Во ГТЦ ќе отвараат Голден Роуз продавница или јас нешто сум побркала? Инаку досега имам купено лакови за нокти, туш и сенки. Маскарата не ми се допадна, брзо ми се исуши, а и не ми ги правеше трепките како што сакам. Како и да е, ок се, во склад се со цените.
Meне ми е баш океј козметика. Моливчето за очи на Голден Роуз беше првото со кое почнав да се шминкам. Исто и маскарата со златно капаче. Tушот со мека четкичка им е квалитет и квантитет спакувано во мало шишенце. Многу сум задоволна и од трајноста, а и голем плус за тоа што не се разлева. Пудрите не ми одговараат бидејќи имам мрсна, малку проблематична кожа, ама се' на се', доста се покривни, со пристапна цена. Руменила, перли, немам користено (моите не би ги менувала за ништо), иако им го имам меракот на перлите и во план сум да ги тестирам во скоро време. Од кармините имам црвен, жар црвена нијанса - единствена беше која ми се допадна тогаш, па и солидно карминче испадна за скромно 100че. Е сенките ми се омилени, посебно оние матираните, спакувани во мали кутивчиња - ги имам на велико и се единствени сенки кои со години си ги користам.
Катастрофа индид. Се` исфрлив, мада тушот беше океј, за тие пари. За очи моливот ми е премрсен и брзо се расшлакува. И црвената маскара = ултимејт дизастер, на памук трепки ми испаѓаа, што не ми се случило со ниедна друга маскара во животот. Па после со недели мачкај маслиново, епа премногу ми е битно лицето и очите да се зезам и испробувам, никад повеќе.
Мене ми се океј само мат сенките,ептен се добри и златната маскара исто. Ма да, порано беше поубава, сега купив пред некој ден и не е како што беше, не е тоа тоа. Црвената маскара - нула, брз врска и четката ич не ми се допаѓаше. И моливчиња неколку имам низ дома,ама не се којзнае што и не ги користам,сум ставила еднаш-два пати. Друго немам користено,барем колку што ми текнува во моментов.
Не ми се допаѓа!Сенките ствараат линии после саат време,се прават црти.Моливчињата се размачкуваат после одреден период,пудри не сум користела.Ни маскарите не се убави.Не ми се допаѓа оваа козметика.
Ја користев 4х4 маскарата и одлична ми беше, ама во последно време многу се суви некако не се истите па ја сменив со Класикс 3д. Купив еднаш и туш ама не го користев воопшто па на крај го фрлив, не користам туш, не знам ни зошто го купив! Последно купив руменило и воопшто не ми се допадна, не оставаше баш многу боја и веднаш се губеше, многу лошо руменило. И карминчиња имам купено, убави се, но никако да си погодам нијанса, инаку структурата на карминот ми се чини ок, не се ни разбирам толку, али и мајка ми ги користи и вели дека за 80 денари се и повеќе од добри и доста трајни. Ќе заборавев, имам и сјајчиња, последното кое го купив не ми се допадна многу, прво затоа што повторно утнав нијанса второ најдобри се сепак оние во тубичка што се, потрајни сјајчиња од тие немам сретнато, полни се со силикон а и убави бои имаат.Се на се им давам 6-7/10
Задоволна сум од козметикава на Голден Роуз. Ја користам таа црвената маскара за волумен, доста долго ми трае и трепките како вештачки ми ги прави. Го користам тој тушот со златно капаче. И тој уште ми трае. Еве една година го имам, денес купив друг. А секој ден ставам. Од кармините сум најзадоволна. Не се ни 100 денари, а долго траат и нијанси има какви ти душа сака. Денес си купив портокалов кармин и најпрекрасен ми е . Не ми се бендисуваат многу сенките, ама бркаат работа, доста нежнички. Пудрата ја немам пробано, вака на изглед многу ми е густа некако, а јас не сакам такви.
