Вчерa бев вo ГР вo ГТЦ прaшaв дaли дaвaaт се уште клуб кaртички сo сметкa нaд 500 ден . aмa ми рекoa декa им се пoтрoшени. Дaли знaете дaли издaвaaт тaкви кaртички и вo другите ГР прoдaвници?
Веројатно даваат во сите, мене ми дадоа и во City Mall и во ГТЦ ама не сум ги користела и не знам дали има попуст со нив, не ми текнало да ги понесам со мене
Дa имa пoпусти нa oдредени прoизвoди, преесјa бев дa земaм четкa зa хaјлaјтер и беше 195 денaри a сo кaртичкaтa 170 ќе јa земев. Среќa тaму се нaјде девoјкa штo имaше сo неa кaртичкa и четкaтa ми јa дaдoa сo пoпуст.
сум задоволна од тушот на голден роуз иако многу се жалат од него не е скап но според мене квалитетен
Што ми требаше да прочитамм Дали ја има палетата за контурирање goddess?Се заљубив тотално! Црно ми се пишуе,утре напаѓам гтц.Посакајте му среќа на новчаникот
Девојки би сакала да ве прашам дали некоја од вас користи камена пудра од голден роуз, како е задоволна, која е цената ? Се мислам или да ја порачам камената пудра од авон во тековниот каталог што е 179 ден.
Мене искрено повеќе ми се свиѓа на Катрин арли, а цената им е тука негде, околу 140 ден. Таа на ГР некако ми ги истакнуваше брчките и ми се познаваше доста на лице.
Која точно пудра ја користеше од Голден Роуз? Никако да наминам во дуќанот деновиве, ме интересира дали ја имаат онаа pressed matte камена пудра. Ми звучи многу примамливо, ама ако има блесава цена, ќе си ја земам онаа на Римел, Кетрин Арли одамна немам купено, па ме заинтересира сега и за неа. Ако не ти е тешко, стави сликичка, гледам дека има повеќе видови и од двеве.
На оваа мислев. Инаку најзадоволна сум од Римел, ја користам таа транслусент. Лесна е, матира и не ми ја менува бојата на пудрата, само за нијанса ја осетлува. А ја предложив таа на Кетрин арли поради цената. И таа е добра, попоривна е, само што на слики некако побела ме прави.
Кетрин Арли немам купено од средно, а видов дека другарка купила пред некоје време и фино изгледа. На преклоп, со огледалце и сунгерче, свиленкаста на допир. Оваа од ГР ја немам користено, всушност, никогаш не успеав да дадам шанса на некоја нивна камена пудра, затоа и вака ме фати мерак да купам некоја од новите. Со години ја користам Римел Стеј Мат и бидејќи толку ми се погоди, ми станува криво кога размислувам на некоја нова опција. Ќе размислам за некоја од ГР, морам да разгледам. Ти благодарам многу.
А дечки да не знаете каде ја има годес палетата? Во ГР во ГТЦ имаше само една палета со ептен исти ружеви.. Ми рекоа дека нема ниту да донесат па зедов малечка со 3 бои за контур.