Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голготата што ја преживеав по пораѓајот во Тетово

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од MandyLane, 23 декември 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Велиш....?
    Колку безнадежно звучи ...
     
    На MandyLane, Hortenzija, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.675
    Епа не знам, еве @JuLleE магистрирала на темата.
    Јас во мк немам чуено некој да добие нешто за ваков случај, се никој за ништо не е крив и све било по највисоки стандарди. Мислам, би сакала да ме демантирате, стварно ептен би сакала да чујам- да, тој и тој, што му згрешија тоа и тоа, доби случај на суд и оштета од толку и онолку.
    Кај мене се релативно нормални судски процеси, кајшто во најмала рака добива пациент оштета од болницата, малку поретко одговара докторот. За случај во Словенија знам, на Стразбур се има решено, го имам пишано негде по темите, треба да побарам.

    @Forca како оди процесот за вештачење во странство? Кој, што, како...Треба ли вештак да се најде во странство?
     
    Последна измена: 24 декември 2021
    На Idedemja, MandyLane, Hortenzija и 9 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.094
    Пол:
    Женски
    @MandyLane Многу ми е жал.
    Се надевам дека ќе ја истераш правдата. :hug:
     
    На MandyLane, Hortenzija, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Chuchu

    Chuchu Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Го читав искуството на facebook и страшно ме потресе.
    Жал ми е што си минала низ овој пекол и ти, и многу други што не споделиле јавно.
    Читајки овакви стории длабоко се разочарувам од овој свет без морални вредности, лекари школувани недошколувани, џелати без професионална етика и пред се без човечност во нив.
    Тебе ти се восхитувам на храброста што си ја собрала за да споделиш со светот твоето искуство и ти посакувам многу сила по патот по кој си тргнала.
    И секако, уживај во мајчинството.
     
    На Idedemja, MandyLane, Hortenzija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Искрено да кажам не знам тоа само вештакот кој вештачи може да каже цена, претежно зависи од тежината на предметот и обемот на документацијата, а како пресметуваат навистина не знам.
     
    На BlackNight, cresa-jagoda, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Јас ја работев тезата во 2012 и дотогаш имаше само еден лекар осуден. Само еден.
    Надвор од Мк обично овие случаи се решаваат во граѓански постапки со надомест на штета.
    Кај нас делото е инкриминирано во Кривичен закон. Надомест на штета се бара во граѓанска постапка.

    Јас и на Менди отворено и пишав, и треба добар адвокат, ама стварно добар. Но овде нема да добие соодветно вештачење од причина што лекарската фела се штитат и не одат едни против други.
    Освен нели вештачење во странство.
    Целата постапка, процес ќе биде тежок и комплициран. И ќе кошта.
    На крајот не знам дали и воопшто ќе ја добие правдата.
    Само сум реална.
    Е сега секако постои нели вештачење во странство, Стразбур итн.
    Но тоа бара време и пари.
    Јас и пишав, се што имам и се што знам ќе и помогнам.

    Компаративно гледано, тоа ми беше посебен осврт, овие случаи се едни од најтешките за докажување. Обично во САД болниците за да не трпат штета на угледот, плаќаат.
    И најчесто лекарските грешки се кај гинеколошките операции.

    Не сакам да ја обесхрабрувам, само сакам да и ја кажам реалноста.
    Јас сум да почне да се крева прашина и да што повеќе луѓе кои се оштегени да бараат правда на суд, но не секој е спремен да го оди тој пат.
    Но ако сме неми и ако не дигнеме глас, никогаш нема да се санкционираат овие дела соодветно.
     
    На Harper, Ahoy, Idedemja и 22 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.893
    Допаѓања:
    272.334
    Пол:
    Женски
    @MandyLane девојко голема гушка за се што си проживеала И многу трпение и сила ако решиш да одиш по правдата во ова наше корумпирано општество.
    И ова што го сподели е храброст .
    Многумина поминуваат низ хорори и треба барем вака јавно да се крене глас.
    Пре 16 г за влакно се спасив од искрварување и сепса поради заборавено парче од постелката...
     
