Девојки, сакав да ве прашам: Дали ја користите шминката на Голден Роуз, колку сте задоволни од неа и кои се отприлика цените?
Golden Rose Cosmetics Јас од Голден Роуз секогаш користам кармини (околу 80 ден.), лакови (50 ден.) и маскара (100 ден.), па како што може да видиш воопшто не се скапи а многу се добри, особено кармините
Golden Rose Cosmetics Имам туш за очи. Го купив околу 100 денари и да ви кажам искрено многу сум задоволна. Бојата не бледнее веднаш како што било случај со туш кој сум го купила дупло поскап. Имам и лакови за нокти и за нивната евтина цена се убави. Сакам да купам и некој кармин.
Golden Rose Cosmetics Ја користам шминката на Голден Роуз прилично долго време, задоволна сум најмногу од пудрата,бидејки ми се погоди, моливчето, сенките, маскарите, не се многу скапи
Golden Rose Cosmetics Од Голден Роуз сум задоволна од сите производи што ги имам пробано .Имам маскара од таму одлична е .Иако е само 100 денари,вреди за многу повеќе,и маскаритe од по 500 денари и повеќе не се ништо за неа .Има многу убави сјајчиња,лакови,сенки.И цените им се неверојатни.Simply the best
Golden Rose Cosmetics Задоволна од-тушот (кој го користам веќе една година), лаковите, и делумно од маскарите (делумно бидејќи брзо се сушат). Незадоволна од-палетите на сенки. Можеби се поинакви моно сенките, но тие на палетите не се воопшто пигментирани. Исто така не сум задоволна од течната пудра (имаше некоја розеникава боја и воопшто не беше покривна а и не беше водоотпорна). Нешто што забележав-имаат пудри со spf (кои не сум ги пробала), но би сакала да пробам некој кармин (обично не користам кармин, но тие на голен роуз ми се чинат како добар старт). Спојлер 5 реченици-5 пати користено загради.
Кармините се убави .. Од течната пудрата не сум задоволна , тешка ми беше некако,а воопшто не покриваше ... камената пудра му е така така.. солидна е али има 2 нијанси мене и посветлата ми е темна..
Имам користено повеќе производи од голден роуз течна и камена пудра од течната ја користев таа со минерали ама не сум задоволна некако не ми одговараше тешка ми беше на лицето а покрива многу , многу задоволна сум од маскарата ефтина а трепките ги прави преубави ,туш за очи имам во црна и кафена боја , кармините исто им се преубави трајни и не ја сушат устата , лаковите за нокти траат по една недела , се на се ефтини а добри производи јас сум задоволна.
Јас сум задоволна од кармините на голден роуз, имаат пристапна цена и широка палета на бои. Моментално користам ваква нијанса, ја комбинирам со потемно моливче за уста.
Еве што се имам користено од ГР, Маскари Одлична и квалитетна маскара, трајна не се суши брзо. Не беше нешто особено, а најмногу се разочарав што многу бргу ми се исуши. Последна маскара од ГР што ја корситам е оваа и сум задоволна навистина. Сенки Само овие, оваа боја, многу убава нијанса на кафеава и доволно трајна сенка. Моливи за очи само овој и многу е убав и мек, чиста бела боја. и за усни земав последно од ГР и не сум нешто воодушевена, како да е сув. Коректори овој и сум презадоволна, навистина е убав за 190 денари одличен коректор и доволно покрива, лесен е под очите, како ништо да не сум ставила, а не се разлева шминката нит коректорот се губи. Кармини, сјаеви, пудри и руменила не сум користела, руменило земав на Класикс мислам фирмата е исто под ГР, теракота боја и ми се погоди, за тие пари шминкиве се доста квалитетни.
Прилично сум задоволна од козметиката на Golden Rose,црвената маскара 3D трепките одлично ги издолжува ми ги прави како да имам ставено Max Factor,додека од маскарата со златесно капаче не сум задоволна премногу е сува и се рони и незаприметувам да дава некој добар ефект на трепките.
Од Голден роуз имам користено масакарата,моливот.Многу сам задоволна Сенките уште не сум ги пробала и тушот
Откако почнав со користење козметика, користам Голден роуз. Презадоволна сум од тушот со тврда четкичка, а од маскарите ја користам исклучиво оваа Тушот А од креониве не сум нешто воодушевена
Кармините, им се супер имаат широка палета на нијанси ги имам скоро сите од порано ги користев и римелите и моливот за очи ама римелот брзо се суши и моливот не ми одговара, а пудрата е како крем не ми се допаѓаат.
Темата е само за шминката на Голден Роуз, но не и за лаковите, сепак си има посебна тема за лакови, во која може да се даде мислење дали е некој задоволен од истите на Голден Роуз или не