Еве го и постот од фејсбук за GoFundMe: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1085283308912392&id=100022921983597
Прочитав сега, не подржува уплати од Македонија Ако некој плаќал со Пајонер, нека сподели ако му успеало. Мене и со тоа не ми успеа.
Може дека е плаќање во евра да бара со девизна сметка. Нема ли некој начин да се отвори сметка за донација во денари?
Ние бевме, поточно јас и брат ми, адвокатот на мајка ми и рече не гарантира успех, побара унапред поголема сума, мајка ми пресече подобро тие пари ќе ги вложи во нас. Чист случај, се јасно како бел ден, сами стручни лица во лице ни кажаа како е речено и што е грешката ама кога требаше официјално да застанат уз нас сите си се повлекуваа. Треба да се санкционираат ама треба прво системот коренито да се смени, треба самиот да покаже иницијатива за осуда, да застанат на страна на народот. Случајот Н. Кметовска сите го знаеме, се намачија луѓето и што се разреши и тие што давале инвалидски за пари му го испразнија сефот на обвинетиот доктор тој полежа затвор некое време и што ги пуштаат за кратко време по основ добро понашање или што ми ти таму. Системот е трул. Тоа ни е главниот проблем. Браво за подадената рака, треба сите да сме пример за ова. За случајов со притисок од јавноста и медиумите може да се откочи да тргне, ама во право сте сите погоре требаат финансии и многу силна воља, поддршка да го истурка патот до крај, ова е битка за секоја една од нас.
@MandyLane може да им пратам на Дарко Влогс и Уште некои такви попознати пејџови да постнат?И они обично донираат.Плус имаат мноогу илјади следачи, ќе стане вирално
Немора да си регистриран за да донираш. Незнам зошто несака, и скоро исто така се измачив додека да донирав. Некој што има поголемо искуство со донирање преку Gofundmе нека каже во што е проблемот.
Мислам дека по ново сите водат електронска евиденција и таа да одбива да ти ја даде комплетната документацијата, сепак треба да имаа евиденција на се што се случувало во болницата и со пристап до тие податоци и поткрепено со таа документација од докторите што те презеле во Скопје имаш можност да се покрене постапката. Поубаво би било ако и други жени излезат со случаи и документи не постари од 3 год. погоре наведоа дека по 3 год. застарува докментацијата и основата на која може да се оптужи д-ркава. Ама не си сама е работава штом и пред тебе минувале лошо мора да се преземе нешто да престане оваа голгота на сите идни жени. Тие зимаат плата од наш џеб, тие се таму да не служат нас народот и да се грижат за нашето здравје, во име на нас и професијата што си ја избрале. Абе не е секој за доктор еве го тоа на дело.
@MandyLane да прашаш и во банка како би било најлесно за донирање? И вистина, пиша и некој погоре, како не се најде една адвокатка да рече го земам случајов пробоно, да ја истераме правдата за сите нас, за жена за која морала да мине страшни трауми и за никогаш да не се повтори, една не се најде, една. Да се осуди ова и конечно нешто да се преземе.
Сега за сега за во Мк појавува грешка на GoFundMe, додека средиме тоа, праќајте го на луѓе по странство, само тоа е опција.
@MandyLane жал ми е што си поминала така како што си поминала. Биди храбра и барај ја правдата. За ова треба не само да се одземе лиценца за работа, и затвор треба за ова. Барај си адвокат добар, ако не можеш финанскиски сама, прашај за адвокат кој би работел про боно. Да заборавиш што се случило нема, ама можеш да спречиш да се повтори истото. Одговорната мора да одговара пред закон.
Ваквите случаи ретко и кој би се нафатил. Реално, чисти се, ама никој не може да гарантира дека ќе има успех оти се во прашање доктори. И онаа вештачање кое е клучно, за жал не го добиваш објективно. Про боно адвокати, или ве читам бесплатно кои даваат помош не би и биле од корист. И треба многу добар адвокат за да се истера случајот. Еве и @Idedemja сподели случај. За жал праксата е таа. Да бев адвокат со задоволство ќе и помогнев.
Не е работата за да се гарантира успех. Работата е конечно да се крене глас и да се рече доста е. Добар адвокат не може ли про боно да го земе случајот? Да се заинтересираат од хумана, човечка, лична, ма секаква перспектива. Оваа апатија стана страшна, во сите сфери и полиња. Ете, ќе донираме, нека се соберат средства за добриот адвокат, тоа ни останува.
Може да ставиш транскациска твоја или на било кој друг за да донираме од тука. Ако сакаш, се разбира. Мило ми е што се крена глас. Се надевам овој пат ќе оди правдата до крај. Чувај го и радувај се на бебко. Најбитно е што си жива и здрава. Ова што си го поминало, малку е да се нарече голгота. Ужасно е.
Ехее, ова многу одамна беше, немав појма дека имало некоја разврска. Ама да, најдов инфо. Значи можело ако се сака. По 5 години имало пресуда. Адвокатов којзнае кој е и дали сеуште работи, ама ете, имало некој со искуство Spoiler: спојлер
Сега за сега нека биде ова со GoFundMe, иако нешто не функционира, сега и од УСА ми пишаа, пробуваат да донираат, нешто им јавува грешка. Ќе пробаме да се среди тоа, ако не, ќе бараме друг начин. Фала ви уште еднаш, не знам по кој пат. Морална поддршка е многу битна. Бидејќи паралелно со вас има и такви кои ме демотивираат и ми велат да не тужам и слично. Ама заедно со ваша поддршка мислам дека можеме да направиме многу.