    На Idedemja, Ava.84, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Како оди процесот со вештачење во странство искрено не знам за секоја држава е различно, претежно оди преку адвокат од странство па тој ангажира вештак од неговата земја, ангажирањето на адвокат во Германија, Франција, Англија итн. за да го спроведе вештачењето е скапо, затоа што се плаќаат услугите на странскиот адвокат и плус вештачењето на странскиот вештак.
    Друга опција е странката приватно преку интернет или препораки или познати од странство да и помогнат да стигне до вештак од дадената област.
    Целата работа е што вештачењата направени во странство навистина се објективни, за разлика од ,,објективноста" на нашите мк вештачења особено во вакви случаи.
    Не сакам да споменувам овде јавно за предмети каде што очигледно било лекарска грешка па како колегата лекар - вештакот го релавитизира предметот (случајот) да го спаси колегата.
    Затоа се почесто се оди вештачењето да биде во странство затоа што опаѓа довербата во мк вештачењата во секоја област... За жал тоа е реалноста.
     
    На Ahoy, Idedemja, sunshinebabe и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    @MandyLane

    многу ми е жал за се што си преживеала, оди до крај за себе, за пропуштените денови со бебе и за сите кои ќе бидат родилки во идинина. Херој си мајка :hug:

    Инаку, кај истава докторка со плус уште еден доктор, мајка ми пред многу години си излегла со празни раце од породување. А татко ми си добил едно; ај биди среќен што жена ти е жива...
     
    На Idedemja, Осе, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    После се чудиме кога физички биваат нападнати 'доктори'.
    Да се поигруваш со нечиј живот, ниедна диплома не ти дава право.

    Јас не верувам никому у државава, да имаше човечен адвокат на кој побитна му е правдата него парата, на сета ова медиумска покриеност, еден да се јавеше про боно да те застапува - еден !

    Отворете fundme страна, ќе донираме овде заедницава, и ќе шириме на страна.
     
    На Harper, Ahoy, Idedemja и 21 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Ти си жена, мајка, кралица! Не, не, ти си ЛАВИЦА! ЗМЕЈ! ТИ СИ ВИСТИНСКА ХЕРОИНА. Објави ги јавно тие полуписмени 'доктори', нека ги знае цела Македонија. Верувам дека ќе ја добиеш правдата. Не само ти, туку сите што имале слично искуство. А полуписмените ќе си ја добијат заслужената казна. Не се откажувај, бори се до крај! Со тебе сме! :hug::hug:
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.675
    Трагедијата на мала држава. Сите со сите се знаат, се некој со никого нејќе да се замери, свест нула. Сите колективно треба да одговараат, колку време била во болница, колку луѓе ја виделе, сите капата настрана?:|

    Медицинско право е посебна дисциплина од Хрватска нагоре, здруженија за унапредување на права на пациенти има. Има ли нешто такво во Македонија?
    @JuLleE види дали можеш да најдеш нешто за овој случај, од Словенија решен во Стразбур https://www.coe.int/en/web/executio...ice?_101_INSTANCE_8LSjbtK8AR4u_viewMode=view/
    Да се најде адвокат што има искуство, па да се види дали има интерес, сепак правните системи се различни во различни земји.
    Извинете ако го тупам во погрешна насока, стално во вакви ситуации јас би некого да тужам, ама не знам што друго може и на кој начин поинаку се добива правда. Од стории по новини и објавување имиња видовме далеку е правдата. А ако ве има повеќемина оштетени од истите луѓе, може и за колективна тужба да се размисли. Јер штом нема разрешница, нема ни крај на ваквите трагедии, нит некој ќе се замисли, нит ќе се промени пристап и начин на функционирање.
     
    На dunika, Idedemja, sunshinebabe и 12 други им се допаѓа ова.
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги мислењата баш исто сакав да предложам.
    Да се отвори сметка и кој колку може да донира, сите по малку и ке се собере голема сума.

