Јас имам кафена мат сенка, од тие поединечно што се продаваат, не од палетите. Многу сум задоволна, бојата е иста како во кутивчето - така и кога се нанесува. Имам пофални зборови за неа, издржува цела вечер, не знам што поточно те интересира Во иднина би си зела и од палетите со повеќе бои
Навистина преубава шминка имаат Голден Роуз, исто така и лакови. Презадоволна сум, добар квалитет (одредени производи се подобри и од оние брендираните), а цена попристапна здравје.
Искрено не забележав но штом не сум забележала, претпоставувам не Јас сум пријатно изненадена од Голден Роуз и сè што нуди во последниов период. Моментално чекам да ми стигнат некои сенки од интернет, ама ако не ги бива - ја купувам палетата обавезно
Задоволна сум од Голден Роуз производите.Досега имам користено туш, креон и карминче и многу ми се погодиле.А и цените им се прифатливи.
По препорака на пријателка, јас купив туш за очи, но кога го нанесов, очите ми отекоа, ми се вцрвенија и почнаа да ми солзат, така да не сум задоволна. Од овој бренд, користам само лакови за нокти.
Имам забележано дека која и да е сенка, многу зависи колку се рони од четката со која е нанесена. Најчесто се случува да се изрони ако е нанесена со четка од синтетички влакна. Со четките од природни влакна јас немам проблем, а и пофино се нанесуваат.
Морам да ги пофалам моливчињава на Голден Роуз,многу се прекрасни,пуштаат боја убаво и не се сушат премногу.Приметив дека не се брише лесно,доволно време(незнам точно колку) бојата е иста како кога ќе ставиш јас го имам 503 и го платив 100 ден. во парфимерија,во Голден Роуз незнам колку е,не ми се верува да е повеќе од 130-40 ден.
Баш сум во потрага на кафена сенка,па ме интересира колку пари е оваа? И дали има избор на повеќе кафени нијанси? Пошто мене потемна ми треба..Кое бројче е твојата?
Ако не се лажам, беше или 80 или 100 ден.една. Мојата е број 210, мислам дека е најтемната кафена, но сите нијанси можеш да ги видиш на овој линк, мислам дека ќе ти помогне: http://www.goldenrose.com.tr/en/product/22/eyes-eyeshadow-silky-touch-matte-eyeshadow/1 А еве ја и палетата, со повеќе нијанси: http://www.goldenrose.com.tr/en/product/25/eyes-eyeshadow-professional-palette-eyeshadow/1
Денес си зедов преееубаво мат карминче од новите во бордо пакување...светло кафена боја, скоро како праска боја...одлична боја за преку ден(нијанса 03).. еве слика подолу на сите нијанси кои ги има моментално И да прашам за течната пудра во бела тубичка Golden Rose Mineral, дали е добра за мрсна кожа или е наменета само за сува? И како сте задоволни во однос на покривноста и трајноста, ми треба висока покривност..за прикривање на акни и проширени пори..Дали ќе ми заврши работа ?? Споделувајте мислења