Имаше и на декоративната. Ама не онаа на Golden Rose туку на Catherine Arley. Само не знам дали уште трае попустот?
Користел некој жолта маскара на голден роуз а на капачето има некој леопард принт? Цената е околу 120 ден, а со туш зa oчи во исто пакување само помало, комплет 150 мислам беше. Многу слично на ова е
Sум користела туш за очи--задоволна сум многу е добар и еден кармин имам ама не сум задоволна могууу, сум видела маскара кај една другарка и беше претечна и кога ставаше се изнамачка насекаде. Zа тие пари толку, колку пари толку музика што би се рекло.
Ако имаш чисто лице и ти треба камена пудра само за да ја матираш кожата тогаш дефинитивно Голден Роуз,а доколку имаш акни, црвенила и сл тогаш Кетрин Арли пошто е доста попокривна ама некако тие потемните нијанси на пудрата даваат многу вештачки тен, додека пак посветлите нијанси се супер.Јас моментално ја користам камената на Кетрин Арли пошто повеќе ми е потребна покривност.Која и да ја земеш нема да згрешиш јас ги користам наизменично а некогаш си купувам и од двете и во зависност од потребата таа си ја користам.
Денес си купив од новите мат карминчиња и одма си ставив и убаво е стварно, убава текстура има, и убаво мирисаат.. Нежна боичка си купив 3ка е бројчето како за на факултет или за денско кафе топ е
Здраво девојки,јас ја имам користено само жолтата маскара од 120 денари мислам деке беше и сум презадоволна.Сакам да си купам кармин бојата да биде нешто розава,ама не нападна,и не премногу бледа..како природната боја на усните само малку да и даде розов сјај,и не сакам светкави ,па ако може бројче предлог некој
Девојки морам да кажам дека сум многу задоволна од голден роуз !! Посебно од маскарите голден роуз 4X со златно капаче, и голден роуз maxin eyes жолтата. И двете се 120 ден и се феноменални!!! Исто така би и го препорачала парфемот Trendy на roxanne копија на коко матмозел може да го најдете во продавниците на голден роуз !!! Преубав е и башка мирисот трае