Во глобала сум задоволна од козметиката на Голден Роуз. Ја имам течната пудра со минерали и spf 15 (така некако беше) и многу ми се допаѓа. Лесна е, супер покрива, а за тие 200 денари вреди и тоа како. Исто го имам и тушот. Преубаво нешто, од него сум посебно задоволна.Околу 60% од козметиката што ја имам ми е на Голден Роуз. Единствено мајка ми не е задоволна од маскарата, ја купи за некои 80тина денари, ама е многу сува и не и го дава посакуваниот ефект. Ама па затоа жената си е презадоволна од карминчињата . Како и да е мене Голден Роуз ми се супер и мислам дека ќе се дружиме уште дооолго време .
За пудрата и сенките не можам да коментирам затоа што не сум ги користела. Но,маскарата и тушот мене ми се прекрасни,секој би можел да си ги дозволи и јас сум задоволна од нив
Премногу сум задоволна од целата козметика на Golden Rose, ем е квалитетна, ем е со цената достапна за секого.
Kако сте задоволни од кармините на голден роуз? и која цена се отприлика? Јас имам користено лакчиња и маскара и задоволна сум
Јас искрено сум задоволна, а цената се движи околу 90-100 денари, а за течените кармини некаде околу 160-170.
Маскара користам од голден роуз и секогаш си зимам од таа. Размислував за туш да си земам ама пошто сум почетничка мислам да си земам од оние како пенкалца што се или незнам како другше да објаснам, зашто се полесни за нанесување. Сакав да прашам да не знаете дали има во голден роуз такви?
Има диплајнери (тоа се тушови со тврда четка, изгледаат вака) od Golden Rose, но јас ти го препорачувам тој од Classics (козметиката на Classics може да се најде на истите места каде што има Golden Rose, всушност од иста компанија се, но различна линија). Цената е иста но јас сум многу позадоволна од вториов, погуст е и не се шлака толку
Јас сум многу задоволна од кармините, руменилата на голден роуз, до сега тоа имам само користено, сакав и маскара да си купам ама не бев сигурна каква е, ама еве од кога ги прочитав вашиве коментари сигурна сум дека ќе си земам. Само незнам каква, ајде совет од тие што сте користеле. Сакам за волумен и издолжување.. има нешто такво?
Одлична козметика за малку пари. Немам користено многу производи од нив но мајка ми ги користи и задоволна е. Јас ги имам пробано само креончето и понекогаш го земам римелот кога сум немам доволно пари за друг ама сум многу задоволна. Оној што го користам кошта околу 120 денари и трепките преубави. Го препорачувам..
Задоволна сум од руменилото го имам го купив 110 ден и за тие пари е супер ја купив и моно сенката и сум пре задовона ми одговара и за веѓите некогаш ја ставам само од моличињата не сум задоволна а и за пудрите не читам убави коментари а баш ми сакала да пробам да идам какви им се
Од Голден Роуз ја имам користено само маскарата со златно капаче. Солиден изглед им даваше на трепките, ама кога требаше да ја извадам шминката мислам дека пола трепки ми попаднуваа. Дефинитивно треба да ја ставам во листата на прозиводи кои не би ги купила повторно.Имаат убави бои, солидна трајност и не се воопшто скапи.
Дали има на Голден Роуз пудра во прав или пак камена, колку пари е од прилика и како сте задоволни? Ми се потроши и барам некоја нова да си купам онака поефтина бидејки не ја користам секојдневно.
Тушот е прекрасен,а и маскарите не се лоши.Друго немам користено,би сакала да пробам пудра за лице рменило од Голден Роуз.