Кога бев на карил на вежби пред 2 дена имаше девојка 25 годишна со сепса после операција на слепо црево @MandyLane ти праќам поддршка
@MandyLane ти се восхитувам на храброста да изнесиш јавно ваква тешка приказна, Господ да е со тебе од сега и да си проживееш нај убави моменти со бебенцето. Заслужуваш. И да, да си ја истераш правдата, немој да оставаш така. Те чека тежок пат ама знам дека ќе имаш голема поддршка од сите страни. Биди силна. Не газат од секој е*ан аспект во оваа скапана држава, толку гнев собирам од сите случувања во последно шо не снајдоја, ја мразам државата и ги мразам и колнам сите шо ја водат, сите до еден шо се соучесници во сите гомнарии шо ни се случват. Шо ни горат живи луѓе, шо на пороѓај на жена и се отстранети сите органи , шо на женичка од Битола и е заборавена газа во стомак и поради компликации и неприфаќање на одговорност од болницата жената скапува со се страното тело во неа, шо девојка ја чуваат 5 дена со скапана матка и ја лечат со чаеви.. До кога ќе се штанцаат дипломи на партиски глуфци шо еден ден ќе не "лечат"? Кај сме да направиме нешто, да организираме еден протест масовен за сите работи шо ни ги сервираат, толку сме слаби и глупи? Прва би дошла до Скопје, само да има некаква иницијатива а да не биди партиска. Жал ми е, жал. Некогаш ми се вришти од немоќ, Толку мала земја храни толку многу злобници и психопати, мрзачи на својот народ.
Најпрво , жал ми е што си го преживеала сето ова , искрено и од срце ти посакувам се најдобро понатаму и бори се до крај . Се надевам дека ќе ја добиеш правдата што ја заслужуваш , пред се поради претрпените маки и животот кој ти висел на конец .. Биди храбра како што си била до сега .. Патем , Дона , може ли да те прашам нешто ? Околу името на докторката е , не знам дали ќе сакаш да споделиш со мене , но и јас минав голгота ( но далеку од ова што ти си го преживеала ) , па сакам да знам дали се работи за истата докторка ? Не јавно тука , туку во ЛП , дали би сакала да го споделиш со мене нејзиното име макар ( и јас сум од Тетово ) затоа сакам да знам , да не налетам на неа јас или некој мој близок ..
@MandyLane офффф , само што го читав на фемина и се потресов, ти ли бе девојче Хорор е Тетово. Најдобрата другарка живее таму, какви не приказни ми има кажано. Див Запад. Ни на филм нема Многуууу ми е жал Гушни го човечето мало
@MandyLane Знаеш што не ми е јасно,и што ме лути,како можат сите од персоналот да молчат и се штитат. Си се породила во работен ден во 07 наутро,имало луѓе персонал на смена,таа не била сама на смена,по двајца доктори се,3 и 4 спрат е полн,како можат само, девојче младо го губиш и да ќутат ко залиени гуски. Ама молчеа и за К.К кога беше по рочишта. @CrazyGirl15 Една е македонка таму од таа генерција,не можеш да ја промашиш,од Теарце,Глоѓи мислам беше.
Оти таква е 'културата' на однесување на државно: 'Ќути, не таласај' Од то ќутење, ќутук се сторивме.
Се штитат меѓу себе, тоа е. Во соба ми влегуваа преку 20 медицински лица, доктори и сестри нели се менуваа дежурства, еј ниту еден да не знае ништо. Или знаеја ама поприфатливо им беше да умpам отколку да им се дознае грешката. Не разбирам. Јас имав ТИПИЧНИ симптоми на акутен абдомен, тоа е лекција што и јас како стоматолог ја имам учено. Страшно и неверојатно, не ми е јасно никако.
