Позадоволна сум од Класик него од Голден, иако се од иста фирма. Денес земав ново карминче од Голден 67ца е и интересна ми се гледа бојава иако ми рекоа моите дека не ми стои најдобро. Те го
Мусот е одличен, не ни може да се мери со сто пати поскапите мус пудри што сум ги користела или сум ги пробала, има одличен пигмент, долготрајна е и најважно од се цената и е фантастична, 370 денари.... Ја има во новата продавница во ГТЦ, како што погоре кажав е 370 денари, а е фантастична. Ја испробав!
Јас не сум нешто баш најзадоволна, али вршат работа. Едно време имав римел и добар им беше, пудра нивна немам користено. Лаковите некои им се добри некои не. Тој магнетот на една другарка и се расипа од трето лакирање и за џабе си плати 150 ден. Ружот им е добар а моливчето не ми сфиѓа.
Моментално сеуште ја користам првата течна пудра по препорака на Гордана и ептен и сум благодарна за тоа. Сум ептен задоволна, не очекував толкав квалитет од пудрите на Голден роуз. Пудрата е 270 денари, има висока покривност и не е тешка. Ќе заборавев да кажам и дека многу бавно се троши, ја имам два и пол, а можно е и три месеца, сеуште не е до пола потрошена полно е шишето.
Знае ли некој колку чини овој туш на голден роуз? Гледам сите го фалите па да пробам http://goldenroseuk.co.uk/eyeliner/25-dipliner.html
Околу 120- 130 денари во парфимериите, а на тезгите за козметика во зелено пазарче истото можеш да го најдиш за 100 денари.
Тушот за очи е неверојатен.Го користам мнооогу долгу време и ниеднаш не ме изневерил, а се покажа и како многу поквалитетен од поскапите .
Нема утка, се е екстра....од се сум презадоволна, досега ми се нема нешто погодено да не чини,да ме разочара.
Женски ваква сенка да не има во Голден Роуз? http://www.goldenroseusa.com/details.php?id=914&bid=&fid= И цена ако може