Од мене имаш палче нагоре, повеќе од пола ми е потрешен, навистина е добар. Секогаш прво нанесувам безбоен лак, па лак во боја и на крај го ставам овој лак за брзо сушење. Чекам 20 миниту за секој случај, гледам да не ги допирам ноктите. После тоа можам слободно да ги користам рацете, лакот си е 100 % исушен. Ќе знаеш дека е сув оти ќе осетиш чуство на затегнатост на ноктите. Цената мислам дека беше 90 ден, не беше повеќе од 100 ден. Четката мене ми е добра, али тоа си е прашање на вкус дали повеќе сакаш широки или потенки четки.
@Rose96 го проба сунгерчето на ГР? Во потрага сум по ново,на Аура ми се распадна скоро а од Ебелин или Евелин не сум задоволна воопшто,претврди се...
Не и јас чекам некоја рецензија да излезе ми е страв од тоа да не е тврдо а и имам скроз ново неотворено од Орифлејм од времето кога собирав залихи мислеќи нема да излезат подобри
Ја купив Мицералната вода на Голден Роуз ми ја препорача братучедка а и ми требаше помало пакување за да можам да го носам со себе на патувања. Иако на почетокот бев скептична сега многу сум задоволна не се надевав да е толку добра. Предобро ја отстранува шминката од очите и лицето. Дури и немам потреба после да го мијам лицето со гел. Не ми предизвика никаква алергиска реакција ниту некаков неред на лицето, баш напротив кожата ми изгледа многу здраво а и мат.
Девојки освен во продавниците на голден роуз каде може да се најдат нивни производи .Барав во диор во синоличка но немаат поточно барав мат сјаевите..
И јас се соочувам со ваков проблем. Имам еден одамна од кармините и пушта масло. Едно време мислев зошто ми стои легнат во фиока па го ставив во права положба, ама ни така не се подобри проблемот.
Да @buba4e89 масло насекаде ми направи карминов било да е во легната или исправена положба.. се разочарав малку а и бојата многу ми се допаѓаше
Штом почнале да се раздвојуваат состојките, односно маслото од другите хемии значи му поминал рокот најверојатно, или таму кај што го чувале бил во лоши услови.
Најчесто е нормално да се случува одвојување на состојките. Можеби било потребно да се употреби некоја состојка во поголемо количество кое ја предизвикува оваа реакција. Нема никаков проблем. Само протресете го убаво шишенцето (со удирање по должината на шишенцето од рака би било најдобро зошто така подобро се меша). И кога ќе го носите во ташна ставајте го во марамче, салфетка или слично за да не ви ја расипе ташната