Сметам дека се доста квалитетни и со пристапни цени Користам доста шминки од нив, задоволна сум од се` досега. Еве баш денес си се подновив со камена пудра, коректор, кармин, маскара и туш Камената + коректорот премногу ми одговараат, јас бидејќи не користам течна пудра, комбинацијава ми доаѓа таман Исто и тушот што е како моливче на Classics е одличен, го користам веќе долго време, по цел ден останува. Претходните маскари некако ми се сушеа многу брзо, сега земав една друга, се надевам нема да се разочарам А кармин првпат купувам од Голден Роуз, денес го пробав и се покажа супер, траен, а и се радувам што ја најдов специфичната нијанса што ја барав долго време
Колку чини? Симпатично делува, ама некако ризик ми се овие маскари и не знам дали моето искуство било такво, ама пребрзо ми се сушат и онаа од стотина денари и тие поскапите. Со тушот пак, друга приказна - одличен е.
Сте ги користеле овие? Се отцртуваат на капакот? која цена се? Ги видов на нивната стра на фб и ми се свиѓаат боите за пролет-лето
Имам користено креон ,кој многу брзо се размачква ,не трае воопшо и туш ,ама од него сум презадоволна.
Исто и јас. Уште од средно, со години користев креон, како панда после неколку саата бев. Кога почнав редовно пудра да ставам, траеше малце поише, ама пак... Заради проблеми со кожата сосема престанав да користам течна пудра, и се префрлив на тушот. Сега за ништо на свет не би го заменила И маскара купувам од голден роуз, и релативно сум задоволна. Стварно имаат убав ефект, ама претходната ми се згрутчи некако брзо, оваа сега ми се потроши за кратко време. Како и да е, ефтини се и си ја вршат работата, па не планирам да ги менувам. Коректор си земав минатата година првпат, и од него сум презадоволна. Во комбинација со камена пудра (мислам дека ми е класикс) го користам за вечерна шминка, денски само тушот и сум спремна
Јас имам розова и не ми прај нешто најубавоо... Нез..Др не ги имам пробано... А за розевата не е нешто посебно...
Јас ја имам жолтата и не е лоша...убаво ги истакнува трепките,а ако сакаш некоја за волумен тие на авон се многу убави а и не се многу скапи. http://www.getstunning.com/wp-content/u ... umizer.jpg има една слична на оваа т.е исто вака со 2 такви четкички многу е убава.
И јас ја имам жолтата и задоволна сум, убаво ми ги издолжува трепките и не ги лепи. Порано ја имав таа со златно капаче, ама од оваа сум позадоволна, би си ја купила пак. А да, таа предходната побрзо ми се исуши, оваа доста подолго ми трае
А кој туш го користите што го фалите толку многу ? Ако може слика и цена , утре сакам да купам па да видам каков е и тој
^ Тој е тој фалениот. Не му е толку тенка четката (односно има повеќе влакна отколку на сликата). Мека четка. Последниот пат го земав 90ден. Има и со тврда четка.
Јас овој со златно капаче го немам забележано. Нов да не е? Мојот е со мека четкичка, меѓутоа изгледа вака.
^ Јас би го прашала истото за твојот Со златното капаче прв пат го купив летото 2012 и уште трае. А пред еден месец си земав уште еден како замена за моливче кое беше фалично и овој не го забележав разгледувајќи ги. А пишува и provitamin на овој. Задоволна си од него?
^ Овој на Мишелка со црно капаче е постар,прв пат кога го купив има можеби 2-3 години А тој со златното капаче јас барем досега го немам сретнато кај мене во градчево по парфимерииве,мислам има еден со златно капаче ама со тврда четка. А што се однесува до тој со црното четкиче јас сум преемногуу задоволна,чисто онака да го пофалам
Па и јас го зедов тој период некаде, можеби мај 2012. Можно е да е постара варијанта на овој, јас одамна немам одено низ парфимерии по туш за очи, па ништо чудно и да е веќе повлечен од продажба. Мене ми е супер, четката не е таква тенка за да се прекршува, прецизно се нанесува, не е водлест и доста е интензивен, се случувало да го имам ставено на очи и по цел ден па си издржал без деформации. Ама искрено - ми здосади. Наредниот пат би земала некој друг, сакам нешто ново и имам на ум отприлика каков би купила, ама ќе видам до тогаш.