Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голготата што ја преживеав по пораѓајот во Тетово

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од MandyLane, 23 декември 2021.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Луѓе, ме расплакавте со огромната поддршка. ;(:hug:
    Со ваша помош, не се откажувам, ќе направиме заедно се што е потребно.
    И не само заради мене, туку и за секој случај претходно.
    GoFundMe е добра идеја, ќе ја разгледам опцијата.
    Фала ви!:l:
     
    На happygirl, Priroden, Harper и 55 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.502
    Жал ми јас немам експертиза за ова и немам правно познавање од темата за да ти помогнам.
    Сепак мислам дека треба да најдеш добар адвокат, па со него да договориш вештачења.
    Вештачење од странство нашиот суд нема да признае. За да дојдеш до Стразбур треба тука сите правни лекови да ги искористиш.
    Почни со ред на работата, иако искрена да бидам, на крај крива ќе бидеш и долгови ќе имаш.
    Ќе кажат дека е компликација која не можеле да ја предвидат, и највеќе што може е условна. Се сеќавам. Една родилка си умре, едвај по години и години и тоа дека маж и беше од високото, па го казнија докторот ама на негово место син му го примија...

    Сепак бори се, не оставај дека не си пробала и не си се борела. Може ќе бидеш искрата надеж.
    Кога прочитав на ФБ, одма реков еве зошто не раѓам второ.
     
    На Idedemja, Tanjamm, g8lQQk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Вчера ја прочитав објавата на некој портал.
    Сите влакна во вис ми останаа. Се израсплакав, жими мајка!
    Убаво ти пишале, цела Фемина стои позади тебе! Нека си го добијат заслуженото дотичните!
    Народот премногу ги толерира докторските грешки. Ти не биди таква. Наплати им. Заради син ти!!!
     
    На Idedemja, Tanjamm, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    57.200
    Пол:
    Женски
    @MandyLane :hug::hug::hug:

    Вчера го прочитав текстот и прво на памет ми дојде, зарем е можно ова??
    Радувај се на животот со полни гради....и истерај ја работата до крај...
     
    На Idedemja и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    До крајот те читав со страв, огромна штета во секој поглед. Ми олесна што барем сте живи ти и бебчо. Фала ти што сподели со сите ако уште имаш сили барај правда...
     
    На Idedemja, Feminka22, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    И мене тој ме породи, плус и крварев некаде во 4 ти месец, да не беше тој, немаше сега бебушка да ја имам.
    Тогаш кога крварев, имаше една докторка, ваљда е тоа оваа дотичнава..не ја знам по име, само на изглед ( затоа не сум сигурна дали е таа)
    Колку се дереше на една пациентка кај мене во соба.. таа повраќа, оваа и се дере. Многу ми беше страв од неа..
     
    На CrazyGirl15, Idedemja, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Мене искрено толку ме потресе оваа приказна, еве веќе трети ден како што имам прочитано и од глава не ми излегува, синоќа дури и кошмари имав поврзани од ова.
    Секоја чест како ти си се справила со ова....
     
    На IRBBB, Idedemja, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Секој ден се повеќе се грозам кај живеам и до кое дно сме стигнати. Здраството е се само здраство не, побрзо ќе те умрат таму од здрав прав.
    Не за џабе почнаа луѓето да креваат рака на доктор.
    Посебно гинеколозите многу грешки прават и никој не одговара.
    Земаат мито како од шала и никој не пријавува ни ништо. И ич не му е гајле за здравјето на луѓето, те гледаат како евро или побрзо да му се тргниш од глата.

    Добро зошто кај нас никој доктор не одговара за грешката?
    Дали имате информација дали во други држави за лекарска грешка одговара докторот?

    На таа и други како нема треба одземање на лиценца и затвор.
     