    Но @MandyLane откажување никако. Баш поради размислувањата дека правда нема да има, скапо е, притисок итн. многу случаи не добиле правна разврска. Затоа што луѓето се откажуваат. Биди борец како до сега и ке си го добијат своето. Помош и начин за се има тука сме, сигурна сум и луѓе надвор од форумот се спремни да помогнат.
    Само напред и храбро, имаш подршка од сите страни.
     
    На Idedemja, sunshinebabe, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.093
    Пол:
    Машки
    Каков хорор.. читав и се запрепастив.. Добро каде живееме ние? Алоо?
    @MandyLane ти си вистински борец, важно сега ти и детенцето сте добри. Имаш подршка, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА! Мислам дека од Левица ќе пробаат да направат нешто. Одговорност !!



     
    На Biljarkata, MandyLane и Hortenzija им се допаѓа ова.
  15. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.138
    Допаѓања:
    73.163
    Пол:
    Женски
    Абе каква Левица, баш од овие партиски срања сме таму кај што сме, на дното. Кога сите би биле партиски неопределени и самостојни луѓе, тогаш ќе мрднеме од мртвата точка. Сите од нив се јаки на зборови додека не дојдат на власт и после забораваат што ветиле и што зборувале. Немањето (непочитувањето) закони во самата држава е уште нешто што не убива.
     
    На M.B., Ahoy, СуперДевојка и 23 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    25.378
    Пол:
    Женски
    Да ми пиша девојката , за иста особа се работи . Среќа што јас сум била природно , ма да и мене ме измачи , ја молев да ми помогне . Ѓубре од човек . А К.К ме породи со првото и третото дете , многу лесно поминав иако со првото кога се породував имав само 18 години , се мислам дека него го наместија :?: , не ми е својствено , некој што ден и ноќ породува да направи фатална грешка :shake: . Можеби на некој друг му се случила таа грешка , но го наметнале случајот на него ( се шушкаше дека му дале пари за да го преземе случајот на свој грб ) , заедно со бабицата ...

    Кој да ги знае веќе што прават (facepalm) . Не се знае кој јаде а кој пие таму , хорор е .

    Се надевам девојкава ќе ја истурка правдата до крај , а оние вампири ќе го добијат заслуженото , плус јавен линч и доживотна забрана за вршење на работа .
     
    На Idedemja, Cosmi, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Сите овие доктори и сестри јавен линч и никогаш повеќе да работат во здавство. Што ли клета држава ќе бевме вработуваат буквално неписмени со партиска книшка луѓе да лечат. Кај ќе им оди душата ја имаат ли воопшто, како мирно спијат знаејќи дека уништиле или згаснале нечиј живот само заради нивното незнаење и суета. Се надевам ќе има правда ама не во дупкава од држава туку надвор да се бара, зошто тука ја знаеме правдата.
     
    На Idedemja, marchi-cool, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    За жал уште еднаш се докажа колку лекарите не ги интерсира медицина и воопшто здравјето на луѓето, (чест на исклучоци иако се во многу мал број) ти посакувам што побрзо да ја надминеш оваа траума. Во врска со тужењето, пробај меѓутоа ти се заштитени како бели мечки и ретко која грешка на лекар се плаќа, може да препишуваат погрешни лекови, да прават прават грешка при операција и за ништо да не одговараат, затоа чувајте си го здравјето никогаш да не се најдете во ваква ситуација а за жал ги има многу.
     
    На cresa-jagoda и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.138
    Допаѓања:
    73.163
    Пол:
    Женски
    Не знам дали збориме за истото, ама мислам дека на девојката и било кажано дека не треба да остане бремена затоа што може да има последици. (Нормално чаршиски муабети)
     
    Последна измена: 24 декември 2021
    На CrazyGirl15, Kate Rina 93 и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    @MandyLane , Прочитај го коментарот на @Forca и постспувај по советите во целост, истите совети што ти ги има дадено тој би ти ги дала и јас.
    Само многу пази те молам и немој да дозволиш да се прави никакво вештачење во нашава скапана држава се нека биде меѓународно во држава членка на ЕУ.
     
    На Idedemja, sunshinebabe, Forca и 5 други им се допаѓа ова.