла казала муабети, вака јавно на Тв со докази, со адвокати, не ќе да е за углед валкање. Ама секој со размислувањето и капацитетот. Дури мислиме дека некому му е дојдено до валкање нечиј углед онака, без причина, ќе си постојат вакви “доктори”. Иначе матичен се менува многу лесно.
Најстрашното е што не сум и прва пациентка на која и направила слично, а нема да и бидам ни последна со оглед на тоа што уште си работи еве. Ми пиша татко и на една девојка албанка од тука, 26 годишна.. луѓе, девојката завршила со кеса, бидејќи цревата и ги перфорирале. Друга, медицинска сестра, колешка на докторкава, исто ја оставила со внатрешно крварење. И никому ништо. Немаат поддршка од институции, од никој и никој не зборува јавно. Е затоа ме фати инает да терам до крај, иако сум буквално сама против системот како што кажаа погоре, затоа што не сакам никој да помине низ таков пекол. Друга работа.. сите ми свртеа грб. Новиот директор на тетовска болница ми е пријател, се знаеме одамна и он ми пиша уште тогаш кога објавив дека имам негова поддршка и дека ќе ме викне на состанок да видиме што како да ја санкционира докторката ако може.. и погодете што, два месеци поминаа веќе уште не ме викнал. Жалосно.