во темата за пудри има пишувано за пудрава !разгледај малце не одговара за топло време и повеке е за сува кожа неголи за мрсна
Знае некој да ми каже колку се движат кармините на Голден Розе http://goldenrose.com.tr/en/product/67/ ... lipstick/2 од овие модели. Зашо имам слушнато дека во Гтц се поскапи од тоа доле во Рамстор што е.
120-130 денари се во Голден Роуз во трговски,не ми се верува да има голема разлика со тоа во рамстор,можеби 10-20 денари.
Јас ги зедов денеска овие 3 мат сенки и ептен сум задоволна, за прв пат убаво се шминкам Значи не било до мене до сенките било Еве овие три боички ги зедов, една чини 100 денари Исто ја зедов и оваа пудра на Класикс. Сега бидејќи сум доста поцрнета не се шминкам секој ден, ама понекогаш си е потребна пудра. Продавачката ми ја препорача пудрава како доста покривна и совршена за сува кожа и навистина е преубава. Чини 240 денари
Дали некоја од вас знае дали во Голден Роуз ги донеле новите кармини GR Vision Lipstick и новите лакови GR Color Expert Nail Lacquer и колку се ? http://www.goldenrose.com.tr/en/product ... -lacquer/1 http://www.goldenrose.com.tr/en/product ... lipstick/1
Сакам да го купам коректорот но незнам дали е добар кога го ставив од тестер малце беше сув не се размачкуваше добро дали има некој искуство ???
И јас ја имам оваа пудра одлично ми ги покрива лузните од акните и целото лице ми го прави убаво ама ако предходно не ставам малку крем на лицето многу се познава и се лушти
Ако мислиш на тој во стик,добар е.Има солидна покривност,не е тежок,добро се размачкува. Јас имам сува кожа,но понекогаш ми се собира под очите. Ако сакаш,дај му шанса
И јас го имам тој во стик. Мене ми е корисен за дневна шминка и за вечерна за прошетка и за кафе муабети.
Кармините velvet matte колку пари се? знам дека тие со црна опаковка се 120, ама мислам дека не им беше иста цената
Фала, сепак отприлика толку е цената, мислев дека се поскапи сакам да си купам некоја по свежа боја кога ќе ни дојде пролетта..ама некако абер нема
Од различни парфимерии имам купувано, поефтин од 120 немам начекано во Битола, негде се по 130-140..тие по 80 ден што се во Супер Канди, не се МАТ туку се обични и не се тие во бордо пакување, од каде ги купуваш ти за 80 ден?Значи збораме за Golden Rose Velvet Matte, да не имаш некоја грешка направено..
Незнам како се вика парфимеријата кај Мара на шеталиште, тука кај фонтаната. Е де, знаеш која добри 100 години е таму. Толку беа, може беше промотивна цена ама не верувам. Ако си за земање, побарај таму може поефтино ќе си поминеш. Да, Мат Велвет беа, во лилаво паковање.
Божо мислам дека се вика парфимеријата и таму е најскапо колку што имам заприметено, обичните карминчиња на Голден Роуз што се скоро сегде по 120 таму се 140, можеби промотивна понуда имале или па има исклучок во цените на некои производи, баш ќе проверам, фала ти