Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Голготата што ја преживеав по пораѓајот во Тетово

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од MandyLane, 23 декември 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.073
    Допаѓања:
    180.480
    Ај, резиме, што добиваш со граѓанска, што со кривична постапка?
    Како би го поставила ти случајов?
    Знам дека не ти е експертиза, ама нам ни е све во магла, претпоставувам и на @MandyLane .
    Истото прашање и за @Forca , ако имате некои идеи де.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и MandyLane им се допаѓа ова.
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Во право си, се согласувам, најдобро е адвокатско друштво да ангажира, не само еден адвокат-поединец.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.546
    Пол:
    Женски
    По мене треба медицинско врштачење кое опфаќа анамнеза, преглед и увид во медицинска документација, а за надомест на штета по основ на претрпена душевна болка, страв и ОЖА ти треба и невропсихијатриско вештачење. Е сега дали имотно правно побарување ќе истакнеш во кривичната постапка или со посебна граѓанска тужба за надомест на штета, што може да почне паралелно со кривичната, а потоа да има прекин заради решавање на претходно прашање, односно до завршување на кривичната ќе се договорите со адвокатите. Некој спомна бесплатна оравна помош, но таа следува на исклучиво социјално загрозени категории,што се поткрепува со соодветен доказ. За таа цел има листа на адвокати даватели на бесплатна правна помош, не секој адвокат е регистриран за тоа.
     
    На Idedemja, nextredstyle, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Според моето мислење (исто како да ми се јавила членката) би го кажал следново, најпрво се прави вештачење и тоа по можност во странство како што наведов во претходните постови, или ако најде некој доволно храбар и професионален доктор (вештак) да го направи вештачењето овде во мк (домашно вештачење), само да биде објективно, и истото заедно со кривичната пријава се поднесува во надлежното ОЈО, затоа што како што знам ова кривично дело за лекарска грешка се гони службено, и истовремено да си поднесе пријава до здравствениот инспекторат и лекарска комора, заедно во прилог кон пријавата и вештачењето.
    На крајот по исходот од претходно поведената кривична постапка (доколку биде поведена затоа што јавниот обвинител може да ја отфрли кривичната пријава) ќе си поведе граѓанска постапка за надомест на штета, само да се прати да не поминат 3 години од настанувањето на штетата и дознавањето на сторителот, затоа што ќе биде застарено барањето, и заедно во прилог вештачењето и пресудата од кривичен ако биде огласен обвинетиот (тужениот во граѓанската постапка) за виновен, и другите докази - одлуките од управните постапки од здравдтвениот инспекторат, и лекарската комора, и ќе си бара надомест на штета (материјална и нематеријална) ова е тоа што можам накратко да објаснам вака од прва, сепак тоа адвокатско друштво кое ќе го прифати случајот кога ќе ја дознае целовито фактичката состојба ќе даде конкретни насоки.
    Инаку може да поведе само граѓанска постапка за надомест на штета, но пак ќе треба вештачење, без вештачење однапред е изгубен спорот.
     
    На IRBBB, friendy, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    @MandyLane може имаш пишано ама не можам да најдам. Си разговарала до сега со некој адвокат?
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.247
    Пол:
    Женски
    Уф, читав и косата на главата ми се крева од нивната докторска неспособност. Па уште и навредени дека сакаш спас да бараш на друго место (facepalm)
    Ми се лоши, катастрофа од општество, да му е страв на човек во болница да стапне...ццц.
    Еве во Австрија ,хирургот што му ампутирал погрешна нога на пациент ,му изрекле парична казна 2700€, и отштета на сопругата на пациентот 5000€.... докторот не бил 100% виновен,таа нога му ја имале означено, ама ете и тој сносува одговорност.

