^^ Го имам со црно капаче користено и вистина е многу траен ама не е за денски, премногу пигментиран и свети па вештачки изглед дава.
^^ Да, да, јас туш користам за вечерно излегување и затоа добар ми е. Инаку имам приметено дека го има и со златно капаче, само незнам дали има некоја разлика меѓу нив.
Од Голден Роуз го имам тушот со црно капаче и е предобар, исто така и маскарата 3Д нежно розевата, има толку прекрасно четче, трепките ми ги прави преубави..
Има, ваков вид на туш за очи имаат извадено речиси сите брендови, па имаш избор и од Авон или Орифлејм, само не знам какви се на квалитет овие од каталозите.
Golden Rose знам дека имаат извадено некоја верзија на ваков маркер-туш, ама јас ниту сум ја забележала кај нас, ниту пак знам да ти кажам цена. Спојлер Ако некоја го видела нека сподели.
Ај реков јас да ја пробам розовата, не дека ми е за парите ( ама мака ми е бе ) 150 ја платив не вреди ни 15.Ѓубре, криво ми е.Не очекував, обично маскарите се одлични, особено онаа 3Д ептен идат трепките до израз.Од тушот, ајлајнерот како сакате го имам оној целосно бело паковање со перце.Не сум воодушевена сум користела и поубави ( многу поубави ) за тие пари.Многу на вода е некако, ама не е лош.
Користам лакови, камена пудра околу 120 денари сум задоволна, креонот е добр 60 денари, и туш за 120 денари земав супер е
Користам туш,моливче за веѓи,кармини и моливчиња за уста од голден роуз..Пудрите ги немам пробано,користев и маскара ама некако ми ги расипаја и се сушат за 2 недели па престанав...А со другите производи сум задоволна..
Имам пишано тука, бев задоволна од маскарите на Голден Роуз, повеќе не сум.Земав сега скоро една маскара за волумен, катастрофа.Не е дека сефте ја купувам, порано им беа убави, ама сега катастрофа е, ми ги залепи трепкиве, едвај ги средив.Оти ја немам таа на Мис Спорти, а ниту ја имаше низ парфимерии, па си земав од на Голден Роуз и нешто не бев многу воодушевена од маскарата.