И јас ја земав и навистина вреди за тие пари. Кога ставив на лице ми делуваше како да ми е ептен утната нијансата (некако ептен на портокалово ми маваше), а сите ги пробав на лице. Но, по 2 мин. како да впи и ми го остави ептен убаво лицето. Башка што стои и по 4-5 саати.
Задоволна сум ептен од пудрата во стаклено пакување, многу е пријатна на лице, а истовремено и покривна, дефинитивно ја препорачувам.
Тушот и римелот од голден ги користам одкако почнав да ставам шминка.Тушот е нешо нај нај и римелот е убав само шо сега у последно време нешо го измајмунија брзо се суши и густ е многу,а не беше таков користам и сјајчиња за уста,лакови...Евтино,а убаво..Не значи дека се шо е убаво мора да биде скапо
Ептен ми се свиѓаат тушевите на Голден Роуз. Ги имам овие два и многу сум задоволна, смешна цена се - 130 денари. Спојлер Има и други и сакам да ги пробам и нив Спојлер Исто и да ја пофалам пудрава Прво има некоја портокалова нијанса ама откако ќе ја размачкам убаво ептен ми е погодена на мојот тен. Спојлер
^ Колку се? Многу привлечно изгледаат вака на прв поглед. Лесно ги вадиш? Јас имав проблем со еден ваков туш со светки од друга фирма - ништо не ми го вадеше темелно, се надевам овие не се толку инаетливи, а сепак се трајни.
Јас сум пријатно изненадена од коректорот на Голден Роуз, баш го фалев во темата за коректори. Исто така прилично евтин 90 ден. Кога сме веќе кај евтиноќа, карминиве која цена се?
Деведесет или сто денари, ништо чудно ако купуваш од некоја локална парфимерија да ги најдеш и за нешто пониска цена. Јас ги купувам 70-80 денари. Освен ако не дигнале акции во последно време. Мене при срце ми се беж-нијансите, значи ниту Римел, ниту Мејбилин кармините не ми се погодија со толку нежни кремасти нијанси како тој 98 - мислам дека беше 98. Има една бордо нијанса која одамна ја меркам, ќе подразмислам пак ама мислам дека на крај пак ќе го купам. Единствена мана им е тоа што не се толку долготрајни и мене лично дури и оние хидратантните ми се малце сувкасти.
Од Golden rose користам карминчиња, коректор, моливче за веѓи, туш, и по некоја од сенките.. презадоволна сум од сите!!
Јас пред неколку дена ја земав виолетовава. Морам веднаш да ја пофалам. Имам прилично долги трепки и свиткани нагоре, па и не ми треба некоја којзнае каква маскара, а оваа ептен ми се погоди. Им дава некој мал волумен и ги истакнува, нешто што мене најмногу ми одговара. Башка ептен ми е добра четкичката.
Јас дојдов да ја пофалам сенката на Голден Росе, незнам од кога , од дамна немав земено имаат ново пакување. Црна- матирана миднајт блек- ептен ми е погодена. Цената и беше околу 90-100 ден ама доста долго траат, ќе ве служи долго време. Не ми се размачкува, не мрднува по цела вечер. Кој си љуби црно, нека ја проба - нема да погреши.