Новиве тушеви ги имаат кај нас? Да барам на бит пазар по тезгите или на рекорд? До сега не сум користела на голден роуз тушеви
Ги има, не се повеќе од 200 ден., а ги има во разни бои. Имам златен и сум презадоволна не мрда цел ден.
Јас си купив туш на Golden Rose, црн. Врши работа, но не сум многу задоволна. Четкичката не е како на сликава, подебела ми е некако и не ми е прецизно ставањето. Навистина тушот не бледнее и не се размачкува, но кога ќе треба да го вадам, ох колку мака си имам тогаш...
Убава камена пудра на ГР?? Течна користам од Авон нијанса Nude, а сеа преку лето дур купам ББ, сакам камена да си земам да си иам за секој случај
Јас користев една, али многу беше како сува некако, ептен се познаваше без разлика со што ќе ја нанесам. Сега веќе неколку месеци користам од Кетрин Арли и сум многу задоволна. А со цената се тука некаде, 120-150.
Освен кармини,маскари и лакови за нокти немам друго користено од Голден Роуз.Овие 4 кармини ми се омилени затоа ставам слика од нив.Сликата е со блиц поубави се во живо боите.Нијансите се 03(светло кафена),05(порртокалова),10(розевкаста) и 16(темно кафена).
Долго време го корисам овој туш, некаде околу 2-3 години. Ми се допаѓа од неколку причини: 1. евтин е ( последно го купив од локална парфимерија околу 150 денари може и помалку не се сеќавам баш). , 2. има тврда четкичка која ми помага мн. во исцртување на прецизна линија , 3. ОДЛИЧНО е пигментиран, таа црна линија е црна како најцрна ноќ, 4. не се брише лесно (што може да биде и негативна и позитивна критика, позитивна ако сметаме дека на топло не се растекува на аголот од окото и не се брише линијата ,а негативна дека после вадење на шминка мн тешко ќе се избрише). Според мене ова се доволни карактеристики за да е мој омилен туш.
Ги користам производите не голден роуз задоволна сум посебно од кармините имам еден кремаст со светки супер е тушот исто така е супер е сега не сум задоволна некако од последната маскара што ја купив...x4 e
Презадоволна од козметиката на голден роуз.Многу ми се допаѓаат кармините velvet matte, долготрајни се и имаат убави нијанси.Задоволна и од руменилата ,оставаат нежна боја и за 100 денари се супер.
Многу сум задоволна од козметиката на Голден Роуз. За лаковите немам коментар, широка палета на бои и многу долготрајни. Од маскарите сум презадоволна и воопшто не се скапи. Моментално ги користам овие маскари: