Доста добра е за мене, но може да даде flashback ако се сликаш со блиц, барем така мислам. Иначе убаво си матира неколку саати минимум на чело и лицето ама јас не им ставам доволно за да направи доволно нешто ептен, за под очи држи супер. Нема мирис и е мекичко на чувство.
За нормална кожа е супер, има добра формула и не е тешка. Јас имам комбинирана кожа и мене ми одговараше кога ја користев. Средна покривност има, само малку ми беше со леплив финиш ама во принцип ми се допадна како се покажа.
Јас имам нормална кожа, и воопшто не сум задоволна... многу лоша и чудна текстура, неубаво се размачкува, буквално паштета
1. Concealer cream palette 2. Revolution ultra sculpt and contour kit 3. Stick foundation 4. Longstay Liquid matte lipstick
јас стик пудрата ја користам за контури најтемната нијанса одлична е навистина , карминот е одличен Исто имам пробано пудрата 2ин 1 одлична е , маскари имаат многу добри и останати работи а особено имаат многу квалитетни кармини и избор на нијанси .
Мене ми се супер, имам неколку од оваа линија. Многу ми се убави, палетата на бои им е огромна и фини се. Малку се лепливи ама па во живот немам наидено на сјај кој воопшто не лепи па не се ни замарам со тоа. За цената и трајноста што ја имаат, одлични се.