    На Idedemja, Love 83, темјанушка и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Те читав и на фб ,но немав сила да вратам...
    Не можам да разберам само како живеат после... Оваа ,тие во Гостивар што подврзале мочни меури... Тие на кои им починаа родилки.. како се гледаат во огледало наутро?
    Биди силна и терај до крај !
    Ако може и да се здружиш со други жени кои си пропатиле од таа докторка па и болница уште подобро. Како што веќе ти кажале за петиции ,протести тука сме.
    Не е само таму така , родилките нигде не се почитувани ни гледано како што треба ,но ти си била во животно загрозувачкиа
    ситуација
     
    На IRBBB, Idedemja, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    И после зошто опаѓа наталитетот во државава, се намалува број на луѓе.
    Па кој би бил толку храбар да ти раѓа овде бе?!

    Па животно во штала да раѓа бре помал ризик има по здравјето отколку жив човек во болница овде.

    Менди, не знам како си издржала и како издржуваш уште!
    Натчовечка сила е ова.

    ***Не се вакви глупости типични за државава од скоро овде.
    Уште во минатиов век кога мајка ми имала породилни болки итно ја препратиле во друг град ама пази-возило болницата не дава, НЕМА.
    Шоферот, баба ми и стрина ми оделе со неа, едвај нашле кола некако.
    Ако почнела да раѓа в кола, раѓај сама, го боли нив.
    За голготата в болница нема да зборувам, многу веројатно било денес да не го пишувам ова овде.
    Уште тројца во фамилијава имам што биле жртви на лекарска грешка. Ама пациентот е виновен, секако.

    Се надевам дека што е можно побрзо ќе се обелодени ова и на ТВ па да нема таа стоката каде да бега. Одземање дозвола за работа и казна затвор е премалку.
    Овде ќе застанам оти не знам кој друг епитет не ми иде да го изнапишам.
    Лесно е да се рече само кажи кој е и толку, мило ми е што се охрабри да споделиш јавно макар додека не се среди ова да знаат луѓето, и без име да кажеш веќе почнаа да препознаваат.

    Држам среќа што побрзо да се соберат средствата и да дојде крајот на ова.
    Огромна поддршка од мене! :hug::hug::hug:
     
    На Idedemja, sunshinebabe, f.girl и 10 други им се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со отворање на GoFundMe? Дали треба да се исполнуваат некакви критериуми и сл?

    И @JuLleE дали може јас да имам проблем поради тоа што таа една новинарка ќе објави име? Не инсинуира и не додава ништо, само го кажува името и фактот дека таа ме оперирала.
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    @MandyLane ти си жена херој за себе и своето дете. Нема да кажувам колку ми е жал за се што ти се случило, солзи ми идат и сега кога пишувам. Само да знаеш дека имаш поддршка и од мене и ти благодарам што отворено кажа се, што ја симна таа планина тежина од себе.
     
    На Idedemja, Kate Rina 93 и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.138
    Допаѓања:
    73.163
    Пол:
    Женски
    Мислам дека од странство некој ќе мора да најдеш да ти напрае. Имапе кои држави можа да напраа и на нивна сметка да се врши уплатата, п да ти ги префрлат парите.
     
    На Kate Rina 93 и MandyLane им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Да, готово, најдов луѓе, стартуваме веднаш.
     
    На happygirl, dunika, Mantub и 16 други им се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    60.366
    Пол:
    Женски
    Ај вака сеа кога малце на сите ни изладија главите, да седнеме и да се договориме што ќе се прави. До вчера не ни можев да мислам, ми гореа слепоочниците од нервоза.

    Петиција направивме за родилката од Дебар, ама некако пасивно беше сето тоа.

    Мислам дека е попаметно мирен, непартиски, со јасни и концизни барања протест. Овде сите сме жени, сите во опасност и нас вакво нешто да ни се случи, плус постот собра доста лајкови и поддршка, така што ако се собереме ние од тука и плус луѓе одстрана нема да сме малку.
     
