Баш штета, овој дуќан ми е ептен во комшии. Нема ниту во Сити Мол, проверував и таму и на крај пак завршив во ГТЦ.
Не сум се нашминкала воопшто, само што ја купив. Ќе напишам мислење откако ќе се нашминкам неколку пати, си одбрав фини тонови, па ќе ги комбинирам секако дури и во дневна шминка.
Девојки, ја зедов палетата за контури на Голден роуз меѓутоа не е воопшто пигментирана. Дали проблемот е до мене или нешто друго не знам. Затоа сакам да прашам некој што ја има да сподели искуства.. со каква четка нанесува и тн.
Kade mozat vo Bitola da se najdat sminki od Golden Rose potocno tie tecnite karmini? Blagodaram odnapred
Девојки каде да го барам овој туш, многу ми е убав и секаде барав, дајте некоја соодветна замена ако го нема. Незнам зошто го нема никаде.
Срцка , за тушов на ГР незнам зашто го нема , инаку ако сакаш замена евтин е а и многу добар тушов на Есенс со плаво капаче , само провери дали го имаат се уште водоотпорен е , двапати го имам купувано.
Ќе проверам. Ми го нудат од гр тој со црна дршка ама другарка го има и катастрофа е. Ми го нудат и на Катрин ама немам искуство, а не ми се даваат пари за џабе.
Види баш , многу е добар за тие пари само немој тој да го земаш на ГР гел тушот што е , катастрофа е , ако некогаш го ставаш без база се растекува за неполн саат убаво црта , пигментиран е , ама џабе му е кога не е траен
И мене за замена ми го нудеа од Кетрин ама не го земај дефинитивно има разлика, мене ме убедуваа дека е потполно ист и се излажав го купив, за многу кратко време се потроши и ми се исуши што не ми било случај со овој на ГР.