Не е за тука прашањево, но да прашам. Каде низ Скопје има продавници на Голден Розе? Не сум била низ центар одамна
Во ГТЦ имаш во приземје и во Сити мол. Имаше и кај Леснина во редот во центар но не сум сигирна за таа дали постои уште.
Мене ми се чини или Golden Rose почнаа малку да претеруваат со цени. Вадат нови производи ама смешно е што постепено си ги покачуваат цените. Или пак 2 исти производа, едниот е 90, другиот 140ден. Пудрите: едната 140, другата 280, а само различно пакување. Забележувам и кај маскарите, порано истите маскари беа поевтини, сега поскапи, а квалитетот ист.
Од шминки на Голден Роуз имам само еден кармин, друго од Голден Роуз имам лак. Презадоволна сум од нив, одлични производи се. Цените се движат од 90 до 150 з кармините, а за оние течните кармини од 150 до 200.
Јас. Многу е убав. Не ги суши усните, убаво изгледа на усните, трајноста е во ред и нијансите се убави, нежни. За тие пари ме изненади квалитетот.
Јас го имам 03 pinky nude затоа што најчесто такви нијанси користам( како месо боја). Многу убав ми е
Јас го имам 02, peachy nude, праска боја е мојот. Мислам 02 и 03 најубави се, 01 ми е некако побледа и неприметлива према другите ама тоа за мој личен вкус секако.
Само што ја пофалив оваа маскара во соодветната тема па и овде да ги пофалам Golden Rose. Одамна немав купено иста маскара едно по друго. Сега гледам дека ги фалите и кармините од истата линија па може и нив ќе ги пробам