    Фала му на Бога што сте добро, радувај му се на животот и бебчето, биди силна- му требаш..
    Имаш наша поддршка :hug: :hug:
     
    На cresa-jagoda, Idedemja и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски

    Да, ама само неофицијално, ништо немам договорено уште.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе не сум се вознемирила од нечија неправедна случка. Жал ми е што општеството овој исход ќе го дефинира како да ќе треба буквално да се задоволиш што си се "спасила", а е сосема спротивното. За нешто што треба да е најнормална процедура, од професионален, морален, ма од секаков аспект. Си била голем борец за сопствениот живот и желбата да го видиш сопственото новородено дете.
    Да, компликации се случуваат, меѓутоа ова е далеку од тоа. Ме разгневува ноншалантноста на некој кој треба со секој свој атом да се залага за човечки живот(и).

    Како и да оди процедурава, колку и да трае, немој да се разочаруваш и да се откажуваш додека не добиеш правда. Откриј ги сите начини и најситни детали каде би се лизнала на патот до правдата и расплачи им мајката на тимот што се нарекуваат доктори. Ете, само во темава излегоа некои кои имале лошо искуство со истата, се уште неименувана докторка, па можеш да замислиш колку други има. Во меѓувреме, додека траат процедурите со тужби, мислам дека е нужно по откривањето на името да ѝ се направи нечуен јавен линч. Не` имаш сите нас тука со убави или хорор породилни приказни, мајки и млади девојки да те поддржуваме во сите активности.

    Не можам да замислам низ што минуваш од емотивен аспект, што постпородилно, што посттрауматски... Држи се. Најголемата мотивација ја имаш до себе, за среќа!
     
    На IRBBB, friendy, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Вака сега само што зборев со уште еден адвокат.
    Ми рече во мојот случај не може вештак одма, прво треба судски налог преку адвокат за дозвола на вештакот да има пристап до документите, затоа што целата документација ми ја задржа она во болница, не ми даде ништо, дури ни отпусна листа. Праќав луѓе месец подоцна да ја земат. А на отпусната нормално не се внесени точни информации.
     
    Последна измена: 24 декември 2021
    На Annath и Idedemja им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Дали доби било какво објаснување како дошло до некроза на матката? Или некое друго лице што се разбира да каже зашто може да дојде до некроза на матка.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Не, ништо апсолутно.
    Причини може да бидат многу, лошо сошиена матка или пример анатомски некој проблем со матката иако ниту еден преглед не наговестуваше на проблем со матката.
    Тоа не е проблемот. Секоја операција носи ризик.
    Проблемот е зошто чекаа 5 дена да ме препратат за Скопје со такви ужасни симптоми и тоа на МОЕ барање и молење.
     
    На Reina.Gitana, cresa-jagoda, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    од приказната ептен се наежив а коментариве не можам да ги дочитам навистина нерва ме фаќа. Значи мене да би ми се десило вакво нешто мислам дека нема разумот да преовладува туку бесот во мене и за голема жал ке го кркала стапот а јас би лежела взатвор. Не сум таква особа ама вакви работи не се трпат посебно од медицински персонал. Кога мајка ми почина поради лекарска негрижа само Господ и некоја виша сила ме спречи да не појдам и да демолирам све кај докторот.