    На CrazyGirl15, dunika, Jana06 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Да, и јас се мислам цело време од каде да почнеме, да имаме концизен план.
    Јас имам многу луѓе на моја страна, многу јавни фаци кои би споделувале и кои би присуствувале доколку би организирале протест. Каде би протестирале? Јавно обвинителство? Лекарска комора?
    Сега после КОД во недела можеби ќе се привлече уште поголемо внимание.
     
    На dunika, Jana06, Idedemja и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Само за вештачењата да дополнам, ако вештачењето е направено во странство тогаш судот нема да го признае, но ако истото е заверено кај странски нотар во вид на јавна исправа тогаш судот мора да го признае и прифати тоа вештачење како странска јавна исправа, затоа што согласно македонските процесни закони, странските јавни исправи што се прописно заверени согласно правото на странската држава имаат под услов на заемност иста доказна сила како домашните јавни исправи, а Македонија и ЕУ имаат усогласено за заемност на јавните исправи истата се вади и од нашето Министерство за правда, и во прилог заедно со странското вештачење кое е јавно заверено од странски нотар се доставува како доказ во постапките, граѓанскиот суд во постапка за надомест на штета може да заснова одлука врз основа на тоа странско вештачење, и од причина ако тоа вештачење е во вид на јавна исправа тоа ќе биде дури и со појака доказна сила и од домашното вештачење.
    Мислам дека оваа насока ќе помогне за да го добие спорот барем во областта во која што работам, граѓанското право.
    За кривичното право не работам и не можам да кажам но таквото вештачење ако се достави со кривичната пријава не може да остане без влијание кај јавниот обвинител, ниту пак и во управните постапки за пред лекарската комора и здравствениот инспекторат.
     
    На IRBBB, Zumbulche, Jana06 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Има човечни адвокати, не е работата се' во пари, затоа што наплатата може да биде од спротивната страна, туку работата е дали може да се заврши работата, еве искрено ќе си кажам јас не би можел да го прифатам предметот затоа што сум поеднинец и мојот делокруг на работа е само граѓанското право, а овде во овој предмет акцентот паѓа на кривичното право и управното право, значи без значење што имам познавање и од кривично и од управно, професионално не го работам, и како професионалец не би можел да прифатам затоа што како поединец нема да можам да и' завршам работа.
    Грешка ќе биде да ангажира само еден адвокат, најдобро е да ангажира адвокатско друштво затоа што во адвокатските друштва има повеќе адвокати кои работат во различни области (кривично, граѓанско, управно итн.) или 2-3 поединци со наведените области на работа.
     
    На IRBBB, Jana06, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Форца, да ангажира адвокатско друштво кое работи во областа на кривичното право. И тоа некои од оние еминентни имиња, познати и во јавноста.
    Јас би имала некои на ум, ама не сум од Скопје, онака што сум среќавала низ пракса.
    Ама тие не би се нафатиле да работат без пари.
    И она мора прво кривично да гони, па потоа во граѓанска постапка да бара надомест на штета.
    Помал проблем е граѓанската, не знам колку ќе успее во кривичната постапка.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Откако прочитав не сум ич мирна. Како бе млад здрав прав човек да го донесат до степен да биде на конец и да треба да и извадат органи и никој за тоа да не одговара?! Како?!

    Имам страшни искуства со Мк здравство, пишав и кај Доктор Горан вчера, татко ми го оставија да умира и коментираа дека не вреди да се лечи алокохоличар бил. Јас имав со приватно здравство лошо искуство, Санте плус, уште ми е тазе иако помина 5ипол години. Што е ова што се случува во Мк здравство. Страшно!

    Ти треба добар адвокат, ама најдобар, основ за тужба имаш катарљарда. Зимај кредити ако не можеш да си дозволиш, верувај сите ќе донираат. Држ се и биди гласна, на нас е да те поддржиме морално, финансиски и активно. Гушкам!
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, sunshinebabe и 9 други им се допаѓа ова.