Кој е подобар туш тој со тврдо или меко четче?Гледам доста сте задоволни па се мислам меѓу ГР или на Есенс да го земам,инаку ретко користам туш искрено...
@mime87 јас би ти го препорачала од Есенс тој со меко четкиче. Не ми се размачкал ниту отцртал дури и на топло. Секогаш ставам сенка или пудра во прав на капакот и не се замарам. Јас искрено не сум задоволна ниту од ГР, ниту Класикс. Малце е поскап од другиов (200 ден е), али долго ќе го користиш. Тој со тврда четкичка исто е траен (ваљда истата течност е), ама некако не ми е доволно тенка четкичката како што сакам.
Essence за кој што зборува @Elence93 е точно 175 денари. Иначе јас го имам користено ГР со тврдо четче и мене ми е супер, доволно црн и доволно траен. Тој со меко четче не ти го препорачувам, четчето е многу слабо и изгледа непрецизно. @mime87
Ја купив оваа, и сега некое време ја користам и добра ми е, не дека сум импресионирана, затоа што после таа на Сигма мислам дека никогаш нема да пробам подобра, ќе ја измијам неколку пати па ќе пишам по детална рецензија, верувам дека на многу ве интересира.
Може некој да се слика со 28 или 29 од голен роуз велвет мат многу ме привлекоа боите но подруго е на устата https://scontent.cdninstagram.com/h...e15/11377642_944178528959864_1679854747_n.jpg
Ги има овие во Македонија?Прашувам оти ги видов на еден српски блог, овде низ продавничките не сум ги заприметила.Terracotta duo eyeshadow, печени се изгледа. Многу ми се допаѓаат боите, а се гледа и дека се пиглемнтирани, посебно 306ката ми е фаворит.
Колку пари им се четките? Има ли некаде да видам цена? Зошто на една стана гледав ама не забележав цена никаде.
Во мојот несесер често може да се најдат производи на голден роуз, како прво имаат пристапна цена, можат да се најдат и во послабо снабдените парфимерии, и накрај најважното има голема палета на производи кои се одлични. Од производи кои моментално ги користам од оваа марка се 2 кармина на Vision lipstick бр. 110 и 125, еден од Matt Velvet lipstick бр.03, Perfect Lashes Great Waterproof Mascara, Perfect Lashes Black Eyeliner, два GR Color Expert Nail Lacquer бр.10 и 72, и молив за очи во зелена боја бр 007.
Мат кармините им се незаменливи,исто имаат и добри маскари и лакчиња,друго немам ништо користено од Голден роуз.