    Нејсе, твоето не треба да биде од типот не сакам од мене да се чуе која е. Море има сосе име презиме адреса па и матичен број да ја објавам. Најмалку тоа можеш.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Прво не сум правник ни па нешто приближно.
    Ама од елементарно знаење знам дека не може некој да му тупнеш име и презиме и посебно во оваа ситуација кога нема доволно докази. Скроз е на место што не ја кажува со име и не реагира имплусивно пошто може тоа и да е деструктивно. Супер што се спасила Дона и бебето и ми е мило за тоа. НО, мора да се реагира и стварно верувам дека ќе успее и касапов ќе си го добие заслуженото. Не знам, но мислам дека би било плус и да се јават тие исто кои касапов вака ги осакатила. Со ова, освен што таа ќе си го добие своето заслужено малку и на другите доктори да им влее страв дека човечкиот живот не е баш вреден пет пари. Нека се отвори го фунд, барем сите да донираме по некој денар мислам ќе има некаков ефект. Нека си собере тим адвокати и се надевам дека ќе се реши се. Сум голем оптимист дека ова се ќе се реши.
    @MandyLane кога е КОД и на која тв?
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Не е може во врска со темата ама поголеми суети, арогантни... не знам уште како да ги наречам од докторите нема ( чест ретки исклучоци). Толку се пуни себе дека они све знаат и не прифаќаат совет од друг доктор макар и живот на пациент висел на конец. Со свои очи и уши ги имам многу пати слушнто и видено како врвни доктори се караат кој е " поголем", постручен иако се од различни гранки..какви зборови излегувале од нивни усти и тоа на работното место. Какви грешки се прават заради таа суета " јас знам све, најдобар сум". Порано како дете се воодушевував имав почит кога ќе слушнев некој дека е доктор, си велев не може секој да е доктор. Се гледа дека сум грешела, овде секој може да биде само треба пари и партиска книшка и стануваш " доктор" или Менгеле. Не ми се верува дека во 21 век кога медицината е толку напредната да се случуваат вакви работи. Случка од пред месец братот на маж ми крши прст од нога го носат на снимање и наместо снимка од стапало му дале снимка од абдомен. Мислам и да не си здравствен работник ќе разликуваш снимка од стапало и снимка од нешто друго. Докторов кога видел буквално со овие зборови " Такво ти е здравството овде ќе дојдеш за нога, слепо црево ќе ти извадат". Уште колку има вакви приказни како на членката за жал кој немале храброст да зборуваат. Имала среќа што се спасила што детето не останало без мајка.
     
    На Snowflake97, Idedemja, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски

    На Телма во недела во 19:00.
    Ако има измени ќе ви кажам.
    И во понеделник на утринска на Сител кратко видео интервју.
     
    На friendy, Reina.Gitana, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    На Ahoy, IRBBB, Zumbulche и 13 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.266
    Пол:
    Женски
    Функционира :)
     
    На cresa-jagoda, Ketchup и MandyLane им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Да стигнам дома и ќе донирам колку можам, засега го шернав на стори и во био си го ставив. Со среќа и што поголема сума да се собере. :*:
     
    На Snowflake97, friendy, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.266
    Пол:
    Женски
    Едно лаичко прашање? Мора да си регистриран на GoFundMe за да донираш?
    Може ли воопшто од Македонија да се донира?
    Пробав два пати, неуспешно :|
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Душо најсилна:hug:
    Блиска личност ми замина поради лекарска грешка, не можам се уште да ги заборавам зборовите и третманот од одговорниот д-р, на дежурството таа вечер, сега е шеф или раководител како и да им се вика должноста таму. Коса ми се дига кога ќе го видам, тој не ме памти ама јас никогаш нема да го заборавам. Таа пак што го понуди сето тоа, поима немаше од нега на пациент со состојба и потреби како на личноста, да не ти кажувам како ми беше се' ова предочено и од кого:tmi:
    Не сакам ни да се сетам на настанот и да зборувам, ама соодветна стручна помош и поддршка се добредојдени и ќе ти помогнат во секое време.
    Поддршка имаш и од мене и од сите членки тука, биди само силна те чека голема битка во која независно од исходот ти си секогаш најголемата победничка.
    Вчера читав за ова, душа ме здоболе:hug::hug:
    Не знам дали некогаш ќе се стави крајот на таа мрежа лица под бели мантили кои оперираат со купени дипломи како да сме ние луѓево како нивниве дипломи парчиња чорапи купени 3 за 100, ја девалвираат вредноста на најхуманата професија и се што е човечно пред се. Каде ќе им одат душите ако ги имаат, не знам еве ако одат во пеколот посебен круг за нив:@
     
    На friendy, GrimTheReaper и MandyLane им се допаѓа ова.