Другар ми ми купил туш за очи,бордо лак и карминче од ГР,ќе си пукнев прееска од радост Едит:И ја си докупив уште едно четче и креон
Eве овие се најновите четки, сакам да ја купам оваа за сенка што е....незнма какви се, пишуваше на нивната страна дека се најнови.....не се многу скапи, пишуваше и цена.
Ја ја видов маскарата со тушот во маалска продавница, али би требало да ја имаат и во таа во центар големата продавница
Имам слушано претерано пофалби за оваа маскара Лично не сум ја пробала но знам дека била најдобра маскара на Голде Роуз
^ Пред 3-4 години ја купив, ама знам дека не бев задоволна. Се сеќавам ми се ронеше, плус ко ќе ставев трепките ми ги слепуваше и изгледав ко пајак.
Околу 100-150 денари.Повеќе не ми се верува дека е. И јас ја имам користено,и дефинитивно сум презадоволна.Прекрасна беше.
Го скапав од барање абе ја сотреа оваја нијанса жими све никаде го нема а ова е мојата омилена најубава боја на карамин зедов една посветла нијанса слична ама не е тоа тоа искрено све од голден роуз ми е преубаво мене... А какви се бисерните нијанси на боја на карамините?убаво седат?
дали знае некој дали има уште печка за нокти во продавнициве на голден роуз и отприлика колку пари се ?
Го земав коректорот на Golden Rose и сега го пробав и сум презадоволна , кремаст е многу убава структура има, нијансата многу ми се погоди ми одговара на кожата не се ни познава дека имам ставено , а е само 90 денари, чиста 10ка од мене
Дали ги има некој пробано?какви се?сакам да земам мн сум љубопитна убаво ми изгледат и ако знае некој цени на четките за шминкање плс нека пиши...
И јас го испофалив овој коректор пред многу време, многу ми се има погодено. Ми се допаѓа што иако е кремаста структура - не се собира под очите. И јас сакам овие да ги пробам, ако има некој веќе со искуство, нека каже. А што се однесува до четките за шминкање - ја имам само онаа за сенки, со четки на двата краја, една за нанесување, една за сенчење, но уште не дошол редот да ја пробам. Вака многу убаво изгледа, но штом ќе знам за сигурно - ќе напишам
Јас ја имам 07 ја користам за contour, и сум задоволна е сега како пура на цело лице не би требело да е лоша, и цената им е супер Него оваа некој ја има користено и дали е добра за течна пудра?
Многу сум задоволна од голден роуз козметиката. Досега сум имала две маскари, едната со златно капаче со смешна цена од 100 денари-беше мноогу добра, и една друга лилава 250 исто и од неа презадоволна.Креонче црно кое не ми се размачкува и кармин мама си купи и е исто презадоволна.
Јас купив вчера,и тоа случајно. За пудра ми се премногу тешки,ама како покриваат подочњаци,секоја чест. Ако ти е за покривност,нема да зажалиш..
Се согласувам, премногу е густо за пудра, но сепак е покремасто е од коректорот. За подочњаци и корегирање е супер
Ги има ли некој користено еднобојните, мат сенки? Ми изгледаат многу убаво нијансите, но од никого немам слушнато коментари, па сеуште им се мислам.