Греота, ако не државава, Господ да ѝ врати. Како може жена на жена да го праи тоа, нема везе еве и да не е жена, ало Хипокретова заклетва, жива душа у прашање?? Мозок? Слабо?
Пред 2 години лежев со една албанка, и нешто дотичнава и препишуваше терапија и албанкава ептен културно и се обрати ,вели ако може овие апчиња да ми ги смените со други, многу ми е лошо од нив и во моментот почнува да повраќа.. А на неа не и гајле кога почна да вика, која си ти, ако знаеш ајде станувај оди дома лечи се, ти ли ќе се правиш попаметна од мене, јас сум доктор.. Јас вака Ме исплаши, си викам само да не дојде кај мене, среќа друг доктор ме водеше .
Омг каков идиот е тоа…па ќе фатам со вазна ќе ја гаѓам бе.Боље ќе ја полежам една година, него да го испубие пола Тетово Дајте бе нешо да напраиме. А зашо сите шо им се десило нешо лошо со оваа, не ја тужат? Ќе ѝ помогнат на Дона така
Навистина не знам.. Еве јас сум секоја недела таму на прегледи, се израдував, мислев дека бар ја суспендирале. Дека сите доктори ги видов,освен таа..
Човечноста во мака се познава ! Браво хероино , и покрај тоа што имаш свои проблеми и ситуација која тапка во место , твоето срце е големо и мисли да стави насмевка и на други лица .. Секоја чест за ваквиот потег , јас како жена , сум горда што постојат жени како тебе ! Што од најтешките битки излегуваат како херои , иако долг е патот до крајот на тие битки ! А нејзе , еден Бог ќе и суди ако не нашево труло правосудство . Посебен круг во пеколот за вакви тумори како неа .
@MandyLane ти си човек со големо срце. Жал ми е што случајов не напредува и што госпоѓата уште си е на работно место како ништо да не било. Ме лути многу, ама џабе кога не сме доволно моќни да направиме нешто... Ама сепак се надевам дека некаква разврска на случајов ќе има. И ќе ти бидеме поддршка кога и да треба!
Женски, замислете одам сега у банка да уплатам пак дел од париве и таму ја сретнав докторката што ме оперираше. Полудев. П о л у д е в. Сестра ми ме задржа да не направам скандал, па само успеав да ја прашам дали ме познава и она ми одговори НЕМАМ ШТО ДА РАЗГОВАРАМ СО ТЕБЕ и замина брзо. Па тргнав по неа ама тој од обезбедување застана меѓу нас. Ме тригерна ептен, си се изнаплакав.
Иначе пошо и ја сум од Тетово- кога имав 13 години и крварев цел МЕСЕЦ ИПОЛ и еден гинеколог (маж беше не го знам на име) ме гледаше на ехо и само ми рече "ништо не ти е" и ме прати дома, без никаква терапија.
Ти си жено.. не знам Ретко се воодушевувам на некој.Ама тебе.. алал да ти е на борбеноста, истрајноста, добродушноста и пред сѐ на нервите и самоконтролата.. Ја не би да кажувам шо би напраила на твое место.Се надевам ќе ти се врати со сѐ најдобро ова што го правиш, и дека ќе си среќна.Свака част
Ужасно. Не знам како може да живее со тоа. Инаку и јас имам лошо искуство, кое заврши трагично благодарение на докторка негрижа, ама за тоа друг пат. Имаш поддршка и oд мене, ако ти значи.
Нема лице да те погледне , виновна е ! Јас не сум ја сретнала до сега , а и не сакам да ја сретнам .. Како и да е , секоја чест за твојата борбеност , храброст и истрајност ! Милион пати кажав и ќе кажам : многу од нас не би ја имале таа храброст и решителност !
Знам колку ти е тешко, ти верувам, ама послушај ме и не и зборувај зошто таа може да те обвини сега и да имаш проблем. Ниедна од нас не знае колку е тешко ова, ама мораш да се воздржиш за себе пред се. Гушкам и биди силна, за себе и за бебето.
Poso sum od tetovo site ja znaete doktorkata smeam li da znam za koja doktorka stanuva zbor za cisto da ja izbegavame u idnina ili da ja drzime u oko Ne mora javno moze po lp imeto me interesira koja e