јас од голден роз најмногу имам лакови од овие два типа и маскарите ги користам а и кармините(моливчето е изгребано )
Клуб картичката се добива ако направиш сметка над 1000 ден. Јас имам од постарите, црна е, па баш се зачудив кога ја видов оваа на слика Вчера бев и ја препрашав продавачката - на оние производи на кои е означена поевтина цена со картичката, таму имаш всушност попуст
Карминчињава се закон! Мат се, многу трајни, а воопшто не се суви како за мат кармини. Презадоволна, за 150 денари Сакам сите нијанси да ги купам!
Јас во Куманово го земав.за 115денари во локалните парфимерии го имам 03 и многу ми се свиѓа. Во план ми е да си земам и понежна нијанса.
Нијансата 11 е прекрасна. Убава виолетова боја, што може да се носи и преку ден и навечер со малку моливче за уста. Јас сум изненадена колку траат. Од 8 наутро до 3 часот попладне не мрда карминот, а пијам и кафе, јадам и сл. Дури повеќе ми се допаѓа и од мат кармините, оние во црвеното пакување. И општо, кога станува збор за мат кармини, сите на ГР се одлични, квалитет и цена!
Мене најмногу ми се допаѓаат оние моливи од dream lips колекцијата. Не знам какви други линии имаат, ама овие се навистина меки и пигментирани и имаат широка палета на нијанси. Ретко кога сум нанела кармин на усните во последно време, откако си обезбедив неколку моливчиња што ми се допаднаа.