Го купив гел тушот на гр прееска, и го добив ова: Пишува дека има рок до 2019. Се надевам дека ќе добијам нов, пошо ја изгубив фискалната. Другарка ми има зборено за некој туш дека ја мокрела четката со вода и било супер, ама не бре брате ова е суво скроз, како камен. Баш се разочарав од голден роус.
@Irreplaceablee ццц , не го чувале на соодветно место. Мене па на прв поглед ми се виде како да нема ништо во кутивчето. Потоа викам не е можно хехе Јас го имав земено овој туш за очи пред скоро година , мојот беше ок ама дека имам масни капаци се разлеваше низ цел капак , не е водоотпорен како што пишува. Смени го барем да не отидат така парите
Лелее и снаами ист проблем имаше сега пред 1 недела го купи. А јас 4 имам купено и сите ми беа супер и после некое време отворени пак беа така кремасти.
Вчера прочитав на страната на ГР (грчката) дека веќе ги има кармините на нивната страна , а во продавниците кај нас ке ги донесат од другата недела. И неможев да чекам па ги порачав од кај нив Или денес или утре ќе ми ги донесат , обавезно ќе ставам слика Заборавив да кажам ги земав 13ката и 16ката
Јас завчера влегов во гр и баш ја прашав продавачката кога ќе стигнат кај нас, а она ме гледаше ко теле у шарена врата и немаше појма за што зборам. Бтв, претпоследниот што бројче е?
@Irreplaceablee Ги земав кармините можеш да видиш во темата што последно со купивте. Сигурно наскоро ќе ги донесат и таму тие продавачките везе си немаат.. 16 е претпоследниот
Леле ужасно за гел тушот. Јас затоа барам да го видам пред да го земам, што најчесто не дозволуваат. И јас се залетнав по него и го ставив на список да го земам. Се е среќа како ќе ти се погоди и производот.
За цена не знам колку се, јас мојата ја земав кога бев во странство, меѓутоа ја земав ultimate contour тука и мислам беше околу 500 денари. Ја имам горната од овие две, и не ми прави баш мерак, сите бои се премногу топли и портокалови за мојата кожа, па само златникавата боја (прв ред, трета од лево) ја користам на очи некогаш. Убав пигмент имаат, меѓутоа долните нијанси се сите горе-доле исти. Ќе прикачам слика како изгледаат под природно светло подоцна . Додека сме кај MUR, ги има ли I heart chocolate палетите кај нас сега? Последниот пат кога бев на Рекорд, само стардадните ги имаа.
Дали ја има палетава кај нас и ако да каде да ја најдам? Исто така препорачајте ми некој туш од ГР во форма на пенкало.
@Fatalnata 3D Fantastic Lash во црвена туба, 120 денари, ќе добиеш долги и извиткани трепки, убаво одделени една од друга. Имам користено и други од Голден Роуз, исто една во црна туба со златно капаче мислам дека, и таа беше супер, можеби за 80-100 денари поскапа од првава. За пудра не знам, не користам нешто многу.