Провери ли некој дали ги има некаде новиве течни кармини? Јас денес видов во продавницата позади бисер што е, ама немаа Да не има во гтц или на рекорд?
Ги има донесено. Јас ги пробав и искрено јас не сум нешто посебно воодушевена. Оние карминчињата од Аура матот се сто пати подобри. Во 5 ипол ставив од карминот а сега е 7 саат скоро и да немам. Mалце сум се размачкала
Зашто ме разочаруваш вака А кое бројче го имаш ти? Јас ептен имам мерак на 10ката, затоа сакам да земам многу, не ми е трајноста најбитна
@kim.k мислам дека беше кецот, не сум купила сеуште само бев ги пробав. Утре ќе пробам пак ќе им дадам втора шанса.
Истото ми се случи, и тоа на две места. Прашувам за овие, и на двете места истиот одговор: Малена ќе имаме од утре, вакви нема нигде, а ти откај ги знаеш -ми вика продавачката Инаку изгледав рецензија na јт и тој 10ката како бел/сив испаѓа Аура засега ми се свиѓат, трајни се и пигментирани, а овие ќе видиме.. ама нека ги надигнат уште малку тоа цените па ќе се потрудам повеќе мани да им најдам
Купив денес од новиве кармини Longstay liquid Matte lipstick и ќе кажам најискрено дека тие од Аура се сто пати подобри. Премногу е сув некако, и сите линии на устата ги истакнува. По пола саат дури и се распука
Само jaс ли не сум задоволна од color expert лаковите? Поточно од четката. Ниjaнсите се убави ама четчето остава линии не ме бендиса.
Ги пробав новите мат кармини, и нај искрено сум импресионирана прво од пигментираноста на кармиот (со тие на аура требаше да поминам неколку пати за да ја добијам поскакуваната боја), потоа многу ме изненади долготрајноста на карминот, и со јадење ми издржа 6 часа без никаква поправка. Не ми ги исуши усните и се чувствуваше многу лесно на устата како да немав нанесено потполно мат кармин. Можеби и волку сум импресионирана дека очекував многу лош производ според коментарите тука. Исто така и четката е многу добра ептем е прецизна. Јас ги препорачувам ептем и ќе си земам уште некоја нијанса.
Јас од лаковите ич не сум задоволна, за color expect зборам, имам крем боја денес се мачкам, утре распукан е и изваден, имам од пред некое време лилав тој поќе ми трај неколку дена, дали до текстурата внатре незнам до шо е. ама катастрофа голема.
Се согласувам со @Rose96 јас еден тестирав таму ептен ми се допадна што не е тежок, не се чувствува дека имаш кармин на усни, мене не ми се распука, но тоа зависи и колку слоја ќе ставиш. Го пробав 10ката но бидејќи со средниов мој тен ме прави бледа се одлучив за број 03.
Ме интересираат мислења за новата пудра, дали е стварно мат и погодна за комбинирана/мрсна кожа и дали трае долго? Која цена е и дали вреди да се купи? Прочитав добар коментар за неа во темата пудри од Rose мислам дека, али сакам барем уште едно мислење пред да ја купам.