Знам , но еве свекрва ми е презадоволна од неа , матична и е , си го имаат муабетот и не ја менува . По нејзина иницијатива , ме породи " докторкава " . Ама видов дека не ја бива за породувања , па си се вратив кај К . К . за третото . Ако повторно ме породуваше , мислам дека ќе умрев таму на боксот . @MandyLane на хорорите им нема крај женоо , уште колку ги има само .
Се дозна идентитетот на докторката? А зошто не одите на Гак за пораѓај? (За Скопје мислам). Блиску е. И со ваков персонал подобро на Гак. Мислам дека примаат и од други градови.
Ние што сме од Тетово ја знаеме добро која е , а многу од нас сме биле кај неа и не породувала .. Мене ме породи со второ дете и штом јас како родилка која раѓаше природно толку се намачив , замисли како им било на Дона и останатите што ги породувала царски .. Не е ни чудо што многу мои школски одлучија во приватни болници да раѓаат .. Имаме и во Клинички центар Тетово добри доктори , ама пребукирани се и тие , конкретно К . К . уште да земе кревет и да не си оди дома воопшто . 24 часа е тука . Го нема 2-3 часа и повторно доаѓа , сум го гледала во 1 часот по полноќ заминува , веќе во 03 се вратил на работа .. Ама тој што ќе ти каже , кажано е . На сестра ми и рекол до 07:30 ќе бидеш породена , во 07:20 се породи сестра ми . За мене за првото му беше страв сам да ме породува да не се искомплицира , дека ептен млада бев , 18 години , го викна началникот на оделението и три бабици и ме породија со прво во рок од 10 минути . Ама оваа докторка не ја бидува за породување очигледно . Можеби за обичен гинеколошки преглед е ок , ама за породувања не е . Само да се избори хероинава до крај , ништо друго не посакувам . Да биде правдата задоволена , во овој 'рѓав систем ..
Колку што најдов и овој доктор што го кажувате како добар, не е баш? https://samoprasaj.mk/2zivejacka/153-2016-12-09-11-59-04 Има ли разрешница некква на овој случај? @MandyLane се надевам дека ќе успееш во борбата.
Тој е викнат многу доцна , друг др ја породувал жената ( ова се зборуваше низ цела болница , велат дека началникот Нагиб ја породувал .. што асистираше кога ме породуваше мене Казимир со првото дете .. ) , но кој знае што прават веќе . Сигурно и тој не е цвеќе , има и тој смртни случаеви , но е еден од подобрите на клиникава тука . Или се зависи од тежината на породувањето , не знам што да кажам веќе . Како и да е , кој е за породување со царски рез , што подалеку од Тетово , ако му се живее . П . С . За 30 годишната родилка , разрешницата е тоа што кажаа дека не смеела да забремени со друго дете никако , дека и кажале уште кога се породила првиот пат , и као не ги послушала и тоа ја чинело живот . Така ми остана мене во сеќавање , е сега дали беше за истата пациентка .. тоа не знам , знам дека се работи за истиот доктор .
Казимир е многу добар доктор, исто и јас сум презадоволна. Ме породи мене со првото, еве сега одам кај него на прегледи со второто. Сестра ми ја породи со двете. Од дома на полноќ доаѓал во болница, да ме прегледа кога не ми било добро. Тој има смртни случаи затоа што кога некој доктор ќе зезне работа, Казимир го викаат да оправа. Нема доктор што толку слепо му верувам ,како на него. Колку му досаѓав да се пораѓам царски, од збес што се вика. Нема рече. Немаш потреба за царски и нема да те пораѓам така. Професионален е. Истото и јас го знам за 30 годишната родилка дека не смеела да раѓа, дека Нагиб ја пораѓал и искрварила ама Нагиб е нешто главен таму ако не се лажам... нормално дека друг ќе сноси кривица. @hello-kitty.90 Оваа Олгица одамна ја немам видено таму
Видов дека Зоран Буревесник ја објави сторијата, браво за сите кои се обидуваат на некаков начин да помогнат
Ете ти се сеќаваш подобро , знам дека мноогу доцна го викнале Казимир не бил на смена тој воопшто . Инаку еден од подобрите , ако не и најдобар е тука . Нагиб е началник на одделението ( не знам дали е сеуште , но во тоа време беше , сигурна сум ) и ако зезнал он , може и му дал на Казимир нешто ( одредена сума на пари , покачување можеби ) за да молчи ..
Јас за истата сега скоро слушнав дека пред некоја година стромачкала главче на бебе со вакуум.. Блиска моја другарка била со жената на интензивна кога се пораѓала за второ бебе.. Не ми е јасно како не се слушнало за тоа, како жените ќутат??!!! Па мене сеуште ми иди да ја запалам болницата со се се иако моето не беше ни ронка од тоа што и се случи на Дона. Секаде го кажувам докторот и отпосле слушам абеее мислев да ти речам уште тогаш имам слушано негативни искуства.. Предупредувајте па макар и некој да се навреди! Викајте на цел глас! Се работи за животи, за врски, за моменти што никогаш нема да се вратат назад и вечно ќе останат таму завиени во темнината на породилната траума.. Уф се тресам од нерва!
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1130804354360287&id=100022921983597 Еве една честитка за 8ми март. Без зелено светло од адвокат, веќе не ми е гајле. Битно да го видат што повеќе жени и да не одат кај неа. Share.
Страшно ме испопотресе случајов. Има само едно прашање, како читам ова не е ни првиот ни поачедниот случај да осакати жени во процедура што е веќе рутина... другите жени што прошле кај нејзе низ слична голгота, а еве викате не се малце, не се пријавуваат за колективна тужба, за не знам, индибидуална тужба, да пробаат да се изборат? Заедно ќе сте посилни, очигледно дека ова може да продолжи и понатаму, ако никој ништо не презема во државата... И сите молчат на колку жени им сњ случи слично во последните две три години... само Бог нека ви дава сила, другите арам да им е. Нема правда
Женски хелоу, Прво да ви се заблагодарам за целата поддршка до сега. Второ, може некои од вас видовте на инста, ама решив да ги донирам парите што беа собрани на gofundme, од причина што случајот не мрда од мртва точка, јас нема да имам потреба од истите, а веќе се собра одредена сума. Така да, наместо да висат во воздух ни ваму ни таму, решив да ги донирам на неколку места на некој што има потреба. Ми пишаа доста луѓе на инста за каде има потреба од донации, сега само ги чекам парите да ми стигнат од Германија, затоа што gofundme беше на германска сметка. Треба да стигнат во текот на нареднава недела и ќе ги донирам. Се ќе биде транспарентно затоа што не сакам некој да помисли дека биле злоупотребени. Друго, не се откажувам од правда, ќе си чекам трпеливо за било каков расплет, до тогаш почнав некои соработки со здруженија за жени, барем на некој начин да направам промена. Фала ви уште еднаш.
Што бидна? Работи таа уште? Скоро секоја недела сум таму, и лежев малку во болница,ја немам воопшто видено. Јас мислев нешто да не ја суспендирале..што знам
Абе затвор треба да лежи по мене таа.Суспендирање ѝ е малце. Катастрофална грешка е ова нејзиново.Дебил невиден…
Треба,точно. Ама кај нас правдината слабо работи ,за жал. Таа со пациентите се однесуваше ко со животни. Отказ е најмалку што заслужува.