многу ми се свиѓа еден кармин на голден роуз паковката е црна, а бројчето му беше 99 и беше многу убава кремаста боја, ај ако знае некој за кој кармин зборам да ми каже дали уште го има и колку пари е пошо не сум во состојба да идам да барам за џабе ако нема, сеа оваа недела ќе ми биде ужас
Таквите кармини им се 120ден ако збориме за истите. Во ГТЦ во нивната продавницата има ептен голем број на нијанси ама точно за 99 незнам, ќе треба да си провериш
Kористам маскари и туш и сум пре презадоволна од нив ( а имам пробано многумаскари ). дали некој знае имали голден росе туш со тврдо четкиче во боја ама пудрата во стаклено шишрнце за каква кожа е и дали покрива ????? фала за таа што ќе ми одговори
Маскарата во розево пакување ми се допаѓа исто и кармините. Иако се малку суви, под нив ставам гроздова маст (тие во мали кутивчиња по 20тина ден што се) и после немам проблем. Исто и коректорот, за тие пари е измислен
до сега сите руменила од орифлејм и авон ги купив и ниеден не ми беше по кејф. Пред две недели од цити мол си купив од голден роуз за 100 денари и неверојатно, јас после толку години да си најдам нешто што ми одговара. Уште си се воодушевувам http://www.goldenroseusa.com/Golden-Ros ... rchSize=12 бр 208 супер ми е и премногу сум задоволна
Ми се допагаат многу кармините и креоните, а сега си земав и моно сенка (сива) и таа ми се допадна Маскарата баш не ми е погодена...
Задоволна сум од производите на Голден Роуз. Имам маскара која ја земав за 100 денари, што е многу евтино во споредба со тие претходно што сум ги земала од по 300 денари, и сум задоволна. Исто така креон за 100 денари имам земано и туш за 100 денари. Премногу евтини се цените, па во почетокот си мислев дека фуш производи се, но не е така. Баш сум задоволна, што не трошам многу пари на шминки, а сепак се квалитетни
Јас сега ќе одам да си ја купам верувај нема да зажалиш за парите а пудрата не се ни познава дека имаш ставано пудра изгледа како лицето да ти е природно мазно и со изедначен тен,ти ја препорачувам.
Од оваа козметика имам користено кармини, доста добри се, исто и лаковите и маскарите не се лоши.Камената пудра Golden Rose Paris е одлична за 120-130 ден, има одлична покривност која трае со часови, од неа сум најзадоволна, но од течната пудра на Golden Rose сум преразочарана. Ја купив 270 ден од Зегин, кога ја ставив на лице мирисаше одвратно, мислев дека ќе повратам од прелошата миризба, но ај си викам ќе ставам камена нема гајле, нема да мириса толку лошо, по 3-4 саата се враќам дома гледам мозолчиња полни со гној НОВИ ШТОТУКУ НАПРАВЕНИ. Но пак си велам не е можно да е од пудрава, можеби е од кацигата на моторот, дека лицето затворено...другиот ден повторно ставам од пудрата, вечерта кога си го чистев лицето гледам НОВИ МОЗОЛКИ ПОВТОРНО. Веќе беше јасно дека е од пудрата, за 2 дена порите прилично ми ги прошири, ми излегоја мозолки по лицето кои не можат да исчезнат веќе 2 недели. Ќе кажам само едно ГОЛЕМО НЕ и жалам до последен денар за ова срање.
^ Да не била со поминат рок? Ја имам и јас пробано и се согласувам дека е очајна, ама мојата нема лош мирис и не сум имала такви реакции на кожата. Можам да кажам само дека е многу густа, тешко се размачува, веднаш се суши и неможам да дефинирам за каква кожа е наменета. Јас имам сува кожа и кога ќе ставам одма ми се познаваат суви делови по лицето, а после неколку часа ми свети т-зоната (што не ми се случува со друга пудра да ми свети лицето)
Користам,воопшто не е скапо,а е квалитетно. Јас веќе три години го користам тушот, презадоволна сум,за ништо не го мењам. (100 денари) Лакови (50 денари) презадоволна сум и од нив, од кога пробав, од друга фирма не сум купила. Кармините,исто,прекрасни се, и сум задоволна. Ах да и маскарата, како што имам мали трепки, само голден роуз ми помага. За евтини пари, прекрасен изглед. Спојлер Ех сега прочитав ја фалите и камената пудра, баш ќе си купам сакам да ја пробам. Порано зимав една од авон, ама повеќе ја нема во каталозите, а од тогаш друга не можам да си погодам.
Јас истата ја имам, а супер е, ниту мириса лошо, ниту ништо, ја купувам од продавнициве на Голден Роуз. Може и да е до кожата, јас имам комбинирана кожа и немам никакви проблеми од пудрава, неколку години веќе ја користам.И кога ќе ставам, не се ни забележува пудрата.Чим ти се појавиле гнојни мозолчиња, можно е да е до хормоните, обично полицистичните јајници, предизвикуваат гнојни мозолчиња, чим ги немало претходно, а се појавиле сега, можеби си тлеело тоа, па на некој начин се манифестирало надворешно.Само мислиш дека се од пудрата. Може и да се, зависи каква кожа имаш, но може мозолчињата да се и само од полицистични јајници, а се лекуваат со соодветна терапија, за што си треба време за да се исчистат.Мислам дека најдобро е да видиш тоа, за да не ти се појавуваат подоцна.Со време да се среди проблемот, доколку го има.А доколку го нема тој проблем, тогаш е до пудрата.
Moжеби, но како и да е повеќе никогаш не би ја купила, пред 3 години истото ми се направи со пудра Impala, полоша пудра немам пробано како паштета да сум ставила на лице, лицето ми го направи со флеки и дупки КАТАСТРОФА ОД ПУДРА, но за среќа бев упорна и лицето ми се исчисти, но ете сега пак ми се направи со мозолчиња и јас мислам дека е од пудрата.Јбг ќе барам некоја подобра пудра, инаку ми треба некоја со повисока покривност бидејќи многу брзо се вцрвенувам.Па ако имате некој предлог кажете.Инаку заборавив да напоменам тушот на Golden Rose е одличен, го купив пред 2 и пол год, за само 60 денари па бидејќи ретко клавам ете сеуште го користам и нема гајле воопшто, не е ни малку засушен.Презадоволна сум.Со оглед на тоа што задоволна сум од повеќете производи на оваа козметика, мислев дека и пудрата ќе биде добра, но сум згрешила, направив тотална утка.