Девојче, се наежив кога ја читав твојата приказна. Јас не знаев дека си ти, а те знам од форумот. Како жена, а и тазе родилка, децата ни се 2 дена разлика само, многу ме потресе твојата приказна. Знам, не ти помага ништо тоа, но ете морав да ти кажам дека искрено ми е тешко за тебе. Јас немам ни блиску до твоето искуство, но сум револторана и разочарана од нашиот кадар. Сакам да се превземе нешто, но не знам од каде би тргнала, па сакам да кажам, ако се превзема никаква иницијатива, сакам да бидам дел од тоа. Ти си жена лавица
Леле, во шок сум. Еднаш некој да одговараше за нешто во државава, еднаш барем да речам има надеж. Наизменично се менуваат приказниве, еден ден се вакви хорори од здравствени работници, друг ден во темине си пишуваат Го почастив докторот, зошто да не, си заслужи. Кога почнавме митото Частење да го викаме. Ми е гајле кој ќе се пронајде. Правиме нешто што ни изгледа невино во моментот, ама кога ќе се набилда и ќе пукне, плачки после. Јас ќе ти посакам само да се опоравиш психички и физички од ова и оди со тужби до крај храбро, а овие работи на сите нека ни се лекција кај живееме, на што молчиме и што поддржуваме.
Најпрво целокупната документација преведена и да се испрати на вештачење во Германија, или Франција, или Словенија, или некоја друга држава од ЕУ, каде што ќе направат објективно вештачење, да се завери во таа држава кај нотар како јавна исправа затоа што така истото ќе биде признато од македонските судови како странска јавна исправа што има сила како домашните јавни исправи, а за овдека вештачење искрено во случајов не знам колку ќе биде објективно вештачењето, докторите се штитат меѓусебе, за разлика од западните европски земји каде што професионалноста е на многу високо ниво, истото ќе треба и евентуално и за пред Стразбур. Значи постапките се следниве кривична пријава директно до ОЈО, па после таа постапка или истовремено може да се бара надомест на штета во граѓанска постапка, и пријава до лекарска комора и државниот санитарен и здравствениот инспекторат, правната битка ниту ќе биде брза ниту лесна, ќе има многу стресови, но за да се истера правдата ќе треба буквално се' да се искористи сите можни правни механизми. Ова еден адвокат не може да го истера најмалку 2 до 3 адвокати, буквално мал правен тим.
@MandyLane Подршка Жал ми е што си минала низ сето тоа.. Те гушкам. И јас се породив во Тетово една година пред тебе. Ете среќа не сум ја начекала таа докторка..
Оти секој си го гледа својот пациент, никој несака да пере некој друг што за*рал. Тоа е таа докторска логика, што некого може и живот да го чини.
Можеби треба да се отвори сметка, на гоуфандми нешто, сите, апсолутно сите да донираме зашто ова сите не засега. Можеби и адвокатите кои би се нафатиле не би наплаќале целосна сума, пак ќе кажам, за сите е ова. Поддршка со зборови, ама и со дела да се даде.
На некој начин да, вештачењата во странство се скапа работа ама шансите за успех во постапката се реални, за разлика ако вештачењето се прави во мк, тврдам дека мк вештачењето ќе ја релативизира ситуацијата.
Кои од невладините се занимаваат со вакви прашања? Хелсиншки? Има опција за бесплатна правна помош? Знае некој?
Не е проблем за адвокатите, на крај ќе си наплатат од спротивната страна, работата е во вештачењето тоа е најскапото (за вештачење во странство).
Батали. Видов оваа година била и темата за трудницата од Струга. Големи топки што едоикојси невладини изразиле поддршка. Ваков случај во ниеден балкански суд не се добива, ама мора прво локално со години да се тегне, ко ќе пресудат ништо, во Стразбур е чарето. @MandyLane немам зборови. Бори се колку што можеш, поддршка и морална и секаква овде имаш. Ама како конкретно да помогнеме во моментов не знам, ако ми текне нешто или најдам некое инфо ќе пишам.