Како сте задоволни од овие тушеви за очи? Имав порано во некоја светло сина боја ана не се сеќавам на трајноста. И за овој вид на руменило ме интересира. Дали има светки во нив?
Турците јас ги имам користено и се супер. Е сега мене ми солзат очите на сонце во лето и понекогаш знаат на надворешниот агол од окото да се поразмачка. Ама ако немаш проблеми со солзење на очите, тогаш се супер. И траат, јас шминка носам по 10+ часа и коа ја вадам уште се пигментни како свежо нанесени. За руменилото поим неам
Девојки, да не знае некоја која цена се овие сјајчиња? Плус дали има избор на нијанси или само тие пет се на залиха што ги објавиле на фб пред некој месец.??
Ништо спектакуларно, нешто слично на лабело кога ставам пред посув кармин за да не ми испука устата. Пробај го прајмерот од кико милано
Класичната црна маскара со златно капаче е супер, маскара со металик црвено пакување и една друга со жолто пластично пакување. Побарај ги на интернет како слики одма ќе ти ги даде. Ја бев особено задоволна откако ќе се подисушат. Ги користев пред 3години, вајда не го смениле квалитетот во меѓувреме
Порано (пред едно 5-6 год) во голден роуз купував едни мини кармиинчиња мат течни беа мислам 115 ден беа, дали сеуште ги има дали знаете?
Знам дека има мини карминчиња Longstay liquid matte и Velvet matte, ама кај нас ги нема на залиха. Ги имаш истите во регуларното пакување.
Не знам, види на youtube рецензија за кармините, можеби така ќе се сетиш која нијанса си ја користела највеќе