Реално, у Тетово сите у медицинско со врски примени, единичари. Факултет не ни учат, после работа фаќаат исто преку врски и работат колку што им фаќа црпката. Дај нешто да организираме. Протести.
Прво наклон. За храброста, за процесот психолошки низ кој минуваш, за потегнувањето конци околу ситуацијата. Кога веќе минатото не може да го смениш, следните потези ти се многу битни. За идните родилки или за некои други, чии што случаи никогаш не се обелоденети. Второво е лично, страв ми е да раѓам.
Незнам што да кажам. Се фрапирав по незнам кој пат, како се третираат луѓето во болниците во оваа државиче, како што велам јас. Кога прочитав, те препознав. Те следам на социјалните мрежи и кога после пораѓањето ја стави сликата, се посомневав дека нешто не е во ред. Ужас е што се случува низ болниците, колку само личности без емпатија и компетентции работат таму. Колку само зацрнети семејства има заради таквите нестручни и самобендисани ликови во белите мантили. Тука би го додала текстот што го прочитав пред некој ден каде се зборуваше дека некои од медицинските лица незнаат да направат разлика меѓу кактетар и инфузија. Што го отсликува здравствениот систем во иднина. Дона, биди среќна и благодарна на бога што си жива, и во рацете го држиш твоето бебенце - борец исто како тебе. Живеј го животот со полни гради и оди до крај и зборувај гласно, бидејќи така ќе се охрабрат уште многумина што поминале низ многу вакви трауми. И да, уште една шлаканица, дека треба се заминам од оваа земја.
И уште ова, коментирајте и споделувајте го постот од фејсбук ако веќе не сте, да го видат што повеќе луѓе.
Не само што те осакатиле и те оставиле без матка, ти скратиле и ти уништиле желби за второ , трето дете.Ти ги уништиле најубавите моменти со бебето, ти скратиле најубави 15 дена со бебето. На оваа докторка треба да и биде одземена дозволата за работа и да ти плати голема оштета.До кога вакво дрско и некомпетентно понашање од персонал. Дона биди жива и здрава и оди до крај доста глумеа луѓево доктори.
@MandyLane жал ми е низ што си поминала поради лекарско невнимание. Случајов ми е познат, те следев на социјалните мрежи. Имав лекарска грешка, ни приближно лоша колку твојата, ама поминав многу тешко. Од обична операција на слепо црево, ќе добиев сепса поради памукот со крв што го зашиа внатре. Целосна поддршка имаш од сите во оваа борба во која ти ќе си победник
Јас сум во шок од приказнава, многу ме вознемири, не можам да поверувам дека вакво нешто се случува во 21 век во 2021 година @MandyLane Господ бил со тебе Фала му што си жива
Пишав и на твитер, ќе пишам и тука. Кога го читав постот таква грутка во желудникот осетив, таква тежина за тоа што си поминала. Се прашувам колку ли други жени поминале низ слично искуство и не успеале да добијат помош. Нашето здравство е страшно, мизерија. Да носиш трауми од доктори, иронија на животот. Од се срце ти посакувам да си физички и психички здрава, да го надминеш ова трауматско искуство и да се избориш со нашиот пропаднат здраствен систем, затоа што сите ние може(в)ме да бидеме Дона и да ни се случи истото. Поддршка до бескрај!
Ќе се дознае името во следниов период, бидејќи една новинарка од ТВ Клан Македонија успеа да и го дознае идентитетот, иако јас не бев сеуште спремна да ја објавам со име, и мислам дека во нивната емисија јавно ќе и го објави името. Кога точно ќе се емитува емисијата сеуште не знам, ќе ве известам.
Ќе сакаш да споделиш линк од постот? Имаш подршка за се За објавување на имињата, без претходна консултација со адвокат, не објавувај никакви имиња.
За името, јас не го објавувам. Ама ете новинарката го открила и е решена да го каже јавно. Што да и правам, пробав да ја разубедам, ама не. Ми рече да не се грижам и да има некој проблем, тоа ќе биде нивната телевизија. Линк до постот https://www.facebook.com/dona.nedelkovska.7
@MandyLane Јас магистрирав на тема Лекарска грешка. Теоретски можам да ти помогнам и да те упатам. Слободно пиши ми , ќе ти ја дадам и да ја имаш во пишана форма. Но пред сѐ, ќе те советувам да си најдеш добар адвокат и тоа кривичар, ќе ти треба. Да чуваш сѐ што имаш од документи, најверојатно ќе мора и вештачење и сведочење на доктори кои ќе потврдат дека станува збор за лекарска грешка. Во превод те чека тежок процес затоа што ќе наидеш на отпор од лекарите оти ретко лекар против лекар да сведочи. Среќно, и што и да ти треба овде сум. Притисокот од јавноста може да ти помогне во случајот. Се надевам и ќе има правна разврска.
@MandyLane Дона душо мила На најлошиот душман ова не посакувам да се случи. Ми се крева косата од тоа какво дно е нашето здравство. Секој ден се повеќе се буши дното. Најтешкото го помина, сега собирај сила за уште една долга и тешка правна битка. И не дозволувај ништо да те поколеба до целта - монструмот во бел мантил да скапи во затвор. Ја имаш нашата поддршка бидејќи секоја од нас можеше да е на твоето место. Ти посакувам што побрзо психофизичко опоравување и уживање во моментите со бебето. Бидете живи и здрави
@MandyLane нема зборови колку е болно и жално тоа што си го преживеала Секоја чест што собра храброст да раскажеш, и се надевам дека случајот ќе се реши во твоја корист и дека ,,докторката" ќе одговара за тоа што го направила, и нема да се заташка како со докторот од Струга со родилката од Дебар. Само храбро и истрајно терај напред! Гушки и за преслаткото мало човече Секоја чест и на @JuLleE за подадената рака