@Rose96, да не случајно ја знаеш цената на четката? Не видов цена во постот на блогот мислам, а баш ме интересира колку чини, дизајнот ме освои и мора да ја купам.
@Mishela Мислам дека беше околу 300 ден не повеќе. И да предобрааа е со четкава сум мастер за контури хахах
Ne..se mislev dali da gi kupam ama mi tekna deka ni do pola ne mi se potroseni onie od Schatze i ne kupiv :/
Го има ли овој туш во Голден Роуз ? Никако да ми текне да проверам, а многу ми се допаѓа шишенцето и би го купила поради добриот дизајн.
Девојки Makeup Revolution сега можете да ги најдете и овде Македонија во продавниците на Голден Роуз. Ептем се израдував кога видов и затоа решив да споделам со вас. Сега уште да се одлучам кои палети да си ги купам.
Исто како на нивната официјална страна, можеби некој денар поскапи ама не е голема разликата. Јас битно ке банкнотирам тоа знам затоа што неколку палети ептем ми фатија око
Terracota Golden Rode Eyeshadow - Овие се моите најново откритие, чинат 185 денари, а имаат многу висок квалитет, многу се сјајни и светкави (за оние кои сакаат такви бои), многу се пигментирани и има одлични нијанси. Јас ги користам над обична сенка и одма се сменува цел изглед во многу гламурозен. Не се за секој ден, барем зависно од бојата и начинот на употреба (јас лично ги користам за посвечени прилики). Иначе, ако сте користеле сенки од Севентин (оние околу 300ден. една), овие се со малку понизок степен на квалитет (сепак Севентин ми се неспоредливи, попигментирани, самиот состав е мек, да уживаш додека се шминкаш), ама за поефтини пари, Голден Рос се супер. Иако, Голден Рос почнаа да се занесуваат малку со цените. Стварно се поквалитетни од порано, имаат огромен избор, отворија посебни продавници (што им е супер идеја), ама мислам дека декоративната козметика може да е барем малку поефтина.
Кармините велвет мат им се врв и тушот со мат ефект исто така е убав. Е сега четчето на тушот не ми се допаѓа, тврдо е и дебело, ама јас си го нанесувам со друго четче од стар туш.
@Rose96, ајде сега, препорачај какви палети да си земам деновиве од МUR. Ја имам најосновната со 12 мат тонови и супер ми е, ама овие големите палети со по 32 тонови ми изгледаат многу луксузно, а и цената им е сосема во ред за толку многу сенки. Што мислиш ти, кои палети се поквалитетни - овие големиве или стандардните, со долгнавести сенки. Не успеав да нарачам голема палета, па се двоумам дали да земам некоја или не. Ја меркам Флолес мат стандардната, ама во дилема сум.
@Mishela Јас 2 палети со сенки зедов и една за кпнтурирање ќе пишам детали како ми се допаѓа. Ја пробав таа за контурирање и воодушевена сум особено од хајлајтерот преинтензивен е.