Презадоволна сум од линијата на Голден роуз. Од пудра до маскара, се им е квалитетно. Немам несакани ефекти од користењето на Голден роуз производите. Топло би го препорачала на секоја млада девојка, жена што сака секој ден да се чувствува убаво.
Ако некогаш ја сменам тоа ќе биде само бидејќи сакам да пробам нешто ново, а не заради тоа што не сум задоволна. Преубава е.Мојот омилен производ од Голден Роуз
Најзадоволна сум од лакчињата,фини боички,долготрајни. Исто и пудрата ја користам ок ми е,а и сјајчињата не се за фрлање
И јас премногу сум задоволна од лакови до , кармини, пудра, маскара , ајлајнер а и не се скапи вредат за парите
Можам да кажам дека сум презадоволна од пудрата на голден роус, вреди за тие пари. Исто и лаковите добри се
Пудрава е совршенство, ем убава покривност има ем не се познава дека имаш пудра ставено, а и немам проблеми со лицето супер ми е, ја обожавам Сега сакам да си купам и карминче некое, па да ми препорачате некоја нешна боичка?
Женски ова пудрава неколку страни поназад што ја фалевме, ја има ли некаде на друго место освен во Голден Роуз??
Свит, на која пудра мислиш? Онаа во белата тубичка со пумпица? Ако се однесува на таа пудра, ја има и низ скоро сите парфимерии каде држат козметика на ГР. Ете јас ја имам забележувано во локални, но добро опремени парфимерии.
девојки бев во таа ГР продавничка на рекорд денес, и видов многу убави копмлет четки за шминкање. Имаше секакви четки, четките дефинитивно ке си ги искористам ама незнам дали се добри? Да не паѓаат влакненцата? Цената на поголемиот комплет е 850 денари, башка и футролата е убава. Ги бива или?
Јас од овие имам користено и не се лоши, е сега не е дека не лепи ама добро е. Мислам дека беше околу 100 ден. Само мислам дека безбојно потешко ќе најдеш. Барај во поснабдените парфимерии.