Досега сум ги пробала тушот и пудрата-стик и ич не сум задоволна. Пудрата ми го перута лицето, значи како што размачкувам буквално како лицето да ми е суво ми се лупи (а лицето сепак не ми е суво, дури еднаш и саат време пред да ставам од пудрава се намачкав со павловичева на лице да видам што ќе се случи), а тушот дали дека е многу течен, не остава убава јака црна линија како што сакам, туку бледа. Точно е дека се многу евтини, гледам често пишувате добри се за тие пари, ама по мене не е поентата да е само евтино и колку-толку добро, сепак за лице се работи. Останатото од шминка не сум го пробала, па не можам да кажам.
Сум ја пробала маскарата таа со златно капаче бидејки сите ја фалат но никогаш повеке нема да ја купам,за парите е ок ама сепак за очи се работи несакам да останам без клепки.
Имам пробано едно сребрено моливче (со светки) и планирам да го земам бидејќи го пробав од другарка па ми се виде како супер замена за сенка. А и во Зегин видов убава сенка па може да ја пробам! Од лаковите сум прилично задоволна, па доколку ги купам сенката и моливчето се надевам дека ќе ми се допаднат.
Јас сум презадоволна најпрво од ружот http://goldenrosemalta.com/shop/media/c ... _103_4.png , многу е убав.После ги користам кармините траат,моливчето за уста и тушот црн има и со светки во разни бои и тие се многу убави.Пудрата им е за никаде, другарка ја има, како да се мачка со вода
Јас ја користам минералната пудра, ок е. Го суши малку лицето, ама со крема и супер е. И маскарите им се ок
Мене од она што го имам ми се допаѓа шминкава. А имам: Tуш Маскара Моливче 3те работи (што дури сега приметив дека ми се само за очи) ми се допаѓаат за останатата шминка незнам, бидејќи не сум пробала ништо друго од производите на Голден Роуз. А од лаковите (што не се шминка знам) сум НАЈзадоволна . И од страната што им ја гледав би сакала да им пробам повеќе производи, ми се чинат убави, иако незнам дали сите од страната нивна ги има и кај нас . И мислам дека порано имав сјајче, само не сум баш сигурна .
Денес ги земав овие,па ќе видам како ќе се покажат. Моливчето веќе малце го пробав,преубаво црни! Меко моливче има,и пишува дека е долготрајно,па ќе видиме за тоа Плус сунѓерчето што е на крај,дава многу добар ефект! Моливчето го земав 130,пудрата ја земав мислам дека околу 120..може и 130 да беше,така тука беше слична цената со моливот
Јас не сум задоволна од маскарата. Брзо ми се исуши некако.. Од кармините сум задоволна Од сенките за очи не бидејки за брзо време оставаат линии.. Од тушот исто така сум задоволна
Јас сум многу задоволна од маскарата на голден роуз, ама од онаа со златно капаче, а не онаа црвената Подобра е дури и од оние кој се по 500 денари , а оваа ја земаш само за 100 денари .. Шо му плајќаш
Oд Голден Роуз до сега сум користела само кармини,и ми биле екстра.Мислам сеа нели,за 100 денари се и пре-предобри.Ми се свиѓа што имаат многу голем избор на бои,па секад си наоѓам што си барам. Хидрацијата им е средна...многу зависи и од нијансата,некои се похидрадантни некои се помалце... Е мирисот им е феил.Барем ако сте човек како мене што се мора убаво да му мириса,ондак ќе ви биде проблем.Ме потсеќа на бабските кармини Ама си ги комбинирам со сјајче или лабело па ги неутрализирам некако ,се трпи. Се на се ,кога ќе споредиш со цената,добиваш многу повеќе. Друго освен лакови,немам пробано.Можда некој руж,сенка нешто би купила,а со пудри не би ризикувала и онака имам прилично проблематична кожа .
Задоволни сте од камената на Голден Роуз? Не користам камена ама ми треба за "повремено" користење, па затоа ја земав како идеја пошто е поефтина, без потреба да не ми сети цела во фиока... Некои негативни искуства? :geek:
Сум користела производи на голден роуз и задоволна сум,како за цената добри се,е сега баш за камената не можам да ти кажам зошто баш неа не сум ја користела,ама ако претходно си користела нивни производи купи ја,не би требало да има некои негативни последици